Свет
На болниците во Газа им останува гориво за само уште 24 часа

Резервите на гориво во сите болници во Појасот Газа се проценува дека ќе траат уште околу 24 часа ставајќи во опасност илјадници пациенти, соопшти во понеделникот Канцеларијата за хуманитарна помош на Обединетите нации (OCHA).
Властите во Газа објавија дека досега во израелските одмазднички напади се убиени најмалку 2.670 луѓе, од кои четвртина се деца, а речиси 10.000 се ранети. Уште 1.000 луѓе се водат како исчезнати и се верува дека се под урнатините.
Претставници на американската влада велат дека се мобилизираат за да помогнат во олеснувањето на хуманитарната криза во Газа очекувајќи брутална копнена офанзива.
Претседателот Џо Бајден го повика Израел да ги следи законите на војната во својот одговор на нападите на Хамас велејќи во објавата на социјалните мрежи во неделата дека „огромното мнозинство Палестинци немаат никаква врска со ужасните напади на Хамас и страдаат поради нив“.
Вашингтон исто така е фокусиран на избегнување прелевања конфликти, особено со судирите со Либан, кои ескалираат на границата со Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се стравува од повредени

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:54 часот во Индонезија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина -10,1246 и географска должина 119,0393.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 37 километри под површината на земјата во близина на островот Сумба.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Во Мјанмар минатата недела беше регистриран разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени.
Свет
Премиерот на Гренланд: Со нетрпение ја очекувам посетата на данската премиерка

Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен денеска изјави дека со нетрпение ја очекува посетата на данската премиерка Мете Фредериксен во среда.
Нилсен рече дека Гренланд долго време ја посакувал оваа посета, објави Ројтерс.
Тој во неделата рече дека САД нема да го добијат Гренланд, одговарајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.
Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.