Свет
(Од минута во минута) Четвртата рунда преговори меѓу Украина и Русија би можела да биде утре, обновено напојувањето на нуклеарната централа Чернобил
Специјалната операција во Украина влезе во 18-от ден.
Сирени за воздушен напад се огласија во Киев во раните утрински часови, а имаше информации и за силно гранатирање.
Клучни настани:
Убиен новинар на „Њујорк тајмс“ во Киев
Украина: Русите употребија фосфорни бомби во Донбас
Кулеба: Русите киднапираа уште еден градоначалник
Во Лавов нападнат центар за воена обука и база западно од градот
Во Киев соборен дрон со три килограми експлозив
Данилов:Балтичките земји се во опасност од Русија
Новите сателитски снимки покажуваат катастрофални штети во Мариупол
од минута во минута:
21.55 Русите срушија селско училиште во близина на Николаев
Училиште во селото Зеленогаи, на околу 10 милји или 16 километри источно од Николаев, беше уништено од руски воен удар, изјави регионалниот администратор на Николаев, Витали Ким
21.50 Борис Џонсон: Бараме опции за зајакнување на самоодбраната на Украина
Британскиот премиер Борис Џонсон за време на денешниот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Велика Британија ќе продолжи да бара повеќе опции за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина
21.35 Зеленски ги повика водечките светски софтверски компании да ја бојкотираат Русија
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ги повика американските софтверски компании Мајкрософт и Оракл, како и германскиот производител на деловни софтвери САП, да ги прекинат услугите за поддршка за нивните производи во Русија
21.20 Нов живот во родилиштето во Киев среде војна- загрижени мајки држат новороденчиња во раце
Инвазијата на Руската Федерација врз Украина трае веќе 18 дена. Сите овие денови животот на Украинците радикално се промени
20.50 Повеќе од 2.100 жители на Мариупол се убиени од почетокот на руската инвазија
Повеќе од 2.100 жители на опколениот украински град Мариупол се убиени од почетокот на воените дејствија, соопштија во неделата локалните власти
20.30 Ракетирани украински тренинг центри – убиени до 180 странски платеници
Во нападот на центрите за обука на украинските војници во Старици и на полигонот Јаворовски загинаа до 180 странски платеници, соопшти руското Министерство за одбрана
20.15 Кулеба рече: И да преживееш, ќе бидеш воен злосторник
Украинскиот министер денеска изјави дека Русија води агресивна војна против Украина
20.00 Захарова: Продолжува уништувањето на руското информативно присуство
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаров денеска изјави дека Западот продолжува да го уништува руското информативно присуство
Турција нема да се приклучи на санкциите против неколку западни земји поради Русија поради Украина, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Дипломатскиот форум во Анталија во неделата
19.30 Украинскиот претседател ги посети ранетите војници
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска ги посети војниците во болница. Тие беа ранети за време на руските напади
19.00 Жителите на Киев се молат и чекаат да дојде војната
Новинарка на Би-Би-Си го опиша расположението во центарот на Киев
18.45 После четири дена обновено е напојувањето на нуклеарната централа Чернобил
Украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко денеска изјави дека е повторно воспоставено снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа во Чернобил, пишува Ројтерс
18.30 Мишел Мартин: Околу 5.500 украински бегалци пристигнаа во Ирска
Околу 5.500 украински бегалци пристигнаа во Ирска од руската инвазија на Украина, изјави денеска премиерот Таоисак Мишел
18.15 Зеленски: Разговарав со претседателот на Европскиот совет
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска разговараа
18.00 ОН, СЗО и УНИЦЕФ апелираат: Итен прекин на нападите врз здравствените установи во Украина
Светската здравствена организација (СЗО) и две други агенции на Обединетите нации (ОН) денеска апелираа итно да се запрат нападите врз здравствените установи во Украина.
17.45 Зеленски ги повика водечките светски софтверски компании да ја бојкотираат Русија
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ги повика американските софтверски компании Мајкрософт и Оракл, како и германскиот производител на деловни софтвери САП, да ги прекинат услугите за поддршка за нивните производи во Русија
17.30 Се појавија снимки од бомбардирањето на фабрика во близина на Харков и училиште во Миколаев
Секојдневно од Украина пристигнуваат страшни вести откако Русија реши да ја нападне оваа земја на 24 февруари
17.10 Русите потврдија: Ја нападнавме базата долж границата на НАТО
Руското Министерство за одбрана ја презеде одговорноста за ракетен напад врз воена база во близина на Лавов
16.55 Зеленски: Убиени 13.000 руски војници
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од почетокот на рускиот напад врз Украина се убиени 13.000 руски војници
16.40 Песков: Четвртата рунда преговори меѓу Украина и Русија би можела да биде утре
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска откри дека четвртиот круг преговори меѓу Русија и Украина наводно ќе продолжи утре
16.30 Зеленски: Војната не е само воена опозиција на територијата на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека војната не е само воена опозиција на територијата на Украина.
