Свет
Неидентификувани дронови видени над клучната американска воздушна база во Германија

Неидентификувани беспилотни летала се забележани над американската воздухопловна база Рамштајн во Германија во последните недели, објави денеска весникот Шпигел, повикувајќи се на доверлив извештај на германските безбедносни агенции.
Според весникот, оваа појава предизвикала загриженост за безбедноста на таа клучна американска воена база во Европа.
Истрагата е во тек, а властите се обидуваат да ги проценат потенцијалните ризици поврзани со појавата на дронови над Рамштајн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Кремљ: Украинците убија генерал со автомобил-бомба во Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја обвини Украина за денешниот напад со автомобил-бомба во Москва, во кој беше убиен рускиот генерал Јарослав Москалик.
„Киевскиот режим уште еднаш ја покажа својата вистинска природа. Киевскиот режим продолжува да се вклучува во терористички активности во нашата земја“, рече Песков. „Ова уште еднаш покажува дека, и покрај мировните преговори, мора да останеме будни и да разбереме со каков режим си имаме работа“, додаде тој.
Video allegedly showing the moment Major General Yaroslav Moskalik, deputy chief of the Main Operations Directorate of the General Staff of the Russian Armed Forces, is killed by an IED planted in a VW car in a suburb of Moscow. pic.twitter.com/dg80a3CAwm
— Euan MacDonald (@Euan_MacDonald) April 25, 2025
Украинските власти сè уште не дадоа коментар за нападот. Претседателот Володимир Зеленски денес, по рускиот ракетен напад врз Киев во кој загинаа 12 цивили, повика на дополнителен притисок врз Москва.
Европа
Зеленски: Поголемиот број делови од севернокорејската ракета испукана кон Киев доаѓа од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес на социјалните мрежи објави дека ракетата употребена во вчерашниот напад врз Киев, во кој загинаа 12, а беа повредени повеќе од 90 лица, е произведена во Северна Кореја.
„Недостатокот на доволен притисок врз Русија им овозможува да увезуваат такви ракети и друго оружје и да ги користат тука во Европа. Недостатокот на доволен притисок врз Северна Кореја и нејзините поддржувачи овозможува производство на такви балистички ракети“, рече Зеленски.
Тој додаде дека ракетата што го погодила Киев содржела најмалку 116 компоненти од други земји. „За жал, повеќето од овие компоненти беа произведени во Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски.
Тој, исто така, предупреди за поширокиот контекст на војната.
„Во денешниот свет, секоја војна може многу брзо да вклучи широк спектар на актери. Жртвата на агресија никогаш не се брани само од еден непријател, туку од цела група помагачи. Затоа е важно одбраната да се базира на колективни напори“, рече Зеленски.
Тој повторно повика на итен притисок врз Москва.
Свет
Бајден ќе присуствува на погребот на папата Франциско

Поранешниот американски претседател Џо Бајден ќе присуствува на погребот на папата Франциско во сабота со неговата сопруга Џил, соопшти неговиот кабинет.
Двојката ќе патува на погребот самостојно, а не со авионот на претседателот Доналд Трамп, кој исто така ќе присуствува на погребот. Според Ватикан, речиси 50 шефови на држави и десет монарси досега потврдија дека ќе присуствуваат на погребот.
Џо Бајден, католик (единствениот католички американски претседател покрај Џон Кенеди), редовно ја изразуваше својата наклонетост и восхит кон папата Францискo, со кого имаше неколку официјални и приватни разговори и чиј портрет го чуваше во Овалната соба.
Бајден планираше да го посети Ватикан на крајот од својот мандат во јануари за да му го врачи на папата Претседателскиот медал за слобода, најпрестижната американска цивилна награда, но мораше да го откаже патувањето поради пожарите во Лос Анџелес.
Папата Франциско почина во понеделникот на 88-годишна возраст.