Свет
На кого му припаѓа нафтата во Сирија?
Шефовите на дипломатиите на Иран, Русија и на Турција во Женева ја осудија одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да задржи засилено воено присуство во близина на нафтените полиња во североисточна Сирија. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вели дека каква било експлоатација на природни ресурси на една суверена држава е незаконска.
Изјавите на Трамп дека „Ексон мобил“ или некоја друга американска нафтена компанија би можеле да работат на сириските нафтени полиња наидоа на критики од Москва и Техеран, но и од експерти за право и енергетика.
Шефот на Пентагон таквите подрачја ги нарече стратешки области, кои американските трупи ќе ги чуваат со целосна воена опрема.
„Изгледа САД остануваат да ја штитат нафтата. Барем Трамп чесно рече што планираат Американците да направат. Иран и Русија се во Сирија на повик на владата во Дамаск и ќе останат таму сè додека Сиријците го сакаат тоа“, вели шефот на иранската дипломатија, Мухамед Џавад Зариф.
„Тоа е незаконски, тие активности се нелегални, а во САД во тек е дискусија меѓу експерти за најновите потези на Вашингтон, кои ја цитираат одлуката на меѓународните судови за слични ситуации“, истакна Лавров.
Според Лавров, каква било илегална експлоатација на природни ресурси на некоја суверена држава, без нејзино одобрување, може да биде само незаконска.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, порача дека ставот на Анкара е ист и дека сириските национални извори им припаѓаат само на Сиријците.
Пентагон, сепак, предупреди дека на секој обид за одземање на нафтените полиња од силите што имаат американска поддршка, ќе одговорат со силна употреба на сила, било да е противник на Исламската држава или сили под заштита на Русија и Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

