Контакт

Европа

(Од минута во минута) Обвинувања за наводна употреба на хемиско оружје во Мариупол, проруските сепаратисти негираат

Објавено пред

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во 48. ден

dobivaj vesti na viber

Клучни настани

  • Националната гарда на Украина објави дека Русија употребила хемиско оружје за време на нападот на Мариупол
  • Велика Британија ги проверува извештаите. Ако се потврди, велат, сите опции се на маса
  • Проруските сепаратистички сили во регионот на Доњецк негираа дека користеле хемиско оружје
  • Во Ирпин на сила е тридневен полициски час
  • Речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови
  • Зеленски: Украинските сили би можеле да ја прекинат опсадата на Мариупол, но ни треба тешко оружје
  • Јапонија воведе дополнителни санкции кон Русија
  • Путин изјави дека целите и задачите на „специјалната операција“ во Украина ќе бидат исполнети
  • Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика Европската унија да постави конкретни рокови во кои земјите од ЕУ ќе го отфрлат рускиот гас и нафта

Од минута во минута:

20:42 Француските форензичари ја истражуваат смртта на цивилите во Буча

Тим од француски форензичари пристигна во Буча во близина на Киев со задача да им помогнат на украинските власти да утврдат што се случило во тој град каде што беа пронајдени стотици цивилни тела по повлекувањето на руските сили.

20:17 Зеленски одбил да го прими германскиот претседател

Германскиот весдник „Билд“ повикувајќи се на извори од украинската влада, објавил дека германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер планирал да го посети Киев, но Зеленски одбил да се сретне, пренесуваат регионалните медиуми.

19:30 Путин за Украина: Сликите од Буча се лажни

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сликите од мртвите тела расфрлани низ украинскиот град Буча се лажни, пренесе агенцијата ТАСС.

17:20 САД засега не можат да потврдат употреба на хемиско оружје во Мариупол

Во овој момент, САД не можат да потврдат можна употреба на хемиско оружје во Мариупол, изјавил американски воен претставник, пренесуваат медиумите во светот.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар изјавила дека владата ги проверува непотврдените информации дека Русија можеби користела хемиско оружје за време на опсадата на Мариупол.

16:50 Лукашенко: Злосторствата во Буча ги извршија Британците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко заедно со рускиот претседател Владимир Путин го посетија космодромот „Восточни“ на далечниот исток на Русија.
Белорускиот претседател на прес-конференцијата по посетата рече дека наводите за воени злосторства во Буча се едноставна психолошка операција спроведена од Британците, пренесуваат агенциите.

16:10 Градоначалникот на Буча: Пронајдени телата на 403 цивили

Градоначалникот на украинскиот град Буча во близина на Киев изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа, но дека бројот се’ уште расте.

15:50 Обама: Заканата од Путин отсекогаш постоела

Поранешниот американски претседател Барак Обама оцени дека заканата од рускиот претседател Владимир Путин отсекогаш постоела, тврдејќи дека непромислениот начин на Путин да ја нападне Украина не би се очекувал пред десет години.

15:15 Украинците објавија нови податоци за руските загуби

Украинските власти тврдат дека од почетокот на војната на 24 февруари биле убиени 19.600 руски војници.

Украина исто така соопшти дека руските сили изгубиле 1956 оклопни возила, 732 тенкови и 140 хеликоптери.

Русија последен пат ги даде своите податоци за смртта на руски војници на 25 март, а тогаш информираа за 1351 загинат, но се верува дека реалната бројка е многу поголема.

14:45 Експерт за хемиско оружје: Да бидеме внимателни околу наводите за руски хемиски напад

Експерт за хемиско оружје повикува на претпазливост кога станува збор за наводите дека во нападот на Мариупол било употребено хемиско оружје. Тој посочува дека има малку информации за тоа што се случило.

Ден Казета од Royal United Services Institute рече дека е тешко да се процени целата ситуација од далечина, особено кога голем дел од неа се потпира на извештаи од втора или трета рака наместо на докази од местото на настанот.

14:18 Лукашенко: Белорусија ќе биде со Русија во секоја ситуација

Белорусија ќе биде со Русија во секоја ситуација, изјави денеска претседателот Александар Лукашенко за време на разговорите со неговиот руски колега Владимир Путин во космодромот Восточни во регионот Амур.

