Европа
Новинари, активисти и неистомисленици шпионирани преку софтвер, отворена глобална истрага
Истрагата што ја спроведе меѓународен медиумски конзорциум, заснована на податоци што изглегоа во јавноста, обезбедува дополнителни докази дека софтвер на израелската група НСО се користи за шпионирање новинари, активисти за човекови права и политички неистомисленици.
На списокот со повеќе од 50.000 мобилни телефонски броеви, кои ги добиле непрофитните организации „Забранети приказни“ и „Амнести интернешнл“ и потоа се споделени со 16 медиумски организации, новинарите идентификувале повеќе од 1.000 лица во 50 земји, кои наводно клиентите на НСО ги избрале за потенцијален надзор.
Според „Вашингтон пост“, член на меѓународниот конзорциум, меѓу нив има 189 новинари, повеќе од 600 политичари и владини службеници, најмалку 65 деловни лидери, 85 активисти за човекови права и неколку шефови на држави.
Новинарите што биле шпионирани работат за „Асошиетед прес“, „Ројтерс“, Си-ен-ен, „Волстрит журнал“, „Ле Монд“ и „Фајненшл тајмс“.
„Амнести“ наведува дека нејзините форензички истражувачи утврдиле дека водечкиот шпионски софтвер на Групацијата НСО успешно е инсталиран на телефонот на турската новинарка Хадија Ченгиз, свршеница на убиениот новинар на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, само четири дена откако тој беше ликвидиран во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во 2018 година.
Компанијата претходно се поврзуваше со шпионирање на Кашоги.
Групата НСО негира дека податоците на кои се темели извештајот излегле од нејзините сервери наведувајќи дека „таквите податоци никогаш не постоеле“ на ниту еден нејзин сервер.
Компанијата изјави дека извештајот е полн со погрешни претпоставки и повтори дека го продава софтверот само на властите за употреба против терористите и најголемите криминалци.
Критичарите ги нарекуваат тврдењата неискрени и укажуваат на проблемот со речиси целосен недостиг на регулатива од страна на приватната глобална индустрија за надзор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

