Свет
Новите видoви коронавирус предизвикуваат загриженост кај експертите
Експлозијата на пандемијата на коронавирусот во Индија и во некои други делови на светот, во кои доминираат новите соеви на вирусот САРС-КоВ-2, предизвикуваат загриженост кај научниците и здравствените власти.
Со месеци знаеме дека се појавија нови видови на коронавирусот, кои имаат одредена еволуција и тоа предизвикува загриженост, велат експертите.
Досега се забележани четири соеви на САРС-КoВ-2, кои имаат мутации во клучниот шилест протеин, за што има одредена показатели дека токму тие им овозможуваат побргу да се шират или можеби да го избегнат одбранбениот систем.
Оваа способност беше препознаена откога во многу земји тие почнаа да доминираат.
На пример, секвенционирањето на вирусот покажа дека британскиот вид Б.1.1.7, првпат откриен во декември во Лондон и Кент, се раселил во многу делови на светот и станал доминантен.
Бразилскиот сој П.1 беше откриен во Манаус во октомври 2020 година кога таму повторно беше забележано ширење на Ковид-19. Научниците биле збунети затоа што се сметало дека тоа што жителите на тој бразилски град го поминале коронавирусот во речиси 75 % е сосема доволно за да се заштитат со колективен имунитет. Но, кога ги анализирале примероците, откриле дека таму доминира нов вид.
Кога станува збор за јужноафриканскиот вид Б.1.351, прелиминарните истражувања покажале дека единствената мутација откриена на него овозможува значително поголема отпорност на антитела во обновувачката плазма на донаторите што преживеале Ковид-19. Вакцината на „ Астра зенека“ исто така се покажало дека обезбедува послаба заштита од овој вид.
Индиската варијанта B.1.6217 е откриена во октомври 2020 година во Индија. Индиското Министерство за здравство објави на 24 март дека од 15 до 20 % од дијагностицираниот Ковид-19 во државата Махараштра има две невообичаени мутации: E484К и Л425Р. Но, досега овој процентот се искачил на повеќе од 60 % во некои делови на земјата, а мутираниот сој го добил името Б.1.617. Оваа варијанта набргу се прошири во неколку земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Израел и Австралија.
Експертите се малку загрижени затоа што оваа верзија содржи две мутации на С-протеинот, што може да ја зајакне неговата способност да го избегне нашиот имунолошки одговор.
Мутацијата Л452Р може да му помогне на вирусот да избегне некои антитела формирани по вакцинирањето, а E484К има сличности со мутацијата E484K, што овозможува јужноафриканската варијанта да стане нешто отпорна на вакцините. Но, научниците веруваат дека постојните вакцини сепак ќе бидат ефикасни со индискиот вид во однос на спречувањето тешки болести и забавување на ширењето на инфекцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.