Контакт

Европа

Украинците тврдат дека уништиле цела тенковска единица, ослободени дел од работниците во Чернобил

Објавено пред

Дваесет и петти ден од војната во Украина

dobivaj vesti na viber


Клучни настани:

-Во Мариупол продолжија уличните борби

-Москва наведува дека руските сили првпат користеле хиперсонични ракети

-Украинските сили го загубија пристапот до Азовското Море од Херсонската област, односно главната врска со Црното Море

-Според Обединетите нации, до петокот загинале речиси 850 цивили, а одлуката за прекин на огнот не изгледа сигурна

-Володимир Зеленски повика на итни „смислени и фер“ мировни преговори. Тој ја повика и Швајцарија да се справи со руските олигарси

-Со Русија се договорени десет хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните

(Од минута во минута)

21:30 Русија постави рок за Украина да прогласи предавање на Мариупол

Од 10:00 до 12:00 часот по локално време, руската страна предлага да се организира излез од градот за украинските војници и странските платеници, без оружје, а во тој случај загарантирано е спасување на животи, па потоа ќе се отворат и хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, пишува РИА Новости.

20:20 Украина: Уништивме цела тенковска единица во близина на Киев

„Киев Индипендент“ наведува дека Русија изгубила цела тенковска единица во напад на Киев, повикувајќи се на информации од Генералштабот на украинската армија.

Според Вооружените сили на Украина, шестиот тенковски полк на руската армија бил уништен на 20 март.

20:15 Дел од работниците во нуклеарната централа Чернобил ослободени по три недели

Повеќе од три недели руските војници држеа како заложници 64 работници во украинската нуклеарна централа Чернобил. Сега конечно успеале да си заминат, а на нивно место дошле 46 вработени кои доброволно се пријавиле да дојдат во фабриката.

Би-би-си пишува дека околу 200 работници во смени и членови на украинската национална гарда се заробени во електраната од 24. февруари, првиот ден од војната, кога таа беше окупирана од Русите.

20:05 Зеленски: Блокадата на Мариупол ќе влезе во историјата како воено злосторство

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во ново видео рече дека блокадата на Мариупол ќе влезе во историјата како воено злосторство.

„Она што окупаторите му го направија на мирниот град е терор што ќе се памети со векови“, посочи Зеленски.

19:20 Русија потврди дека важен капетан загинал во Мариупол

Руски официјални лица потврдија дека заменик-командантот на руската Црноморска флота, капетанот од 1. ранг Андреј Палиј, загинал во борбите во Мариупол, јавува Би-би-си.

18:40 Бајден доаѓа во Европа, но нема да ја посети Украина

„Фокусот на патувањето ќе биде обединување на светот за поддршка на украинскиот народ и против инвазијата на претседателот Путин во Украина, но нема планови за патување во Украина“, нашиша на „Твитер“, портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

17:43 Да бевме членка на НАТО, Русија немаше да нападне, вели Зеленски

„Јас лично ги замолив да кажат директно дека ќе нè примат во НАТО за година или две или пет, само нека кажат директно и јасно или само нека кажат не“, изјави украинскиот претседател за Си-ен-ен.

„Одговорот беше – ‘нема да бидете членка на НАТО’, но јавно вратата ќе остане отворена“, посочи тој.

17:25 Путин вели дека во Украина има многу неонацисти. Зеленски: Опасно е ако навистина верува во тоа

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, одговори на тврдењaта на рускиот претседател, Владимир Путин, дека украинската влада е полна со неонацисти, пишува Си-ен-ен. Зеленски рече дека не може сериозно да ги сфати ваквите изјави, нарекувајќи ги смешни.

Според Зеленски, Путин е во информативен балон, но посочи дека таквите изјави го загрижуваат бидејќи се прашува што е способен да направи рускиот претседател.

„Се плашам само за луѓето. Но, ако е сериозен во врска со тоа тврдење, би можел да направи ужасни потези, бидејќи тоа би значело дека ова не е игра за него“, вели Зеленски, цитиран од Си-ен-ен.

