Свет
Новиот состав на Европската комисија започна со работа
Почнува со работа Европската комисија во новиот состав, предводена од Урсула фон дер Лајен. Претседателката на Комисијата објави дека во фокусот на работата на нејзиниот тим во текот на следните пет години ќе биде зајакнување на улогата на ЕУ во светот, заштита на климата, дигитализација, но и доближување на Западниот Балкан до Унијата.
Фон дер Лаејн истакна дека во работата со регионот најмногу ќе и помогнат шефот на дипломатијата на ЕУ и комесарот за проширување.Досегашната шефица на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, ја менува досегашниот министер за надворешни работи на Шпанија, Жозеп Борел.Претставувајќи ја својата програма, Борел изјави дека сака лично да се посвети на „реформите и процесот на интеграција на Западен Балкан“. Борел исто така ќе посредува во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Оливер Вархељи го презема ресорот за проширување од Јоханес Хан, во момент кога во ЕУ се води расправа за реформите во пристапната политика. Вархељи оцени дека не треба да се менува целата рамка на политиката за проширување, туку дека треба да се подобри методологијата.
Европската комисија соопшти дека новиот комесар за проширување во вторник на 3 декември ќе учествува на конференција на високо ниво посветена на европската интеграција на Западен Балкан.
Со Урсула фон дер Лајен на чело, Европската комисија за првпат добива жена претседател. Во исто време, во новиот состав на Европска комисија постигнат е досега највисок родов баланс, односно од 27 највисоки позиции, 11 ги држат жени.
Комисијата, која во наредните пет години ќе биде една од трите најважни институции на ЕУ, покрај Парламентот и Советот, ја сочинуваат претседателката, 25 комесари и шефот на дипломатијата на ЕУ, кој е и потпретседател на Европската комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
На социјалните мрежи е објавена фотографија од апсењето на Мадуро, не се знае дали е реална
На социјалните мрежи е објавена фотографија од апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американски специјалци.
Засега нема официјална потврда за автентичноста на фотографијата, ниту кој е изворот.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД извршиле воздушни напади врз Венецуела и рече дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е „заробен и изнесен од земјата“.
– Соединетите Американски Држави успешно извршија голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој, заедно со неговата сопруга, беше заробен и изнесен од земјата“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social.
Според американските медиуми, апсењето на Мадуро го ивршиле припадници на специјалната единица „Делта форс“.
Свет
Срби, Италијанци, Швајцарци… загинаа во пожарот во Кран Монтана
Швајцарската полиција го објави идентитетот на првите жртви на катастрофалниот пожар што се случи на новогодишната прослава во бар во зимскиот центар Кран Монтана, во кој загинаа најмалку 40 луѓе, а 119 се повредени. Телата на две Швајцарки на возраст од 21 и 16 години и на двајца Швајцарци од 18 и 16 години им се предадени на нивните семејства, кажа полицијата.
Досега е потврден идентитетот на 113 од повредените и меѓу нив се 71 Швајцарец, 14 Французи, 11 Италијанци, четворица Срби и по еден државјанин на БиХ, Белгија, Луксембург, Португалија и Полска. Се верува дека една од најголемите трагедии во историјата на Швајцарија била предизвикана од прскалките поставени на шишиња шампањ кога премногу биле приближени до плафонот на преполниот бар. Јавната обвинителка на регионот Вале, Беатрис Пилу, изјави дека истрагата ќе се фокусира на материјалите што се користеле на локацијата, мерките за противпожарна безбедност во барот, неговиот капацитет и бројот на луѓе внатре во моментот на пожарот.
„Истрагата ќе утврди дали ќе бидат потребни обвиненија. Доколку е тоа случај и ако тие луѓе се живи, ќе биде отворена постапка против нив“, рече Пилу.
Еден од сопствениците на барот изјавил за локалните медиуми дека објектот бил прегледан од инспектори трипати во последните десет години и дека сè било според прописите.
Свет
Властите во Каракас не знаат каде се Мадуро и неговата сопруга
Властите во Каракас денеска соопштија дека не знаат каде се наоѓаат претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес.
Венецуелската потпретседателка Делси Родригез, зборувајќи на државната телевизија, кажа дека не знае каде е Мадуро. Таа рече дека владата бара „итен доказ дека се живи“ и за Мадуро и за неговата сопруга.
Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека САД извршиле голем воен напад врз Венецуела и ги заробиле претседателот Мадуро и неговата сопруга.
Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social изјави дека Мадуро и Флорес биле заробени и изнесени од земјата во операција спроведена со учество на американските агенции за спроведување на законот.

