Свет
Објавени први фотографии од иранскиот напад

Агенцијата „Блумберг“ објави сателитски снимки кои, наводно, ги претставуваат последиците од иранскиот ракетен напад на воената база Ајн ел Асад во Ирак.
Иран притоа користел водени ракети, па Техеран намерно извел напад, така што Американците кои биле во базата, да не бидат повредени, наведува агенцијата.
PHOTOS: New images show the Iraqi military base following a missile strike by Iran https://t.co/sxvOxoXX5g pic.twitter.com/b19RCacJoc
— Bloomberg (@business) January 8, 2020
Претходно американскиот претседател Доналд Трамп, обраќајќи се на нацијата, рече дека Вашингтон ќе воведе нови економски санкции кон Техеран. Тој нагласи дека на иранските напади нема намера да одговори со помош на војската. Исто така напомена дека во нападот никој не е повреден, а дека инфраструктурата на воената база претрпела мала штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Момче било претепано во училишниот тоалет и снимено во Хрватска; Директорот: Вообичаен конфликт, а не спектакл

Нов случај на врсничко насилство се случи во основно училиште во Крапинско-загорската жупанија, кога неколку момчиња брутално претепале 12-годишен врсник во училишниот тоалет, а нападот бил снимен. Поради повредите момчето завршило во загрепска болница, а полицијата интервенирала во училиштето, јавува Дневник.хр.
Од болницата потврдиле дека момчето било примено на лекување, но не соопштуваат детали. Неговата мајка изјавила дека тој претрпел удар во слезината и потрес на мозокоt. По два дена во болница бил пуштен на домашна нега.
Мајката тврди дека нејзиниот син повеќе од една година трпел насилство и дека стручните служби во училиштето знаеле за проблемите, но не реагирале. „Има се, од ситни провоцирања, удирање, до поголеми тепачки, на кои училиштето лошо реагираше или воопшто не реагираше и често го обвинуваше 12-годишното дете затоа што, како што велат, самиот го испровоцирал“, вели мајката.
Таа додава дека во училиштето и објасниле дека насилниците имаат различни дијагнози, а кога момчето претходно било погодено во ногата, родителите на напаѓачите ја нападнале неа, бидејќи таа ги пријавила.
„Кога го добив видеото од тепањето, ужас е да се види“ изјавила мајката, која истакнала дека училишните служби целосно не реагирале, а ниту класната раководителка не сакала да одговори на нејзиниот повик.
Директорот на училиштето потврдил дека полицијата била во училиштето. „Тоа не е спектакл, тоа е нормален конфликт меѓу момчиња, се караат малку и знаете како е, родителите веднаш викаат полиција“, изјавил директорот за Нова ТВ. Тој тврди дека училиштето го почитува протоколот и дека сите се известени.
Од полицијата велат дека поради чувствителноста на случајот ќе се изјаснат писмено.
Мајката како што пренесуваат медиумите, најмила адвокат за да се обиде да го спречи насилството врз нејзиното дете.
Свет
Трамп ги паузираше царините за Канада

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги ослободи стоките од Канада и Мексико на еден месец од царините од 25 отсто што ги воведе претходно оваа недела.
Ослободувањето, кое истекува на 2 април, ги вклучува двата најголеми трговски партнери на САД и се однесува на стоки опфатени со одредбите на Северноамериканскиот трговски договор.
Трамп претходно спомена продолжување на рокот само за Мексико, но изменетата наредба за царини ја вклучува и Канада.
Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум му се заблагодари на Трамп за „одличниот разговор“ полн со почит, ветувајќи му дека нејзината влада ќе работи на безбедноста и миграцијата откако Вашингтон привремено ги ублажи царините.
Трамп често ja фалe[e Шејнбаум, но остро го критикуваше канадскиот премиер Џастин Трудо. И во денешна објава на социјалната мрежа Truth Social, тој го обвини Трудо дека се обидува политички да ја искористи вознемиреноста што Канаѓаните ја чувствуваат за царините.
„Верувале или не, и покрај ужасната работа што ја заврши за Канада, мислам дека Џастин Трудо го користи проблемот со царините, што во голема мера го предизвика, за повторно да се кандидира за премиер. Многу забавно за гледање“, напиша Трамп.
Трудо, исто така, јавно го критикуваше Трамп. На денешната прес-конференција тој дури рече дека очекува Канада и САД во догледна иднина да бидат во трговска војна.
Акциите нагло паднаа откако Трамп првично не ги паузираше царините за Канада.
Свет
Американски медиуми: Договорена американско-украинската средба, ќе се одржи во Ријад

Високи претставници на администрацијата на Трамп следната недела ќе отпатуваат во Саудиска Арабија за да се сретнат со украинските претставници, објавија „Фокс њуз“ и „Аксиос“.
Средбата ќе се одржи во среда, објави „Аксиос“, повикувајќи се на два неименувани извори.
„Американскиот државен секретар Марко Рубио и другите ќе одат во Ријад во вторник, а Андриј Јермак, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ќе учествува на состанокот од украинска страна“, вели новинар на „Фокс њуз“.
Потсетува дека на 18 февруари во Ријад се одржа американско-руска средба.
Соединетите Американски Држави ги претставуваа државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и специјалниот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф. Руската делегација ја предводеа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот за надворешна политика на претседателот Јуриј Ушаков.