Европа
Одржана средба меѓу Кина и ЕУ – Пекинг одбива да заземе страна во војната во Украина

Пекинг се противи на заземање страна во руската инвазија на Украина, им рекол кинескиот премиер Ли Кечијанг на претставниците на Европската Унија.
Ли на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, преку видеоврска им рекол дека Кина се противи на поделбата на блокови и заземање страни, изјавил кинескиот дипломат.
Кинескиот премиер одговорил на барањето на Европската Унија на самитот ЕУ – Кина, Кина да го искористи своето влијание и да помогне да се стави крај на конфликтот во Украина.
„Кина и ЕУ имаат заемна одговорност да го искористат своето заедничко влијание и дипломатија за ставање крај на руската војна во Украина“, напишал Мишел на „Твитер“ за време на паузата од разговорите.
Ли Кечијанг им рекол на лидерите на Европската Унија дека Кина се залага за мировни преговори во Украина на свој начин, објави државната телевизија CCTV.
Тој повторил дека Кина е посветена на зачувување на меѓународното право и меѓународните норми, вклучително и територијалниот интегритет на сите земји, објави CCTV.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Русија подготвува нова офанзива во Суми и во Харков оваа пролет, сега купува време

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во интервју за „Фигаро“ дека Русија планира две нови големи офанзиви во северна Украина, особено во регионите Суми и Харков, веќе оваа пролет.
Тој предупреди дека додека Москва сѐ повеќе зборува за прекин на огнот, рускиот претседател Владимир Путин се обидува да купи време за да подготви нов напад.
Европа
Стармер и шефот на НАТО: Америка има клучна улога во постигнувањето на примирјето

Британскиот премиер Кир Стармер утрово во Париз се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, непосредно пред почетокот на состанокот на коалицијата на волните.
Во соопштението од кабинетот на британскиот премиер се вели дека Стармер и Руте разговарале за продолжување на поддршката за Украина, согласни дека Европа мора да направи сѐ за да ја одржи Украина силна и да го задржи притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин.
Двајцата истакнаа дека Соединетите Американски Држави играат клучна улога во отворањето на патот за договор за прекин на огнот и ја повторија подготвеноста на Европа да поддржи траен и одржлив мир кога ќе дојде време.
Стармер ја повтори својата непоколеблива посветеност на НАТО како основа на безбедноста.
Европа
(Видео) Објавена снимка од извлекувањето човек од урнатините во Харков по масовниот руски напад

Украинските градови Харков и Днипро синоќа беа цел на голем напад со руски дронови.
Најмалку 12 лица се повредени во Харков, меѓу кои и едно 14-годишно девојче. Тешки удари претрпе и Днипро – повредени се три лица, а оштетени се повеќе од десет станбени згради и една образовна институција.
Денеска беше објавена и снимка од извлекување маж од урнатините во Харков.
Last night, Ukrainian cities, including Kharkiv & Dnipro, came under a massive drone attack. In Kharkiv, at least 12 people were injured, including a 14-year-old girl. Dnipro also suffered heavy strikes, leaving 3 people wounded and causing damage to more than a dozen apartment… pic.twitter.com/71Pcr0quHd
— Гюндуз Мамедов/Gyunduz Mamedov (@MamedovGyunduz) March 27, 2025
Во изминатите 24 часа уште осум лица се повредени во напади на области на регионите Донецк и Херсон.