Свет
Од куршум загина петгодишно дете во Косово
Петгодишно дете почина во Вучитрн од повреда за која постои сомневање дека е предизвикана од огнено оружје.
– Пријавено е дека во болницата во Вучитрн било донесено за лекарска помош петгодишно дете. Лекарите соопштија дека детето починало како последица на повреди за кои постои сомнение дека се предизвикани од огнено оружје. Според првите информации од истрагата, инцидентот се случил во дворот на куќата на детето – изјави синоќа за РТК Авни Заити, портпарол на полицијата за регионот на Митровица.
Според него, на лице место биле пронајдени и одземени чаура и пиштол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: Јужна Италија за пет часа регистрираше 150 потреси
Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчера вечерта и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол во јужна Италија, кои не предизвикаа големи штети, но посеаа паника меѓу населението, соопштија властите. Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути по локално време на длабочина од 2,5 километри, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).
INGV забележа десетици послаби потреси на земјата во следните часови. Вкупно, околу 150 земјотреси ја погодија областа за помалку од пет часа, почнувајќи од 19:50 часот. Според Мауро Ди Вито од INGV „ова е најмоќната серија земјотреси во последните 40 години“.
#Terremoto ai Campi Flegrei, scosse fino a 4.4 di magnitudohttps://t.co/oWTVlBpEUp pic.twitter.com/q22XVHUq7z
— 361magazine (@361_magazine) May 21, 2024
На видеата на жителите објавени на социјалните мрежи, може да се видат шишиња со млеко и пијалоци расфрлани на теренот на продавниците во општината Позуоли во областа на Флегранските полиња, каде живеат околу половина милион луѓе. Земјотресот беше јасно почувствуван и во Неапол, вклучително и пристаништето.
🔴#Terremoto #CampiFlegrei: 150 scosse in poche ore
Quella di #magnitudo 4,4, la più forte degli ultimi 40 anni
Paura anche a #Napoli
Tende a #Pozzuoli e #Bagnoli, notte in auto per molti. Oggi scuole chiuse#earthquake #Naples pic.twitter.com/SX0EJIS7no— Tv2000.it (@TV2000it) May 21, 2024
Училиштата денеска ќе останат затворени во Позуоли, каде што се отворени сместувачките центри и се поставени шатори на паркинг и плоштад покрај морето за да се сместат во паника жителите, објави на Фејсбук градоначалникот на градот, Луиџи Манцони. Од противпожарната бригада велат дека жителите пријавиле пукнатини во куќите и делови кои паднале од фасадите на зградите.
Свет
(Видео) Иранците во поворка: Почна погребот на Ебрахам Раиси
Иранците се собраа на погребната поворка на претседателот, Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа, во северозападниот град Табриз, главниот град на провинцијата Источен Азербејџан.
Неговото тело подоцна ќе биде пренесено во Техеран.
Во несреќата загинаа и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и уште седум други лица.
Иранските медиуми објавија видео на кое се гледаат ковчезите на Реиси и Абдолахиан поставени еден до друг и покриени со ирански знамиња.
اولین تصاویر از تابوت حامل شهید رئیسی و شهید موسوی pic.twitter.com/mXjkFLDMh8
— خبرگزاری ایرنا (@IRNA_1313) May 21, 2024
Свет
Во Полска уапсени девет лица: „Направиле саботажа во име на руски служби“
Полска уапси девет лица во врска со саботажа извршена низ државата по наредба на руските служби, изјави вчера вечерта премиерот Доналд Туск.
Варшава тврди дека нејзината улога како центар за снабдување на Украина ја направи Полска клучна цел за руските разузнавачки служби и ја обвинува Москва дека се обидува да ја дестабилизира земјата.
„Досега уапсивме девет осомничени и обвинети за учество во саботажа во Полска директно во име на руските служби“, изјави Туск за приватната телевизија ТВН24.
„Тоа вклучува тепање, подметнување пожар и обид за палење. Тој рече дека Полска соработува со своите сојузници по ова прашање и дека операциите имале влијание и врз Литванија, Латвија, а можеби и Шведска.
Туск претходно овој месец изјави дека Полска ќе додели дополнителни 100 милиони злоти (23,5 милиони евра) на своите разузнавачки служби поради руската закана. Во април, две лица беа уапсени во Полска под сомнение дека го нападнале Леонид Волков, главен помошник на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални.