Контакт

Свет

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Објавено пред

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.

„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Објавено ново драматично видео од судирот на авионoт и хеликоптерот

Објавено пред

Објавено е ново видео од судирот на авионот и хеликоптерот, што се случи вчера над Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

На снимката јасно се гледа како авионот и хеликоптерот летаат еден кон друг, а потоа експлодираат и паѓаат во реката по експлозијата.

Американските власти вчера објавија дека сè уште не е јасно зошто патничкиот авион и американскиот воен хеликоптер се судриле над аеродромот во Вашингтон, при што загинаа 67 лица во најсмртоносната воздушна несреќа во САД во повеќе од 20 години.

Инспекторите ги пронашле таканаречените црни кутии од авионот, кој се судрил со воениот хеликоптер „блек хок“ и се урнал во реката Потомак додека се подготвувал да слета на националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон во средата вечерта. Никој не преживеа.

Инспекторите ги пронајдоа диктафонот од пилотската кабина и рекордерот на податоци за летот од патничкиот авион Bombardier CRJ700, објави Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB).

Во рок од 30 дена се очекува прелиминарен извештај за инцидентот.

Претходно, беше објавена снимка од надзорната камера од близина на националниот аеродром „Вашингтон Роналд Реган“.

Камерата од центарот „Кенеди“ покажува блесок во воздухот над реката Потомак околу 20.47 часот по локално време. Иако „Скај њуз“ не можеше да ја потврди снимката, се чини дека леталото е во пламен.

Во моментот на судирот патничкиот авион бил на височина од приближно 120 метри.

Анализирани се податоците пренесени од транспондерот на авионот пред падот. Тие содржат информации за позицијата, брзината и за висината на авионот.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Русија ја обвини Украина за убиство на 22 цивили во областа Курск

Објавено пред

Руските власти денеска ја обвинија Украина за убиство на 22 цивили во руското село кое беше заробено од украинските сили, што е последното обвинение против Киев.

dobivaj vesti na viber

Украина ја презеде контролата врз десетици погранични градови во областа Курск во западна Русија откога зпочна ненадејна офанзива таму во август минатата година.

Украинските власти тврдат дека речиси 2.000 цивили сè уште живеат во областите што ги зазеле. Руската армија почна да ја одбива офанзивата.

Рускиот истражен комитет, кој на 19 јануари најави отворање истрага за убиството на најмалку седум цивили во селото Руски Поречења, на 20-ина километри од украинската граница, денеска објави дека сега го истражува убиството на 22 жители од ова село, извршено, според Москва, меѓу септември и ноември минатата година.

Меѓу жртвите, чии тела биле пронајдени во подрумите на неколку куќи, имало и осум жени, кои наводно биле силувани пред да бидат убиени, соопшти Истражниот комитет.

Инспекторите обвинуваат пет украински војници за убиствата велејќи дека еден од нив, идентификуван како Евгениј Фабрисенко, бил заробен за време на борбите во областа Курск.

„Треба да разговараме за тоа, да го покажеме, и покрај молкот на меѓународната заедница и нејзината лоша волја пред овие злосторства“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека акциите на украинските војници ја илустрираат нивната „воена и политичка немоќ во време на пораз на фронтот“.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Исламистите од Бангладеш не им дозволуваат на жените да играат фудбал – инцидентите резултираа со откажување на натпреварите

Објавено пред

Женски фудбалски натпревар во Бангладеш беше откажан во средата кога протестите на верските радикали ги принудија организаторите да го откажат натпреварот, што е втор ваков инцидент во изминатите два дена.

dobivaj vesti na viber

Аналитичарите тврдат дека претходно маргинализираните верски движења станале посмели по соборувањето на премиерот Шеик Хасина минатата година, пишува „Ал џезира“.

Северниот град Џојпурхат требаше да биде домаќин на пријателски натпревар помеѓу женскиот фудбалски тим на областа и тимот од блискиот Рангпур.

„Исламските радикали во нашата област се собраа на поле и се упатија кон местото на натпреварот. Ги имаше стотици“, рече организаторот на турнирот, Самиул Хасан Емон.

„Ситуацијата се влоши и моравме да го откажеме денешниот настан.

Абу Бакар Сидик рече дека се приклучил на протестот со своите ученици, како и со наставниците и учениците од неколку други верски училишта.

„Женскиот фудбал е неисламски“, изјави тој. „Наша верска должност е да спречиме сѐ што е спротивно на нашите верувања.

Инцидентот се случи само еден ден откако натпреварот во блискиот Динајпур беше одложен по сличен протест.

