Свет
Нетанјаху се закани: Ќе возвратиме на сите што планираат да ни наштетат
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе возврати на сите обиди да ѝ се наштети на земјата бидејќи земјата се подготвува за можен ирански одговор на убиството на главниот командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда во Сирија за што Техеран го обвини Тел Авив.
„Иран со години дејствува против нас, директно и преку полномошници. Затоа Израел дејствува против Иран и неговите полномошници дефанзивно и офанзивно“, рече Нетанјаху на состанокот на безбедносниот кабинет по телефонскиот разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден, пишува „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека Израел ќе знае како да се брани и ќе постапи по едноставен принцип и „да им наштети на оние што му штетат или планираат да му наштетат“.
Иран да возврати на наводниот израелски воздушен напад во понеделникот врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск предизвика загриженост за евентуално поттикнување поширок конфликт, иако два ирански извори изјавија за „Ројтерс“ дека одговорот на Техеран ќе биде внимателно проценет за да се избегне ескалација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

