Свет
Нехамер пред самитот во Белград: Заштитата на границите е приоритет
Целта на трилатералниот самит во Белград е да се создаде силна оска во борбата против илегалната миграција и да се преземат заеднички мерки за посилна заштита на границите, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер во пресрет на денешната средба во Белград со претседателот на Србија и премиерот на Унгарија.
Неговиот кабинет соопшти дека на средбата во Белград, која е продолжение на трилатералната од Будимпешта, кога пред еден месец се сретнаа канцеларот Нехамер, унгарскиот премиер Виктор Орбан и српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе биде испратен силен сигнал за дополнително заострување на мерките.
Фокусот на самитот ќе биде зајакнување на заштитата на границите и мерките за враќање на илегалните мигранти, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.