Европа
Нема документ за непроширување на НАТО на исток, тврди Столтенберг
НАТО е силно ангажиран во изнаоѓање политичко решение со Русија, а нема документ за наше непроширување на исток, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„На Русија ѝ презентиравме конкретни предлози во писмени документи, во кои се наведува дека сме подготвени да разговараме за контрола на вооружувањето, мерки за транспарентни воени активности, проекти и други проблеми“, изјави Столтенберг.
Тој кажа дека ја поканиле и Москва да присуствува на состаноците во Советот НАТО-Русија, на кои би можеле да ја изразат својата загриженост, со цел да се најде политичко решение за ситуацијата која, како што рече, предизвика акумулација на руската армија, пренесуваат агенциите.
На прашањето дали има потпишан документ за непроширување на НАТО на исток, на кој Русија постојано инсистира, Столтенберг рече дека таков документ никогаш не бил потпишан.
„Напротив, ние како алијанса со 30 земји секогаш во нашите документи нагласувавме дека вратата за влез во НАТО е секогаш отворена за земјите во Европа кои ги исполнуваат стандардите на НАТО“, рече тој.
Прашан да ја коментира изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој рече дека НАТО не може да се смета за одбранбен сојуз со оглед на воените операции во Југославија, Либија и Авганистан, Столтенберг рече дека „НАТО е одбранбен сојуз, но и во зачувувањето на мирот следи принципот дека напаѓањето на еден предизвикува одговор на сите други сојузници“.
Генералниот секретар нагласи дека НАТО успеал да го зачува мирот меѓу сојузниците повеќе од 70 години и дека самата улога на алијансата не е да предизвикува конфликт, туку да го спречи.
„Работам со многу генерали и моето искуство е дека тие се многу свесни за важноста да се спречи војната, бидејќи знаат колку може да биде страшна и разорна. Затоа НАТО е политички воен сојуз кој секогаш бара политичко решение“, рече Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.