Контакт

Newsletter

Најмалку 26 мртви во бомбашки напад во Кабул

Објавено пред

Најмалку 26 лица загинаа, а 18 се повредени во денешниот самоубиствен бомбашки напад во Кабул, главниот град на Авганистан.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, експлозијата одекнала во западниот дел на Кабул, во близина на шиитски храм.

Нападот се случил за време на одбележувањето на празникот Нору, со кој се означува почетокот на персиската Нова година, објави „Ројтерс.“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Newsletter

(Видео) „Ровер” повторно одложен – Љубе Бошкоски се шегуваше со обвинителката

Објавено пред

Во кривичниот суд повторно е одложено судењето за случајот „Ровер“. Претставници на адвокатската канцеларија „Медарски“ изјавија дека адвокатот Филип Медарски ќе го брани обвинетиот Вук Вукичевиќ и дека му треба време да се подготви за одбраната.

dobivaj vesti na viber

„Јас сум најредовен на рочиштата“, рече поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на што обвинителката Лидија Раичевиќ додаде дека и таа е редовна на судењата.

„Јас би сакала да ме смените, ама не ви тргнува од рака“, рече обвинителката Раичевиќ. „Ќе даде Господ“, ѝ одговори Бошкоски.

Овој предмет скопска Апелација двапати го враќа на повторно одлучување. Предметот за случајот „Ровер“ во кој е обвинет поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, по третпат почна во 2015 година, но нема одржано ниту едно рочиште. Причината за одлагање најчесто е отсуство на некоја од странките во постапката.

Случајот „Ровер“ се однесува на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случи во Скопје во јули 2001 година. Основниот суд Скопје 1 во ноември 2014 година во повторена постапка донесе пресуда со која повторно ги прогласи сите десетмина обвинети за виновни. Поранешниот министер за внатрешни работи,  Љубе Бошкоски ,за помагање на убиство доби 10,5 години затвор, Зоран Трајковски доби 8,5 години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ добија по 7 години затвор, додека на Гоце Митревски и Никола Негриевски им беа изречени затворски казни од 6 години затвор.  Првите тројца обвинети, пак, кои според Обвинителството се директните извршители на убиството, во отсуство беа осудени  на доживотна казна затвор. Четвртообвинетиот Вук Вукичевиќ, исто така странски државјанин на кого му се судеше во отсуство, за помагање доби 15 години.

Во октомври 2015 по третпат почна судењето во Основниот суд Скопје 1.

Прикажи повеќе...

Newsletter

Стефановска седма во Ротердам

Моника Стефановска оствари најдобар пласман до десетчлената македонска експедиција која викендов учествуваше на петтиот турнир од „Светската 1 Премиер карате лига“ и турнирите од А-серија. Турнирот се одржа во Ротердам, Холандија.
Со исклучок на Стефан…

Објавено пред

Моника Стефановска оствари најдобар пласман до десетчлената македонска експедиција која викендов учествуваше на петтиот турнир од „Светската 1. Премиер карате лига“ и турнирите од А-серија. Турнирот се одржа во Ротердам, Холандија.

dobivaj vesti na viber

Со исклучок на Стефановска, сите други од македонскиот тим останаа без пласман и ги загубија борбите во првото или второто коло. Каратистката на „Макпетрол“ на крајот го освои седмото место. Стефановска во Ротердам забележа три победи, со што ќе го подобри својот пласман на светската ранг-листа. Во моментот Стефановска се наоѓа на 32. позиција во својата тежинска категорија -68 кг.

Резултатите од борбите на Стефановска во Ротердам:

1. коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Еми Томасон (Нов Зеланд) 2-0
2. коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Ксенија Малиута (Русија) 2-0
3. коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Мирослава Копунова (Словачка) 1-2

Репасаж

4. коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Каролина Арсенио (Португалија) 4-0
5. коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Халина Мелник (Украина) 0-3

Прикажи повеќе...

Newsletter

Пронајдено починато лице во Гевгелија

Објавено пред

Гевгеличанка пријавила дека вчера додека се шетала до чешмата наречена Долна чешма во с. Хума, Гевгелиско, забележала починато лице.

dobivaj vesti na viber

На местото на настанот излегла увидна екипа од Полициската станица Гевгелија и било утврдено дека починатиот бил С. П. (67) е од Гевгелија.

