Свет
Објавени снимки од рацијата на имотите на Пригожин: кутии полни со пари, складиште за оружје, колекција перики
Руската државна телевизија остро го критикува Евгениј Пригожин, водач на платеничката група „Вагнер“, кој почна вооружен бунт минатиот месец, и рече дека истрагата за тоа што се случи сè уште енергично се води.
Пригожин ја презеде контролата врз јужниот руски град Ростов на Дон на 24 јуни, зазеде команден центар таму каде шѓто Русија ја координира својата војна во Украина и испрати колона борци кон Москва пред да се откаже по склучувањето договор со Кремљ.
⚡️Also from Prigozhin’s mansion: pic.twitter.com/zyAPS051zz
— War Monitor (@WarMonitors) July 5, 2023
Неговиот бунт претставува најголема закана за претседателот Владимир Путин откако рускиот лидер дојде на власт пред повеќе од две децении.
Според договорот со кој заврши бунтот, Пригожин, чија цел беше да ги смени министерот за одбрана и началникот на Генералштабот поради, како што рече, нивното некомпетентно водење на војната, требаше да се пресели во соседна Белорусија. Во замена кривичната пријава против него требало да биде отфрлена.
Video pertaining to the search of Yevgeny Prigozhin’s properties: pic.twitter.com/AAazPzx1MC
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) July 5, 2023
Но, програмата наречена „60 минути“ емитувана во средата вечерта на државниот ТВ-канал „Росија 1“ го покажа она што беше наведено како ексклузивна снимка направена за време на полициските рации во канцеларијата на Пригожин во Санкт Петербург и еден од неговите имоти во тој град.
Водителот на програмата, Евгениј Попов, го нарече Пригожин предавник, а видеото го презентира специјално поканет гостин – новинарот Едуард Петров – како доказ за криминалното минато на Пригожин и лицемерството во прозивките за корупција во вооружените сили.
На видеото се прикажани кутии полни со пари во неговата канцеларија и купови долари во неговата луксузна резиденција заедно со, како што се вели, неговиот личен хеликоптер, складиште за оружје, колекција перики, комплетно опремена просторија за медицински третмани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Активистите го обвинија папата Франциско дека не направил доволно за да се искорени сексуалното насилство
Папата Франциско не направи доволно за да се искорени сексуалната злоупотреба од страна на свештенството и прикривањето на овие злосторства, изјавија активисти и жртви на митингот во Рим.
Римокатоличката црква долго време се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба, а овој протест беше организиран пред утрешниот фестивал на Светскиот ден на детето во Ватикан, пренесува Ројтерс.
„Сакаме да ги заштитиме младите луѓе кои присуствуваат на фестивалот“, изјавија дел од организаторите.
Свет
Русите денеска 15 пати го нападнаа Харков, убиени 6 лица
Гувернерот на областа Харков во Украина, Олег Синегубов соопшти дека во напад на руската армија врз тој регион загинале шест лица, а 16 се ранети.
Руската армија употреби ракетни системи С-300 во овие напади, напиша Синегубов на платформата Телеграм како што пренесува Униан, Харков денеска бил цел на 15 пати.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски напиша на платформата X дека руските сили го искористуваат недостатокот на украински системи за воздушна одбрана и нејзината способност да уништува ракетни фрлачи во близина на границата.
Зеленски додаде дека тоа не е слабост на Украина, туку на меѓународната заедница „која три години не се осмели да се справи со терористите на начин на кој тие заслужуваат“.
Свет
Песков: Како наследник на СССР, Русија ја задржува својата позиција за независна Палестина
Русија, како наследник на СССР, останува на ставот дека ја признава независноста на Палестина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Гледаме во контекст дека Палестина беше призната како независна држава уште во времето на Советскиот Сојуз. Русија, како наследник на Советскиот Сојуз, ја задржува оваа позиција“, истакна Песков, пренесува ТАСС.
До денес, Палестина е призната од девет земји-членки на ЕУ.
Осум земји – Бугарија, Кипар, Чешка, Унгарија, Малта, Полска, Романија и Словачка – го презедоа овој чекор во 1988 година, пред да влезат во ЕУ, а Шведска во 2014 година.