16.15 Саливен ја предупредува Кина: Ќе има последици доколку Пекинг и помогне на Москва
Американските власти го предупредија Пекинг дека ќе има последици доколку Кина се обиде да и помогне на Русија да ги надомести загубите од западните санкции, изјави денеска советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џејк Саливан
15:58 Во масовна гробница во близина на Киев закопани се 67 цивили
67 цивили беа закопани во масовна гробница во Буча, Украина, во близина на Киев, област која беше место на жестоки борби. Видеото објавено од новинската агенција UNIAN покажува тела во црни пластични кеси како се пренесуваат од камион во јама. Во позадина е црквата.
Лекарот рекол дека не се идентификувани сите жртви, пишуваат украинските медиуми. Станбени згради се уништени во гранатирање во град северозападно од Киев.
15:09 Западни разузнавачи велат дека Путин е болен – се работи за рак, деменција или Паркинсонова болест
Западните разузнавачи веруваат дека личноста на Владимир Путин драматично се променила во последните пет години и дека 69-годишниот руски претседател покажува растечка и очигледна параноја за неговото здравје.
Иако промената на карактерот е забележлива, според разузнавачките извори, не е познато што би можело да биде причината, а можните објаснувања се движат од рак, Паркинсонова болест и почеток на деменција до употреба на стероиди за лекување на друга состојба, објави „Гардијан“.
14:30 Новинар на „Њујорк Тајмс“ убиен во близина на Киев
Репортерот на „Њујорк Тајмс“ е убиен во близина на Киев, потврди началникот на регионалната полиција.
Наградуваниот видео новинар Брент Рено (51) беше застрелан кога руските сили отворија оган врз автомобил во близина на Ирпин.
Уште еден новинар, кој бил со него во тоа време, е однесен во болница на лекување по нападот.
14:20 Брисел подготвува нови санкции против Русија – ќе бидат објавени за неколку часа
Членките на ЕУ подготвуваат нови санкции против Русија, кои ќе бидат објавени во наредните часови, изјави извор од француското претседателство.
Изјавата дојде неколку часа по телефонскиот разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин, францускиот лидер Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.
„ Во наредните часови ќе објавиме нови санкции. Разговорите меѓу лидерите беа искрени и тешки“ – навел изворот, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
13:34 Во Италија се преврте автобус полн со бегалци од Украина – има загинати и повредени
Автобус со околу 50 украински бегалци излета од патот во Италија. Во несреќата едно лице загина а неколку се повредени.
Несреќата се случила помеѓу Чесена и Римини, на североисточниот брег.
? #Bus #Ucraina, #vigilidelfuoco impegnati con due autogru per sollevare il mezzo ribaltato [#13marzo 9:30]#A14 Forlì-Cesena pic.twitter.com/avIfDarEci
— Vigili del Fuoco (@emergenzavvf) March 13, 2022
13:27 Украина: Русите употребија фосфорни бомби во Донбас
Началникот на украинската полиција во областа Луганск, на исток, ја обвини руската армија дека го бомбардирала неговото место со фосфорни бомби.
Олексиј Билошицки, началникот на полицијата во Попасна, сто километри западно од Луганск, рече дека Русите користеле фосфорни бомби за да го нападнат неговото место.
„ Нацистите ги нарекуваа „запален лук“ и русисти (со спојување на зборовите Руси и фашисти) само ги фрлаат по нашите градови. Неописливо страдање и пожари“, напиша тој на Фејсбук. Во моментов е невозможно да се потврди информацијата.
12:57 Дуда: НАТО треба сериозно да размисли ако Путин употреби хемиско оружје
Полскиот претседател Анджеј Дуда во денешното интервју изјави дека руската употреба на хемиско оружје во Украина ќе промени сè и дека НАТО ќе мора сериозно да размисли како да одговори.
„ Ако употреби какво било оружје за масовно уништување, тоа целосно ќе ги промени работите“ рече Дуда.
12:50 Кулеба: Руските сили го киднапираа и градоначалникот на Днипрорудна
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска изјави дека руските сили го киднапирале градоначалникот на градот Днипрорудна, кој се наоѓа на југот на земјата.
Според Би-Би-Си, Евхен Матвејев е вториот украински градоначалник кој е киднапиран од руските сили во последните три дена, откако градоначалникот на блискиот Мелитопол, наводно, бил киднапиран во петокот.