„Ако тој навистина верува во тоа, тогаш ќе продолжиме да се бориме. Ако мисли дека неговата мисија е да ја освои нашата територија, ако гледа знаци на неонацизам во нашата земја, тогаш се поставуваат многу прашања за што е способен да направи“, рече Зеленски, опишувајќи ги изјавите на Путин како страшни и опасни.

17:07 Украина: Руските сили убија 56 лица во старски дом во Луганск

Украинската омбудсманка за човекови права Људмила Денисова ги обвини руските сили за убиство на 56 лица во дом за стари лица во регионот на Луганск.

„Во градот Кремина на 11. март руските окупатори цинично и намерно пукале од тенк во дом за стари лица“, напиша Денисова, додавајќи дека 56 штитеници на домот биле убиени на самото место.

17:00 Германија најде замена за рускиот гас

Гeрманија се договори со Катар за долгорочно партнерство во снабдувањето со енергија, особено течен гас, објави денеска во Катар германскиот министер за економија, Роберт Хабек.

„Одлична вест е што цврсто се согласивме за намерата за долгорочно партнерство во областа на снабдувањето со енергија“, рече Хабек по средбата со катарскиот емир Хамад ал-Тани во Доха.

16:40 Зеленски ја продолжи воената состојба во Украина за 30 дена

Со законот се продолжува воената состојба во државата за 30 дена од 26 март 2022 година, се наведува во соопштението на Врховната Рада.

15:57 Руската елита сака да го отстрани Путин од власт?

Деловната и политичката елита на Русија разгледува неколку опции за смена на Путин од власт, соопшти Централната разузнавачка агенција.

15:35 Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин, доколку не успееме, ни се заканува Трета светска војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е подготвен да преговара со рускиот претседател Владимир Путин, но предупреди дека ако било каков обид за преговори не успее, тоа може да значи дека борбата меѓу двете земји може да доведе до трета светска војна.

14:50 Експерт за говорот на телото: „Двајца „тешкаши“ и еден аматер“, кои пораки ги испраќаат Путин, Бајден и Зеленски

Секое обраќање на Владимир Путин, Владимир Зеленски и Џо Бајден, покрај вербалните пораки, се однесува и на невербалните.

Тие пораки ги објасни експертот за невербална комуникација Марко Буразор.

14:30 Папата Франциско со повик да престане конфликтот: Војната во Украина е неоправдан и бесмислен масакр

Папата Франциско денеска го нарече конфликтот во Украина неоправдан, бесмислен масакр и побара од лидерите да престанат со оваа неприфатлива војна.

„За жал, насилната агресија против Украина не стивнува, им порача папата Франциско на десетици илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар за време на неделната молитва, пренесе Ројтерс.

13:30 Убиен уште еден командант на Путин? Украинците објавиле негова слика, па порачале-нема да се врати дома

Украинските власти тврдат дека нивните сили го убиле заменик-командантот на руската Црноморска флота, со што им задале нов удар на силите на Владимир Путин.

Капетанот од прв ранг Андреј Палиј (51) е единствениот висок поморски офицер кој наводно бил убиен во војната во Украина.

13:15 Генералштаб на Украина: Голема е заканата од офанзива од Белорусија

Заканата од офанзива на војниците од Белорусија во правец на Волин е голема, но украинските борци се подготвени за одбивање, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесуваaт украинските агенции.

12:27 (Видео) Украина: Уништена е една од најголемите железари во Европа

Украинците тврдат дека една од најголемите европски железари лоцирана во Мариупол е уништена.

„Таа беше уништена од руско гранатирање“, изјави украинската пратеничка Лесија Василенко.

12:00 Европската комисија ги суспендираше сите проекти со Русија и Белорусија

Европската комисија ги суспендираше сите проекти што земјите од Европската Унија ги имаа со Русија и Белорусија, а кои се кофинансирани од фондовите на ЕУ, потврди еврокомесарката за кохезиона политика Елиса Фереира. „Интеррег и програмите за прекугранична соработка се прекинати. Не самите програми, туку транши од пари што требаше да ги поддржат руската и белоруската страна во таа соработка“, рече Фереира на 8-миот форум во Брисел.

