Свет
Нобеловиот комитет ќе ја соопшти наградата за мир
Во Осло денеска ќе биде соопштено кој ќе биде овогодишниот добитник на Нобеловата нагарада за мир, која досега предизвика најмногу внимание и контроверзии.
Nobel Peace Prize for 2018, which is always widely anticipated and sometimes controversial, set to be announced. https://t.co/fBCaJMJLNE
— The Associated Press (@AP) October 5, 2018
Нобеловиот комитет за овогодишната награда прими 216 номинации за одделни и 115 за организации. Но, само неколку имиња се појавија во јавноста. Веќе 50 години овој комитет ги чува строго во тајност имињата на сите кандидати, а доколку некој ги пуштил во јавност, тоа е поради тоа што објавил оној кого некој друг го номинирал.
Оваа година некои имиња предизвикаа контроверзии. Меѓу познатите номинирани за Нобелова нагарада за мир е и сириската цивилна организација „Бели шлемови“, за чија улога во Сирија никако не се согласуваат спротивставените страни.
Исто така, номинирани се и рускиот весник „Новаја газета“, како и Едвард Сноуден, кој обелодени стотина тајни документи на американската национална служба за безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) ФБИ: Спречивме потенцијален терористички напад на Нова Година
ФБИ објави дека спречи потенцијален терористички напад во Северна Каролина во пресрет на Нова Година. Според агенцијата, осомничениот бил директно инспириран од постапките на ИСИС, пишува „ABC News“.
„Лицето било директно инспирирано да дејствува од ИСИС“, соопшти ФБИ во објава на социјалната мрежа Икс.
Директорот на ФБИ, Кеш Пател, исто така, се огласи на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на партнерите за нивната соработка.
„Им благодариме на нашите одлични партнери што работеа со нас и несомнено спасија животи“, напиша Пател.
Свет
Медведев за Зеленски: „Кловнот избра нов шеф на својот кабинет – терорист“
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, го коментираше назначувањето на шефот на Главната разузнавачка управа на Украина, Кирил Буданов, иронично нарекувајќи го одличен избор за позицијата началник на кабинетот на Владимир Зеленски.
„Проклетиот кловн, кој го изгуби својот легитимитет, избра нов шеф на својот кабинет. Тоа е терористот Буданов. Одличен избор“, изјави Медведев за руските медиуми.
Како што изјави, штета е што е празно само едно место, истакнувајќи дека „второто место требало да му се понуди на истакнатиот воен командант Валериј Залужни“.
Според него, ова би ги отстранило двајцата потенцијални противници на претседателските избори од шаховската табла.
Сепак, тој верува дека ова нема да му помогне на украинскиот претседател, чија судбина, додава тој, е веќе запечатена.
Зеленски го назначи шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирил Буданов (на списокот на терористи во Русија), за шеф на својот кабинет, потсетуваат медиумите.
Таа позиција беше испразнета откако Зеленски го отпушти Андреј Јермак поради негова вмешаност во корупциски скандал.
Регион
Трагедија во Дубровник: тело на маж од БиХ извлечено од морето: бил повлечен во водата додека се фотографирал со семејството
Телото на граѓанин на Босна и Херцеговина беше извлечено од морето на бродот на Пристанишната управа на Дубровник по долга и исклучително тешка борба со многу високи бранови, објави Хина.
Капетанот на пристаништето во Дубровник, Мато Кекез, претходно потврди дека телото на маж е пронајдено во морето на 200 метри од брегот, кое утрово го повлекле брановите во морето од карпата во подножјето на ѕидините на Дубровник.
Мажот бил повлечен од брановите во морето од карпата додека тој се фотографирал со семејството.
Бродот на Капетанот на пристаништето, тројца вработени во поморската гранична полиција, двајца пожарникари и еден нуркач беа на позиции за спасувачка акција , но времето беше многу лошо, што го отежнуваше извлекувањето на телата.
Заедно со Пристанишната управа и полицијата, во потрагата учествуваа и членови на ХГС С и граѓанинот Доминко Радиќ.
„Најдов еден пар патики. Не можам да се приближам, ниту пак службите на капетанот, нема теоретска шанса. Брановите се високи од четири до пет, па дури и шест метри понекогаш“, ја опиша ситуацијата Радиќ.

