Свет
Ново откритие: Ковид-19 влегува во клетките преку повеќе рецептори

Кинеските молекуларни биолози открија дека коронавирусот влегува во човечките клетки не само преку рецепторите на ензимот 2 (ACE2) туку и преку рецепторите SR-B1, кои ги препознаваат молекулите на холестерол.
„Сличноста помеѓу Ковид-19 и SARS-инфекциите покажува дека антителата и пептидите кои се насочени кон ACE2 може да се користат во третман против Ковид-19”, напишаа научниците во списанието Natural Metabolism, пренесува ТАСС.
„Знаејќи дека Ковид-19 навлегува и преку SR-B1 рецептори, предлагаме дека лековите чија цел е SR-B1 може да дејствуваат како антивируси кои ја ограничуваат инфекцијата со Ковид-19“, се додава.
Способноста на Ковид-19 да се поврзе со различни рецептори ги натера научниците да испитаат со кои други рецептори може да се поврзе, што може да го одреди текот на лекувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американскиот сенатор Греам: Го молам Ватикан да размисли Трамп да биде папа

Американскиот сенатор Линдзи Греам, републиканец од Јужна Каролина, во објава на „Икс“ напиша дека Трамп треба да биде новиот папа.
„Бев возбуден кога слушнав дека претседателот Трамп е отворен за идејата да стане следниот папа. Навистина би бил кандидат во сенка, но би ги замолил конклавата и католичките верници да бидат со отворен ум за оваа можност! Првата комбинација папа – претседател на САД има многу предности. Ние го следиме белиот чад… Трамп MMXXVIII!“, напиша тој на „Икс“.
Доналд Трамп вчера изјави дека би сакал да биде папа. „Би сакал да бидам папа. Тоа би бил мојот прв избор“, му рече американскиот претседател на новинар, кој го праша за конклавата.
Тој продолжи нагласувајќи дека нема фаворит, но посочи дека Тимоти Долан, надбискупот на Њујорк, би можел да биде добар избор. „Не знам. Немам фаворит. Но, морам да кажам дека имаме кардинал од место наречено Њујорк, кој е многу добар, па ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп.
Греам е познат по значајните промени во политичките ставови, особено во врска со Доналд Трамп и надворешната политика.
Европа
Осумнаесет општински службеници во Истанбул завршија во затвор

Турски суд затвори 18 службеници на градската власт во Истанбул поради обвиненија за корупција продолжувајќи ја репресијата против опозицијата поради која беше затворен и градоначалникот Екрем Имамоглу.
Имамоглу, главен политички ривал на претседателот Ердоган и водечки на анкетите, беше затворен во март во очекување судење по обвиненијата за корупција. Тој се соочува и со обвиненија за помагање терористичка група.
Градоначалникот ги негира сите обвиненија, а неговото апсење ги предизвика најголемите протести во Турција во последната деценија, економски превирања и обвинувања за политизирано судство. Владата ги отфрла овие тврдења и вели дека судството е независно.
НТВ објави дека 34 од 52 лица приведени за време на викендот биле ослободени со кауција. Турските медиуми пред четири дена објавија дека властите привеле десетици вработени во општина Истанбул како дел од правните истраги насочени кон Имамоглу проширувајќи ја репресијата против опозицијата, која почна кон крајот на минатата година.
Меѓу приведените се генералниот секретар, началникот на кабинетот на Имамоглу и претседателот и заменик-претседателот на Управата за водоснабдување и канализација.
Европа
Шведската полиција уапси осомничен за пукањето во кое загинаа три лица

Шведската полиција објави дека привела осомничено лице по пукањето во кое загинаа три лица во градот Упсала во вторникот.
Лицето е осомничено за убиство и е едно од неколкуте лица што се испрашуваат како дел од истрагата, изјавија полицајци за новинарите.
Пукањето се случило во фризерски салон во Упсала, додадоа тие.
Полицијата соопшти дека инцидентот се смета за изолиран и не е поврзан со големите прослави на Валпургиската ноќ, што се очекуваат во Упсала в среда.