Свет
Обвинителството ги повика децата на Трамп да сведочат
Обвинителството на државата Њујорк им врачи судски покани на децата на Доналд Трамп, Иванка и Доналд Џуниор.
Поканите биле доделени како дел од истрагата за тоа дали деловната организација на Трамп манипулирала со вредностите на својот имот, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на судски документи.
Повиците дошле од канцеларијата на државниот обвинител Летиша Џејмс на 1 декември, а Трамп добил еден повик лично, пишува „Њујорк тајмс“, а пренесе „Ројтерс“.
Нејзината истрага е поврзана до одреден степен, но не е дел од кривичната истрага на окружниот обвинител на Менхетен за аферите на организацијата на Трамп, вклучувајќи ги и сомневањата дека организацијата ја преувеличувала вредноста на некои недвижности за да добие заеми и даночни олеснувања. Џејмс се приклучи на истрагата минатиот мај.
Вториот син на Трамп, Ерик, бил испрашуван од истражителите на државното обвинителство во октомври 2020 година, според „Њујорк Тајмс“.
Поранешниот претседател Трамп ја тужеше Џејмс со намера да ја блокира нејзината граѓанска истрага за наводната измама во неговата компанија и ја обвини дека ѝ служи на партиската политика како демократ, додаде „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.