Свет
Најмалку осум загинати во експолозија на автобус во Пакистан
Најмалку осум лица загинаа, меѓу нив и кинески државјани и еден пакистански војник, во експлозија чија цел бил автобус на северот од Пакистан, пишуваат агенциите.
Засега не е познато дали експлозијата е резултат на експлозивна направа на патот или била скриена во автобусот.
„По експлозијата, автобусот падна во длабока бездна и се претрпени големи штети и загуби на човечки животи. Кинески инженери и еден војник се водат како исчезнати“, изјавиле официјални лица за тамошните медиуми.
Започната е операција за спасување и мобилизирана е целата владина машинерија за спасување на повредените, кажал владин претставник.
Убиени се шест кинески државјани, припадник на паравоените сили и еден локален жител, рече официјалното лице, додавајќи дека уште неколку лица се повредени.
Висок административен службеник од регионот Хазар изјави дека 30 кинески инженери се возеле во автобусот до браната Дасу во Горен Кохистан.
Проектот за хидроцентрала Дасу е дел од инвестицискиот план Кина – пакистански економски коридор (ЦПЕЦ) вреден 65 милијарди долари во рамките на иницијативата чија цел е да се поврзе западна Кина со пристаништето Гвадар во јужен Пакистан.
Кинески инженери, заедно со пакистанските градежни работници, веќе неколку години работат на проектот за хидроцентралата Дасу и уште неколку други во регионот каде што се случи експлозијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