„Натпреварот беше одложен половина час пред почетокот. Моравме бргу да ги префрлиме девојчињата на побезбедно место“, изјави учителката Монирузаман Зија.

Претставникот на локалната власт Амит Рој изјави дека четири лица се повредени во судирите кога демонстрантите и контрадемонстрантите фрлале цигли едни кон други, но сите оттогаш се пуштени од болница.

Инцидентот во средата бргу беше осуден од Фудбалската федерација на Бангладеш (БФФ).

„Фудбалот е за секого и жените имаат целосно право да учествуваат во него“, се вели во соопштението на менаџерот за медиуми на БФФ, Садман Сакиб.

Верските групи во Бангладеш станаа значително повлијателни по годините репресија од страна на владата на Шеик Хасина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Судот се брани: Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки вината е на судството

Кривичниот суд излезе во јавноста со соопштение во врска со претходните судски постапки што биле водени против 20-годишниот Васил Јованов,...

Македонија2 часа

„Врските не враќаат човечки животи“ – протест на „Партизанска“ по смртта на Фросина Кулакова

Граѓаните излегоа на протест на улицата Партизански одреди, каде што 20-годишниот Васил Јованов завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова. Се оставаат...

Македонија2 часа

И по 12 месеци да се направи контрола, ќе следуваат драконски казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска апелира не само маркетите туку сите компании да го почитуваат Законот за нефер трговски практики...

Економија3 часа

Поскапува цената на парното

Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Според него,...

Топ5 часа

Со задушување ја убил својата партнерка: уапсен 42-годишник од Кавадарци

Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека...

Македонија5 часа

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Денеска, по кратко боледување во Скопје, во 42. година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ со години беше дел...

Регион6 часа

Регионот денеска ги бојкотира продавниците: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ против големите супермаркети поради енормно високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните во државата да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените...

Македонија6 часа

Обвинителството со детали за возачот што ја усмрти Фросина: бил гонет и за други кривични дела, судот го упатил во поправен дом

Обвинителството соопшти детали за возачот од Скопје што ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизански одреди“. „МВР против лицето поднело...

Македонија7 часа

Протест на „Партизанска“ поради трагичната смрт на Фросина

Голем број граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир на местото на кое смртно...

Регион8 часа

Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

Студентот на Правниот факултет во Нови Сад, Михаило Младеновиќ, одбил помилување од претседателот на Србија. Тој рече дека ниту еден...

Европа8 часа

(Фото) 418 лица уапсени за фалсификувани лекови во голема операција на Европол во Европа

Операцијата на Европол од април до ноември минатата година резултираше со повеќе од 400 апсења за трговија со фалсификувани лекови,...

Свет9 часа

Трамп: Кина мора да престане да испраќа фентанил во нашата земја и да го убива нашиот народ

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по американско време најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе го исклучи увозот на нафта...

Свет9 часа

Објавени фотографии од екипата на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион...

Свет9 часа

(Видео) Интересот на Трамп за Гренланд не е шега, тврди шефот за надворешна политика на САД

Интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд „не е шега“, изјави државниот секретар Марко Рубио во вчерашното...

Македонија19 часа

Возачот кој ја усмрти Фросина бил гонет за дрога, а судот го пратил во поправен дом третирајќи го како помлад полнолетник

Обвинителството го потврди минатото со дрога на младиот возач од Скопје (В.Ј.) кој синоќа ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на...

Топ21 час

Возачот кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“ возел под дејство на алкохол, без возачка и поминал на црвено светло

Дваесетгодишникот кој синоќа усмрти 22-годишна девојка на Партизанска, управувал возило на неговиот татко, без возачка дозвола, а бил и под...

Економија22 часа

Мицкоски: Го разбирам бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како функционери на СДСМ манипулирале со пресметките

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека легитимно право е на граѓаните да изразат револт...

Свет1 ден

(Видео) „Во оваа несреќа нема преживеани“: полека исчезнува надежта за семејствата по судирот на патничкиот авион и американскиот воен хеликоптер

Се стравува дека голем број луѓе загинале кога патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ се судрил со хеликоптерот на американската армија...

Македонија1 ден

Гаши за смената во Судскиот совет: Досега неколкупати сме избрзале, сега сакаме да дојдеме до издржливо решение

Собранискиот спикер Африм Гаши оценува дека во правосудството се потребни подлабоки реформи, но дека треба да се внимава. „На сите...

Македонија1 ден

Пријавете мито во полиција, во Здравство или на клиниките, повика Таравари откога хирург беше фатен со бележани 150 евра

Министерот за здравство Арбен Таравари ги повика граѓаните да привајат доколку од нив се бара мито за вршење услуги во...