Европа
Ограничување на брзината на 100 километри поради загадувањето со азот во Холандија

Премиерот на Холандија, Марк Руте, изјави денеска дека ограничувањето на брзината за автомобили во земјата ќе биде 100 километри на час, што е дел од пакетот итни мерки за намалување на загадувањето со азот.
Владата на Рут е во криза поради одложувањето илјадници градежни проекти во Холандија, наредено од судот кога земјата ги прекрши законите на ЕУ за емисиите на азот, пренесува „Ројтерс“.
Азотот најмногу се испушта од сточарски фарми, од автомобили и камиони и од градилиштата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Градоначалникот на Истанбул под истрага за корупција

Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и на околу стотина други лица, меѓу кои и новинари и бизнисмени, како дел од истрагата за корупција, објави порталот Сабах.
Советникот за медиуми на градоначалникот Мурат Онгун во раните утрински часови денеска на социјалната платформа Икс напиша дека Имамоглу е приведен, за што не се наведува причина.
Имамоглу на Икс рече дека стотици полицајци се надвор од неговата куќа, додавајќи дека тој нема да се откаже, туку ќе се исправи пред притисокот. Според снимките во живо од Си-Ен-Ен Турк, десетици припадници на интервентната полиција биле пред куќата на Имамоглу. Полицијата го претресува неговиот дом како дел од истрагата, објави телевизијата.
Истанбулскиот универзитет вчера објави дека поради нерегуларности му ја поништил дипломата на Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нанесувајќи и удар на опозицијата, која во наредните денови требаше да го избере за претседателски кандидат.
Без универзитетска диплома, градоначалникот на Истанбул од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) не може да се кандидира за претседател. „Ќе ја однесеме оваа незаконска одлука на суд и ќе се бориме против неа“, рече тој, додавајќи дека одлуката на Универзитетот е незаконска.
Владата на Ердоган негира дека врши политички притисок врз судовите и тврди дека судството е независно. Одлуката е донесена во контекст на зголемената правна репресија против опозициските политичари, особено Имамоглу, против кого се покренати неколку обвиненија.
Европа
Путин во рекорден рок го прекрши договорот со Трамп за ограничено примирје, објавија Украинците

Русија и Украина рано утринава се обвинија меѓусебно за воздушни напади кои предизвикаа пожари и оштетена инфраструктура само неколку часа откако претседателот Владимир Путин се согласи на ограничен прекин на огнот во руската војна против Украина.
Путин и американскиот претседател Доналд Трамп вчера се договорија за ограничен 30-дневен прекин на огнот против цели на украинската енергетска инфраструктура, додека преговорите за поширок мировен план ќе започнат „веднаш“, соопшти Белата куќа.
Путин и наредил на руската војска да престане да ги напаѓа енергетските капацитети, објави Кремљ по долгиот телефонски разговор меѓу двајцата лидери. Но, Путин не го прифати поширокиот предлог на САД за 30-дневен прекин на огнот што Трамп го сметаше за прв чекор кон постојан мировен договор.
❗️Russians just hit the energy sector in Sloviansk, Donetsk region, part of the city without electricity, local channels.
"Immediate ceasefire across all energy sectors" is working🤦♂️ pic.twitter.com/e0eBkUExwl
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) March 18, 2025
Украинскиот претседател Зеленски, кој се согласи на целосен 30-дневен прекин на огнот, по телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп рече дека ќе поддржи ограничен прекин на огнот, но го повика светот да ги блокира сите обиди на Москва да ја продолжи војната.
Неколку часа подоцна, двете страни пријавија напади на нивна територија. „Русија напаѓа цивилна инфраструктура и луѓе во овој момент“, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, во текот на ноќта на комуникациската платформа „Телеграм“.
Неколку украински извори објавија дека набргу по разговорите Трамп-Путин, Русија ја нападнала енергетската инфраструктура во градот Славјанск, која останала без струја.
Регионалните власти во регионот Суми во североисточна Украина соопштија дека руските напади со беспилотни летала оштетиле две болници, без да предизвикаат повреди, но принудувајќи ги пациентите и болничкиот персонал да бидат евакуирани.
Еден 60-годишен маж е повреден, а неколку куќи се оштетени во напад на руско беспилотно летало во областа околу украинскиот главен град Киев, изјави рано во средата регионалниот гувернер Микола Калашник.
Зеленски рече дека Русија лансирала повеќе од 40 дронови врз Украина неколку часа по разговорот меѓу Трамп и Путин.
Властите во областа Краснодар во јужна Русија рано утринава соопштија дека украинско беспилотно летало предизвикало мал пожар во складиште за нафта во близина на селото Кавказскаја. Во пожарот кој се прошири на 20 метри квадратни нема повредени, но 30 вработени се евакуирани, објавија регионалните власти на Телеграм.
„Работата во фабриката е прекината“, додадоа властите. Рускиот канал SHOT на Телеграм објави видео од пожар во текот на ноќта во нешто што изгледаше како индустриска област.
Каналот рече дека станува збор за важен објект наменет за транспорт на руска нафта. Ројтерс не може независно да го потврди извештајот на каналот.
Руската агенција за цивилно воздухопловство Росавијација соопшти дека ги суспендира летовите од аеродромите во Казан, Нижни Новгород и Нижнекамск, кои се на стотици километри источно од Москва, за „да се обезбеди сигурност на воздушниот сообраќај“.
Агенцијата не ја наведе причината за суспензијата, но вообичаено ги суспендира летовите кога има извештаи за напади со беспилотни летала.
Европа
(Видео) Се урна руски воен хеликоптер, загинаа членовите на екипажот

Руски јуришен хеликоптер Ми-28 се урна во Ленинградската област, Русија. Членовите на екипажот загинаа.
„Хеликоптер Ми-28 се урна за време на планираниот тренинг лет над Ленинградската област“, соопшти руското Министерство за одбрана. Хеликоптерот наводно се урнал далеку од населени места.
Video from the crash site of the Russian Mi-28 https://t.co/Xs31Wyzvmb pic.twitter.com/7LKIo7BfT1
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) March 18, 2025
Истакна дека хеликоптерот не носел муниција.
Ми-28 е јуришен хеликоптер со две седишта дизајниран да бара и уништува оклопни возила, воздушни цели и војници.