Свет
Нов Зеланд воведува ковид-сертификати за масовни собири
Властите на Нов Зеланд објавија воведување на ковид-сертификат како доказ за имунизација, што ќе биде потребно од следниот месец доколку граѓаните сакаат да присуствуваат на масовни собири и други настани со висок ризик, што е дел од новиот пристап во борбата против ширењето на делта-сојот на коронавирус.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, рече дека сертификатите ќе помогнат да спречат големите собири, како што се музичките фестивали, да се претворат во места со висок пренос на вируси.
„Ова сега е вообичаено во странство и има смисла“, рече таа.
Ардерн, исто така, нагласи дека е малку веројатно дека сертификатите ќе се користат во места како што се здравствени установи и супермаркети.
Нов Зеланд е меѓу само неколкуте земји што минатата година го намалија бројот на заразени случаи од Ковид-19 на нула и во голема мера оваа земја беше без вируси, сè до појавата на многу заразниот делта-сој во средината на август.
Земјата сега се одлучи да ја интензивира вакцинацијата и тестирањето во борбата против пандемијата како мерка за запирање на ширењето на вирусот наместо строги карантини, а експертите предупредуваат дека променатата на пристапот ќе доведе до зголемување на бројот на новозаразени случаи.
Нов Зеланд денеска регистрираше 24 нови случаи на Ковид -19, со што вкупниот број на инфекции во сегашната епидемија достигна 1.381, а околу 48 проценти од возрасната популација во моментов е целосно вакцинирана.
Оукленд, најголемиот град, кој беше во карантин речиси 50 дена, останува на високо ниво на предупредување, иако за неговите 1,7 милиони жители, од утре ќе следат олеснувања на одредени мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