11:15 Чавушоглу: Русија и Украина се поблиску до договор

Москва и Киев се приближуваат до договор за критичните прашања поврзани со инвазијата на Украина, изјави турскиот министер за надворешни работи. Мевлут Чавушоглу, кој присуствуваше на разговорите меѓу Украина и Русија во Анталија, додаде дека се надева на прекин на огнот доколку нема нови недоразбирања во разговорите.

10:55 (Видео) Русија: Ја лансиравме втората хиперсонична ракета во складиште за оружје во Украина

Русија ја нападна Украина со крстосувачки ракети од бродови во Црното и Каспиското Море и лансираше хиперсонични ракети од областа на Крим, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков изјави дека Русија извршила напади врз воената инфраструктура на Украина синоќа и утринава.

10:40 (Видео) Морничава снимка од конвојот на смртта од белоруските села: Луѓето снимале, војската дошла и ги спречила

Украинските медиуми објавија вознемирувачко видео на кое наводно се прикажани конвои со телата на убиените руски војници во Украина, кои Белорусите ги враќаат во Русија.

Белоруските медиуми и каналот Телеграм со денови пишуваат дека многу ранети руски војници се префрлени во Белорусија, каде што им е укажана прва помош, а потоа се транспортирани понатаму во Русија.


10:10 Кинески министер: Никогаш нема да прифатиме никаква надворешна принуда и притисок

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји утринава изјави дека времето ќе покаже дека позицијата на Кина е на вистинската страна на историјата во однос на украинската војна.

08.23 Украински официјални лица: Русија нападна училиште во кое имало 400 луѓе

Градскиот совет на Мариупол објави дека руските сили бомбардирале училиште во кое се засолниле 400 луѓе во саботата.

Во објава на Телеграм наведуваат дека зградата е уништена и дека луѓе се под урнатините. Во училиштето имало жени, деца и постари лица, соопштија официјални лица.

Засега нема информации за број на жртви.

Би-би-си, кој ја објави оваа вест, не можеше да ги потврди тврдењата на Киев. Москва упорно негира дека цели на цивилни цели.


07:34 Запрен конвој?

Руските војници наводно запреле конвој автобуси кои патувале кон Мариупол за да ги евакуираат жителите, пишува Киев Индипендент.

Повикувајќи се на градскиот совет на Бердјанск, весникот наведува дека конвојот бил запрен на неколку километри од Бердјанск.

07:01 Зеленски: Опсадата на Мариупол ќе влезе во историјата на одговорност за воени злосторства

Сепак, рече тој, потребни се мировни преговори со Русија, иако тие не се лесни и пријатни

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека руската опсада на пристанишниот град Мариупол е терор кој ќе се памети со векови, пренесува Ројтерс.

Во објавеното видео Зеленски вели дека опсадата на Мариупол ќе влезе во историјата на одговорноста за воените злосторства.

„Да се ​​направи ова на еден мирен град … е терор што ќе се памети со векови што доаѓаат“, рече Зеленски.

Сепак, рече тој, потребни се мировни преговори со Русија, иако тие не се лесни и пријатни.

Во Мариупол повеќе од две недели се приведени околу 400.000 луѓе. Русите интензивно и постојано го бомбардираат градот, а населението во многу делови од градот нема струја, греење и вода.

Спасувачите сè уште трагаат по преживеани во театарот во Мариупол. Русија негира дека погодила театар или цели на цивили.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили го стегаат обрачот околу Мариупол и дека улични борби се водат во центарот на градот.

Европа

Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад

Објавено пред

Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.

dobivaj vesti na viber

Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.

Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.

Прикажи повеќе...

Европа

Мерц реизбран за лидер на ЦДУ

Објавено пред

Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.

dobivaj vesti na viber

Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.

Резултатот е негов втор најдобар досега.

Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.

Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.

Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.

Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

Прикажи повеќе...

Европа

Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија

Објавено пред

Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.

dobivaj vesti na viber

Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.

„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.

Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.

До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет1 час

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет2 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет2 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет3 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет3 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија20 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија22 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија22 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија22 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија24 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет2 дена

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ2 дена

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ2 дена

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...