Контакт

Свет

Норвешката премиерка ја негира тајната исламизација на нејзината земја

Објавено пред

Ерна Солберг и Сив Јенсен, лидерите на владејачките партии во Норвешка, конзервативците и Партијата за напредок, се чини дека ја не гледаат исто улогата на исламот во нивната земја, пишува „Спутник“.

dobivaj vesti na viber

Лидерот на Партијата за напредок, Сив Јенсен, смета дека е тајна исламизација кога Норвежаните одбиваат да се ракуваат со луѓе од спротивниот пол. Јенсен ја истакна неодамнешната епизода кога жените во џамијата „Ал-Нор“ во Берум ја одбија испружената рака на престолонаследникот, принцот Хаакон, кој дојде да им ја изрази својата поддршка по терористичкиот напад.

„Во Норвешка мажите и жените се ракуваат, точка. Обидот да се создаде прифаќање на тоа жените во Норвешка да не се ракуваат не значи сфаќање, туку родова еднаквост во рикверц. Ова е во основа што мислам кога зборувам за тајната исламизација. Дека индиректно или директно се приспособуваме на религиските посебни барања во име на разбирањето“, напиша Јенсен во колумна во „Верденс Ганг“.

Премиерката и лидер на конзервативците, Ерна Солберг, ја отфрли оваа можност во својот изборен говор во Тромсо.

„Верувам дека тајната исламизација е лош концепт, едноставно затоа што не постои во нашето општество“, рече Солберг.

Сепак, таа исто така посочи дека луѓето на работните места треба да се ракуваат, а не да создадат ваков вид бариера. Во исто време таа изрази разбирање за луѓето што доаѓаат од други земји, како иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф.

„Не се обидов да се ракувам со него. Мислам дека треба да ги посветиме нашите дипломатски напори на други работи“, рече Солберг посочувајќи дека има поважни проблеми од ракувањето.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Иран за говорот на Трамп: Професионалните лажговци се добри во создавањето „илузија на вистината“

Објавено пред

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, што ги изнесе за Иран во своето обраќање за состојбата на нацијата, се неточни и додаде дека „професионалните лажговци“ се добри во создавањето илузија на вистината.

dobivaj vesti na viber

Вака реагираше тој на изјавите на Трамп дека САД ја уништиле иранската програма за нуклеарно оружје за време на нападот во јуни минатата година, но дека Техеран „повторно“ се обидува да изгради нуклеарно оружје и дека тој нема да дозволи тоа да се случи, дека Иран веќе развил ракети што можат да ја загрозат Европа и САД и дека 32.000 луѓе биле убиени за време на неодамнешните протести.

„Повторувај лага доволно често додека не стане вистина“ е пропагандна максима измислена од нацистот Јозеф Гебелс, а сега систематски ја користат американската администрација и нејзините воени профитери, особено геноцидниот ционистички ентитет, за да ја унапредат својата подмолна кампања за дезинформација против Иран. „Сè што тврдат за нуклеарната програма на Иран, неговите балистички ракети и бројот на жртви за време на немирите во јануари не е ништо повеќе од повторување на „големи лаги“. Никој не треба да биде измамен од овие очигледни лаги“, напиша Багеи, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Европа

Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети

Објавено пред

Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.

dobivaj vesti na viber

„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.

Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.

Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Орбан со обвинување до лидерите на ЕУ, дека се согласиле со Зеленски за продолжување на војната

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ги обвини европските лидери, предводени од Урсула фон дер Лајен, дека се согласиле со украинскиот претседател Володимир Зеленски за продолжување на војната.

dobivaj vesti na viber

„Ова се лоши вести за Европа. Војната за која очигледно нема решение на фронтот, но која подразбира ужасно уништување, се продолжува. Околу 35.000 луѓе умираат или остануваат осакатени секој месец, додека линиите на фронтот едвај се движат, оставајќи стотици илјади вдовици, сирачиња, мајки кои тагуваат по своите синови. Ова е она што Брисел го поддржува“, се наведува во објавата на Орбан на Фејсбук.

Орбан истакна дека стотици милијарди евра се горат „залудно“ и додаде дека војната во Украина не ја осакатува Русија, туку Европа, како и создава ризик од нуклеарен конфликт и конфронтација на Европа со нуклеарна сила, пренесува МТИ.

„Ќе нè вовлечат во тоа ако им дозволиме“, рече Орбан и го обвини лидерот на унгарската опозициска партија дека минатата недела во Минхен со германска помош потпишал таен договор со бриселските лидери.

„Тој ќе ја одвои Унгарија од евтината нафта и гас. Тиса застана на страната на Украина, а не на Унгарците, во енергетската војна. Унгарија мора да остане настрана од ова. Унгарската влада мора да ја зачува безбедноста на Унгарија. Ние ќе го постигнеме тоа“, рече Орбан, додавајќи дека договорот на лидерот на Тиса бил чуван во тајност за да не ја дознаат Унгарците вистината пред изборите, објави Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа2 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет2 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет3 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет3 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете граѓански научници ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на...

Свет3 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија17 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија19 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ21 час

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија22 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија22 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија23 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија1 ден

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија1 ден

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија1 ден

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет1 ден

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет1 ден

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа1 ден

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...