Од страна на лекар од итната медицинска помош од Гевгелија била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Жената која го усмрти човекот во Волково воопшто не обрнала внимание на пешаците, велат од ОЈО

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето...

Македонија14 часа

Орце, неговата сопруга и сопругата на премиерот готвеа за бездомните лица во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, во пресрет на најубавиот...

Топ16 часа

Жена со мерцедес усмрти 60-годишен пешак во Скопје

60-годишен пешак загина откако беше прегазен од автомобил  мерцедес управуван од 40-годишна жена од Скопје. Несреќата се случила на улицата...

Свет17 часа

Девојче на 14-годишна возраст е најмалата жртва во пожарот кој избувна за време на новогодишната ноќ во Швајцарија

Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те лица кои загинаа во пожарот во барот за време на Нова година во...

Свет19 часа

Идентификувани 11 жртви од пожарот во Кран Монтана, меѓу нив е и детето од Македонија по кое се трагаше

Првите единаесет жртви од катастрофалниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана, во кој загинаа вкупно 40 лица, се идентификувани, соопшти...

Свет19 часа

(Видео) Мадуро префрлен во притворскиот центар во Њујорк

Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, откако со авион беше пренесен во Њујорк, светските медиуми објавуваат дека тој веќе е задржан...

Македонија2 дена

Жив и здрав е најден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав,...

Свет2 дена

Отворена е истрага против сопствениците на барот во Швајцарија

Отворена е кривична истрага против двајцата сопственици на барот што изгоре во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, при што загинаа 40 лица,...

Македонија2 дена

Планинар се изгуби на Пелистер, во тек е акција за негово пронаоѓање

Планинар е изгубен на подрачјето на Националниот парк Пелистер во близина на локацијата позната како „Антена“. Акцијата за негово пронаоѓање...

Свет2 дена

Срби, Италијанци, Швајцарци… загинаа во пожарот во Кран Монтана

Швајцарската полиција го објави идентитетот на првите жртви на катастрофалниот пожар што се случи на новогодишната прослава во бар во...

Свет2 дена

(Видео) Страшни сведоштва на луѓе кои спасувале повредени во пожарот во Кран Монтана

Француски туристи кои случајно се нашле во близина на пожарот во швајцарскиот Кран-Монтана раскажуваат за драматичните сцени и помошта што...

Македонија2 дена

УЈП во 2025 собрале над четири милијарди евра од даноци

Управата за јавни приходи денеска информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони...

Свет2 дена

Од новогодишната забава до масовна трагедија во Швајцарија

Истражителите во Швајцарија се обидуваат да утврдат како и зошто пожарот што избувна за време на новогодишната ноќ во барот...

Свет2 дена

Најмалку седум силни експлозии и звуци на авиони рано утрово во главниот град на Венецуела, Каракас

Најмалку седум силни експлозии и звуци на авиони со ниски прелети биле слушнати рано утрово во главниот град на Венецуела,...

Свет3 дена

Огнените прскалки на шишиња шампањ најверојатно го запалиле барот: повредените транспортирани во повеќе европски земји на лекување

Во пожарот што избувна во скијалиштето Crans-Montana загинале најмалку 40 лица, а повредени се вкупно 119 лица, од кои 113...

Економија3 дена

До 1 милион евра помош од државата ќе добијат компании за истражување и развој, а 4.400 евра годишно по лице ќе добиваат компаниите со нови вработувања

За да ја намали невработеноста за 20 %, колку што бара од нас Европската Унија, Владата од овој месец нуди...

Топ3 дена

МВР со детали за смртта на двегодишното дете: Пред полноќ со мајката гледале огномет, па забележала крв на главата

МВР објави детали за трагедијата на новогодишната ноќ, по што загина двегодишно дете во Скопје. Според информациите од полицијата, на...

Топ3 дена

Осомничен за убиството во Старата чаршија уапсен на Косово, почнува постапка за екстрадиција

Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека е извршител на кривично...

Македонија3 дена

Кочани по трагедијата во Швајцарија: „Со вас сме, не како набљудувачи, туку како родители што ја носат истата рана“

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани упатија јавно сочувство до семејствата на жртвите во пожарот во...

Свет3 дена

(Видео) Објавена снимка од почетокот на пожарот: таванот гори, едно момче се обидува да го изгаси

Видео кое прикажува обид за гаснење на пожарот што се прошири низ таванот на барот Le Constellation во Швајцарија се...