13:50 Пендаровски: Рускиот напад на Украина ги потврди придобивките од нашето членство во НАТО

„Рускиот напад на Украина на многу јасен начин ги потврди придобивките од нашето членство во Алијансата. Ужасот кој го гледаме во Украина, мислевме дека е невозможен на европско тло по страшните војни од минатиот век. За жал, сведочиме на страдање на милиони граѓани, пред наши очи се одвива огромна хуманитарна и бегалска криза. Потребна ни е солидарност и уште поголема соработка за да излеземе на крај со последиците на руските воени дејствија во Украина. Како дел од НАТО стоиме зад сите негови одлуки, а како земја-кандидат за членство во Европската Унија сме сто процентно усогласени со заедничката европска надворешна и безбедносна политика. Во таа смисла се приклучивме на сите пакети на санкции на Европската Унија насочени кон Русија“, рече Пендаровски за време на посетата во Црна Гора.

13.35 Украинските маринци што го бранат Мариупол преку видео ѝ се обратија на јавноста

Во проштална порака, припадниците на 36. поморска бригада рекоа дека ќе се борат до крај, но рекоа дека не им била обезбедена муницијата што им била потребна

13.05 Европската Унија го подготви петтиот пакет-санкции против Русија

Во Европската Унија има консензус за воведување нов пакет санкции против Русија поради инвазијата на Украина! Ова е петти пакет санкции, чие официјално објавување се очекува деновиве, а кои треба да и зададат дополнителен удар на руската економија за што поскоро да се запре војната во соседна Украина, пишува Вашингтон пост

13:00 Британски доброволец од Мариупол: Мора да се предадеме, немаме храна и муниција

Семејството и пријателите на Британец кој се бори во Украина изјавија за Би-Би-Си дека им се јавил и им кажал дека неговата единица им се предава на руските сили.

Ајден Аслин, родум во Британија, е вклучен во борбите во Украина откако се преселил во земјата во 2018 година и се приклучил кон маринскиот корпус на украинската армија. Во последните недели, единицата на Ајден била вклучена во одбраната на Мариупол, град во јужна Украина кој е целосно уништен од руските сили од почетокот на инвазијата на Украина.

Неговата мајка Анг Вуд изјави за Би-Би-Си дека нејзиниот син и рекол дека единицата нема друг избор освен да се предаде.

12.48 Голема колона руски воени возила се движи во правец на Донбас

Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува голем конвој руски воени возила во близина на Матвев Курган, село во руската област Ростовска. Географската локација на видеото ја утврди Си-Ен-Ен.

12.40 Нехамер не е оптимист дека на повидок е дипломатско решение за војната во Украина

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека по средбата со Владимир Путин „не е оптимист“ оти на повидок е дипломатско решение за војната во Украина, бидејќи, како што наведе, рускиот претседател е заробен од сопствената логика за природата.

12:34 Рускиот амбасадор во Загреб: Протерувањето на нашите дипломати е сериозен удар за билатералните односи

На протераните руски дипломати им е даден рок до 25 април да ја напуштат Хрватска, изјави рускиот амбасадор во Загреб, Андреј Нестеренко.

„Им беше даден рок до 25 април да ја напуштат земјата. Тоа е сериозен удар за нашите билатерални односи бидејќи протераните дипломати беа вистинските луѓе“, рече Нестеренко, цитиран од ТАСС.

12.25 Гувернерот на Донецк: Жестоките борби траат со денови, западното оружје ни помага многу

Украинскиот гувернер на источниот регион Доњецк, Павло Кириленко, за Би-Би-Си изјави дека во регионот се водат жестоки битки.

12:20 Германските медиуми го критикуваат Нехамер за посетата на Москва

Германските медиуми денеска остро го критикуваат австрискиот канцелар Карл Нехамер за неговата вчерашна посета на Москва и разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.

Главниот заклучок на германскиот печат е дека е подобро да не се патува во Москва.

12:08 Кина: Политиката на САД и НАТО го доведе руско-украинскиот конфликт до критична точка

Американските власти намерно го поттикнуваат конфликтот во Украина како дел од тактиката кинеско-руска воздржаност, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

„Политиката на САД и НАТО го доведе руско-украинскиот конфликт до критична точка. Американската страна не презеде никакви чекори за ублажување на ескалацијата на тензиите, туку, напротив, додаде масло на огнот принудувајќи други земјите да заземат страна“, рече Жао Лиџијан, пренесува „Тасс“.

11:50 Зеленски: ЕУ да одреди рокови за одбивање на рускиот гас и нафта

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика Европската унија да постави конкретни рокови во кои земјите од ЕУ ќе го отфрлат рускиот гас и нафта.

– Мора да се постават конкретни рокови за секоја земја од ЕУ за навистина да се одбие или барем значително да се ограничи потрошувачката на руски гас и нафта – рече Зеленски во своето обраќање во литванскиот парламент, пренесува РИА Новости.

