Свет
Најмалку 24 лица загинаа во падот на авионот во Конго
Бројот на загинати од патничкиот авион кој утрово се урна во градот Гома на истокот во Конго порасна на најмалку 24 лица, јавија локалните власти.
Како што пренесе „Ројтерс“, од рушевините се извлечени 24 тела.
„Авионот во сопственост на локалната компанија ‘Бизи Би’ се сруши за време на полетување на патот кон градот Бени“, се наведува во соопштението од кабинетот на гувернерот на провинцијата.
Британската агенција наведе дека авионските несреќи се релативно чести во Конго поради ниските безбедносни стандарди и лошто одржување на леталата.
На сите комерцијални авиокомпании во земјата, вклучувајќи ги и „Бизи Би“, забрането им е да работат во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.
Свет
Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена
Германската полиција соопшти дека поранешната градоначалничка на Берлин, сенаторката Франциска Гифај била нападната во локалната библиотека каде непознат маж ја удрил одзади со торба наполнета со тежок предмет, а потоа побегнал.
Во нападот Гифај, која сега е министерка за економија на Берлин и член на партијата СПД на канцеларот Олаф Шолц, беше полесно повредена.
Нападот врз Гифаи е трет напад врз владин политичар за само неколку дена, пренесува Ројтерс.
Свет
(Видео) Авион на „Боинг“ принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден
Товарен „боинг 763“ принудно слета на аеродромот во Истанбул по дефект на опремата за слетување, јавија државните медиуми.
Екипажот е безбедно евакуиран, јави државната телевизија ТРТ, пренесува ДПА.
Авионот, во сопственост на американската компанија за испорака „Федекс“, бил на пат од Париз. Неговата опрема за слетување на носот претрпела дефект додека се приближувал кон Истанбул.
Teretni avion sletio na trup na Aerodromu u Istanbulu https://t.co/7GDTFSZtkY pic.twitter.com/lUD5URlsE0
— Anadolu BHSC (@aa_balkans) May 8, 2024
Контролната кула била информирана и биле преземени неопходните мерки на претпазливост пред авионот да слета во 8.17 часот по локално време, соопшти ТРТ, повикувајќи се на Министерството за транспорт.