Свет
Ограбен познат историски музеј во Германија, одземено наследство вредно 1 милијарда евра
Крадци рано утрово упаднале во музејот во Дрезден и украле наследство вредно речиси една милијарда евра, објави германскиот весник „Билд“.
URGENT: Treasures worth up to billion of Euros stolen from museum in Eastern Germany – reportshttps://t.co/PCiDqb8i2B pic.twitter.com/t9peCmNjkd
— Sputnik (@SputnikInt) November 25, 2019
Засега е познато само дека е украден исклучително вреден антички накит, чија вредност на почеток е проценета на речиси една милијарда евра.
„Тоа е веројатно најголемата кражба на уметност во повоената историја“, рече портпаролот на полицијата, Томас Гитнер, кој нагласи дека крадците се во бегство.
Кражбата се случила во историскиот музеј „Грин валут“ во Дрезден, кој инаку содржи најголема колекција на наследства од сите музеи во Европа. Како што дозна „Билд“, арамиите краделе исклучиво накит, a ги оставиле огромните предмети, како вази или слики.
Центарот на Дрезден, каде што се наоѓа музејот, е преполн со полиција, која засега не дава никакви информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.