Свет
Норвежаните протестираат против надградбата на американскиот арктички радар
Додека американскиот радарски систем во најсеверниот регион во Норвешка, Финмарк, кој се наоѓа на 28 километри од руската граница, се надградува со сосема нова опрема, локалното население станува сè повнимателно и несигурно, пренесува „Спутник“.
Надградувањето на американскиот радар во поларниот норвешки град Вардо предизвикува незадоволство кај локалното население, објави националниот радиодифузер НРК. Минатиот викенд, 153-метарскиот американски товарен брод „Оушн фридом“ пристигна во Вардо со втор товар со разузнавачка опрема директно од Портланд, Мејн.
„Целиот кеј на Вардо беше затворен со високи метални огради. Областа беше под силна стража од воени и цивилни лица. Најголемиот дел од специјалната достава беше придружуван од полицијата. Ова не беше добредојдена глетка за жителите на рибарското село, кои се чувствуваат сè повеќе вовлечени во борбата на суперсилите против нивната волја“, стои во извештајот.
Локалниот жител Стиг Нилсен ја опишал ситуацијата како „чисто војување“. Тој посочил дека американската опрема може да се користи за попречување на руските авиони.
„Тоа е едноставно закана за градот. Апсолутно страшно “, рекол Нилсен за НРК.
Друг локален жител, Асле Кристијансен, ја довел во прашање законитоста на надградбата, посочувајќи дека има околу 2.000 луѓе кои живеат околу новиот радар.
„Како ќе спасуваме животи ако нешто се случи, не можам да разберам. За возврат нема да добиеме ништо. Ги гледам само негативностите на целата работа. Ова ја прави целата заедница тука во Вардо небезбедна“, вели Кристијансен.
Рони Бјорклунд, кој живее на 200 метри од радарот, целиот Вардо го гледа како бомбашка цел.
„Прво, ова е провокација кон нашите соседи на исток. Второ, ние сме бомбашка цел ако нешто се случи. Воопшто не е добро“, смета Бјорклунд.
Градоначалникот на Вардо, Орјан Јенсен, рекол дека иако лично не е загрижен, може да ја разбере загриженоста на жителите. Тој дури и се согласил дека може да дојде до „остра ситуација“.
„Радарскиот систем е трн во око на Русија. Можна е таква ситуација во Вардо“, вели тој.
Јенсен рекол дека очекува Министерството за одбрана да преземе мерки за подобрување на безбедноста околу радарскиот систем и за зајакнување на мерките во случај на евакуација.
Министерството за одбрана е свесно за локалните критики, но смета дека радарскиот систем е важен за заштита на Норвешка и нејзините национални интереси. Според високата советничка на Министерството за одбрана, Марита Исаксен Ванберг, модернизацијата, која трае веќе неколку години, нема да ја промени мисијата на радарскиот систем или некако да ги зголеми воените тензии на северот.
Поради својата близина до полуостровот Кола и Баренцовото Море, американскиот радар„ Глобус два“ беше сместен во Вардо. Иако официјално се користи за следење вселенски отпад, неговата можна улога во американскиот противракетен систем и можноста за изградба на база на податоци за руски ракети го направија трн во норвешко-руските односи.
Надградениот и помоќен радар наречен „Глобус III“ е во фаза на изградба уште од 2017 година.
И двата радара се повеќегодишен извор на полемики за жителите на Вардо. И покрај огромната критика, тие обезбедуваат многу потребни работни места за рибарското село, чие население брои 2.100 жители и е преполовено во однос на 1970-тите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