11:40 Путин: Немавме друг избор освен да започнеме воена операција – ќе ги исполниме сите цели во Украина

Целите и задачите на „специјалната операција“ во Украина ќе бидат исполнети, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи исто така дека Русија не планира да се изолира од остатокот од светот.

11:30 Украинците објавија видео со детали за наводниот хемиски напад во Мариупол

Во видеото се наведени симптомите за кои војниците тврдат дека страдаат од руската употреба на хемиско оружје. Меѓу симптомите, тврди Азов, се хиперемија (зголемено количество крв во вените), висок крвен притисок, воспаление на фаринксот и мукозните мембрани на очите, слабост и треска. Некои споменуваат и тахикардија.

10:33 Велика Британија проверува дали руската војска користела хемиско оружје во Мариупол

Велика Британија се обидува да изврши проверка на извештаите според кои руската војска во напад врз украински град Мариупол, наводно употребила хемиско оружје.

Британскиот министер на вооружените сили, Џејмс Хепи рече дека „сите опции се на маса“ по извештаите за руска употреба на хемиско оружје во Мариупол.

10:20 Проруските сепаратисти тврдат: Не сме користеле хемиско оружје

Проруските сепаратистички сили во регионот на Доњецк негираа дека користеле хемиско оружје во јужниот пристанишен град Мариупол, објави руската новинска агенција Интерфакс.

10:18 Лукашенко пристигна во Русија на средба со Путин

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, допатува во работна посета на Русија, при што е планирана средба со рускиот лидер Владимир Путин.

Белорускиот авион број еден слета на аеродромот во Благовешченск, а шефот на белоруската држава беше пречекан од раководството на регионот Амур и Благовешченск, како и од членовите на белоруската делегација што пристигнаа еден ден претходно, се вели во соопштението.

10.05 Британски генерал: Ситуацијата во Украина се повеќе наликува на геноцид

Британскиот генерал Ричард Данат беше началник на Генералштабот на британските вооружени сили од 2006 до 2009 година

10.00 Зеленски потпиша демобилизација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша декрет за укинување на пролетното регрутирање и објавување на демобилизација на претходно регрутирани регрути, пренесува NEXTA

09.58 Зеленски за повлекувањето на руските војници од северот: Намерно оставаат мини зад себе, тоа е воено злосторство

Во обраќањето до нацијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека руските трупи кои се повлекуваат од делови на северна Украина намерно оставиле зад себе илјадници мини, што тој ги смета за „воено злосторство“.

09.55 Лавров ја откри вистинската цел на Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за државната телевизија „Русија 24“ рече дека ставот на Русија е променет и дека повеќе нема да има прекини на огнот поради преговорите

09.50 За денеска договорени девет коридори, од Мариупол евакуација само со приватни автомобили

Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук соопшти дека за денеска се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, меѓу нив и од опколениот град Мариупол, но само во приватни автомобили.

08.45 Во Ирпин кај Киев е на сила тридневен полициски час, денеска има девет коридори
На територијата на Ирпин, град во украинската Киевска област, се воведува полициски час за три дена, од 12 до 15 април, објави на Телеграм градоначалникот Александар Маркушин, пренесува агенцијата УНИАН.

08.35 Британија: Се очекуваат интензивни борби во источна Украина

Борбите во источна Украина ќе се интензивираат во следните две до три недели, а Русија продолжува да ги пренасочува своите војници во таа област, објави денеска британското Министерство за одбрана во редовниот дневен извештај.

08.30 Речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови

Агенцијата на ОН за деца, УНИЦЕФ, објави дека речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови во последните шест недели поради руската инвазија на нивната татковина.

08.10 Јапонија воведе дополнителни санкции кон Русија: Забранети се и нови инвестиции

Јапонската влада денеска одобри дополнителни санкции против 398 лица и 28 организации од Русија поради инвазијата на Украина. Конкретно, санкциите беа наметнати на претставниците на Државната дума, пишува Ројтерс.

08.00 Зеленски: Украинските сили би можеле да ја прекинат опсадата на Мариупол, но ни треба тешко оружје

Во своето последно видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека украинските сили би можеле да ја прекинат опсадата на Мариупол доколку им дадат тешко оружје.

Европа

Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот

Објавено пред

Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

dobivaj vesti na viber

НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.

„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.

Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.

НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.

Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.

Прикажи повеќе...

Европа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Објавено пред

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.

dobivaj vesti na viber

Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.

Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.

Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.

Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.

dobivaj vesti na viber

Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.

Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.

„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.

Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.

Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.

„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.

„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.

Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.

Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ2 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија3 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија3 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија5 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија5 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион5 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија6 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија7 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет7 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет7 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа8 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет8 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет8 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа8 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион17 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија18 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет20 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија24 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...