Свет
Ни треба нуклеарно оружје, вели полски генерал
Полска, членка на НАТО, сака да има нуклеарно оружје во иднина за безбедност, изјави висок полски генерал, според Newsweek. По руската инвазија на Украина, која започна пред две години, Варшава беше клучен поддржувач на Киев и постојано предупредуваше на опасноста од рускиот претседател Владимир Путин, кој не се воздржа од нуклеарните закани.
Украинскиот генерал Јарослав Крашевски вчера за полскиот медиум RMF FM изјави дека доколку Варшава има нуклеарно оружје, тоа ќе ја одврати можната агресија бидејќи „оние кои имаат нуклеарни капацитети имаат многу високо ниво на безбедност“.
Крашевски рече дека вооружените сили на Полска се значително модернизирани откако земјата се приклучи на НАТО во 1999 година.
Новинарите потоа го прашаа полскиот генерал за коментарот објавен во британскиот весник The Spectator со наслов „Време е да и се даде на Полска нуклеарно оружје“, напишан од Далибор Рохак, висок соработник во Институтот Американ Ентерпрајз во Вашингтон.
Рохак напиша дека евентуалната победа на Доналд Трамп на изборите во САД ќе ги загрози капацитетите на НАТО за одвраќање, со оглед на реториката на поранешниот претседател, кој е многу критичен кон Организацијата на Северноатлантскиот договор.
„Ако сакаме да ја обезбедиме безбедноста на Источна Европа во светлината на можното враќање на Доналд Трамп во Белата куќа, неколку мерки би биле толку ефикасни како вооружувањето на Полска, најголемата земја во регионот со нуклеарно оружје“, напиша Рохак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп вети олеснување на прописите во САД за поседување оружје што ги воведе Бајден
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети во говорот во Националната асоцијација за пушки (NRA) дека ќе ги олесни прописите за поседување оружје што ги воведе демократскиот претседател Џозеф Бајден.
Трамп го искористи обраќањето до илјадници членови на NRA во Далас за да ја расветли неговата политика, но и да ги охрабри членовите на NRA да гласаат на ноемвриските избори, пренесува Ројтерс. „Треба да ги натераме сопствениците на оружје да гласаат. Мислам дека сте бунтовен куп.
„Бидете бунтовни и гласајте овој пат“, рече Трамп во говорот што траеше повеќе од 90 минути.Националната асоцијација за пушки (НРА) со ентузијазам го поддржа Трамп за време на претседателската трка во 2016 година и во текот на неговата администрација.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.