Свет
Сослушувањето за гаранцијата на Трамп од 175 милиони долари е закажано за 22 април
Судот во Њујорк на 22 април ќе одржи рочиште за кауцијата од 175 милиони долари, што поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја гарантира додека се жали на пресудата за измама од 454 милиони долари, соопшти канцеларијата на државниот јавен обвинител откако побара повеќе детали за гаранцијата.
Канцеларијата на обвинителката на државата Њујорк, Летиција Џејмс, соопшти дека Трамп мора да обезбеди доказ дека компанијата што ја именувал за кауцијата, Knight Special Insurance Company, има доволно средства да ја плати сумата доколку неговата жалба биде одбиена, пренесува „Ројтерс“.
Трамп за влакно спречи можна заплена на имотот кога апелациониот суд се согласи на 25 март да нареди да се запре извршувањето на казната доколку плати 175 милиони долари кауција во рок од 10 дена, што го направи на 1 април.
Судот претходно пресуди дека Трамп и неговата компанија незаконски ја преувеличувале вредноста на своето богатство и манипулирале со вредноста на имотот за да добијат поволни заеми од банките и поволни услови од осигурителните компании.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почна европска истрага против Фејсбук и Инстаграм
Европската Комисија покрена истрага против социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, во сопственост на технолошкиот гигант Мета, поради сомнежи дека не ги почитуваат своите обврски во борбата против дезинформациите. Овие обврски произлегуваат од Законот за дигитални услуги.
„Оваа Комисија создаде средства за заштита на европските граѓани од насочени дезинформации и манипулации од трети земји и ако се сомневаме дека има прекршување на правилата, ние постапуваме“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Таа додаде дека борбата против дезинформациите е особено важна за време на изборната кампања.
Комисијата ќе ја фокусира својата истрага на сомневањата дека Мета не ги исполнува своите обврски според Законот за дигитални услуги поврзани со ширење на погрешни реклами, кампањи за дезинформации и координирано лажно однесување во ЕУ.
Свет
Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти
Фармацевтската компанија Астра Зенека во судски документ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика ретки несакани ефекти, вклучувајќи згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца.
Во Велика Британија е покрената колективна акција против Астра Зенека, која тврди дека употребата на вакцината CoviShield довела до смрт и сериозни штети и бара отштета до 100 милиони фунти за 50 жртви, објави „Индепендент“.
Една од тужителите тврди дека вакцината и предизвикала трајно оштетување на мозокот и дека згрутчувањето ја оставило неспособна да работи.
Свет
Ерупција на вулканот Руанг во Индонезија:, евакуирани повеќе од 12.000 луѓе
Во Индонезија се евакуирани 12.000 луѓе кои живеат во близина на островот Сулавеси, каде што еруптираше вулканот Руанг, за што Центарот за вулканологија и проценка на геолошки ризик прогласи највисоко, четврто ниво на тревога.
Жителите на островот се преместени во градот Манадо, а Центарот ги предупреди граѓаните на соседниот остров Тагуланданг дека постои опасност од цунами поради паѓање на материјал од вулканот во океанот, пренесува Ројтерс.
Се проценува дека чадот над вулканот достигнал висина од пет километри, поради што биле евакуирани жителите во радиус од седум километри.