Today, Russian war criminals abducted another democratically elected Ukrainian mayor, head of Dniprorudne Yevhen Matveyev. Getting zero local support, invaders turn to terror. I call on all states & international organizations to stop Russian terror against Ukraine and democracy. pic.twitter.com/jEPTBTLikY
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) March 13, 2022
12:00 Најмалку 35 лица загинаа, а 134 се ранети во нападот на базата во близина на Лавов
Најмалку 35 лица загинаа, а 134 се повредени во руски ракетен напад врз воена тренинг база во западна Украина.
11:55 Данилов: Ако Русија нѐ победи, следна на удар ќе биде Литванија
Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Алексеј Данилов вели дека балтичките земји се во опасност од Русија.
„ Што се однесува до ситуацијата со балтичките држави и Полска, тие се навистина во опасност од Русија. Не сите во Европа се свесни за тоа. Однесувањето на некои земји, како на пример Германија, е малку чудно со оглед на тоа што се случува во Европа во 21 век…“, рече тој, а пренесуваат украинските медиуми.
Данилов истакна дека Русија нема да запре.
10:30 Русија: Уништивме 3687 воени објекти
Портпаролот на руското Министерство за одбрана изјави дека војската на Путин досега уништила 3687 украински воени објекти, пренесе локална новинска агенција.
10:15 Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов
Во ракетниот напад врз воената база во близина на Лавов загинаа 20 луѓе, соопштија за „Гардијан“ од службите за итни случаи.
Лук Хардинг од „Гардијан“, лоциран во Јаворив, каде што се наоѓа базата, рече дека бројот на загинати го надминал оној претходно наведен од гувернерот Максим Козитски. Тој рече дека загинале девет лица, а 57 се ранети.
Ракетниот напад се случил во 17 часот и 45 минути. Две големи експлозии можеа да се забележат во база на околу 12 километри од полската граница.
10:07 Девет загинати и 57 ранети во рускиот воздушен напад врз воена база во близина на Лавов
Гувернерот на областа Лавов изјави дека во нападот на воената база западно од градот загинале девет лица, а ранети се 57.
Гувернерот Максим Козицки потврди дека Русија утринава истрелала 30 ракети врз комплекс на околу 50 километри југозападно од Лавов и на околу 25 километри од границата со Полска, пренесува „Ројтерс“.
10:05 Украинскиот министер за одбрана: Ова е терористички напад во близина на границата на НАТО
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ги нарече терористички руските ракетни напади врз воената база наречена Меѓународен центар за мир и безбедност, која се наоѓа западно од Лавов, на 25 километри од границата со Полска.
Резников додаде дека во воената база работат странски инструктори.
russia has attacked the International Center for Peacekeeping&Security near Lviv.Foreign instructors work here.Information about the victims is being clarified.This is new terrorist attack on peace&security near the EU-NATO border.Action must be taken to stop this.Close the sky!
— Oleksii Reznikov (@oleksiireznikov) March 13, 2022
10:00 Нов извештај на британското разузнавање: Русите напредуваат, но трпат големи загуби
Британското Министерство за одбрана го објави најновиот разузнавачки извештај во кој се наведува дека руските војници се обидуваат да ги опколат украинските сили на исток и напредуваат од правец на Харков и Мариупол, двата опколени градови.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 13 March 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/eTyMwvnz4V
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/FLC100EJAr
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) March 13, 2022
9:50 Истрелани проектили кон украинската воена база во близина на границата со Полска
Градоначалникот на украинскиот град Лавов, Андриј Садовји, потврди руски напад врз украинскиот меѓународен центар за мир и безбедност, западно од Лавов. Тој рече дека биле истрелани осум проектили кон украинскиот Центар за меѓународен мир и безбедност.
Станува збор за воен центар за обука и база западно од Лавов, во близина на границата со Полска, која е оддалечена околу 25 километри.
Large Columns of Smoke can be seen rising from the direction of the Yavoriv Military Training Ground 25 miles to the Northwest of the Western Ukrainian city of Lviv which was reportedly hit by Russian Airstrikes a little bit ago. pic.twitter.com/nW4fQ0EiL8
— OSINTdefender (@sentdefender) March 13, 2022
9:40 Дрон со експлозив се урна во Киев
Украинските безбедносни сили вчера попладне собориле беспилотно летало во Киев, според официјални лица и очевидци.
Се наведува дека во дронот имало три килограми експлозив, а се урна во областа Подил во Киев. Бил предизвикан помал пожар во филијала на банка. Геолокацијата на сликите објавени на Твитер ја потврди и Би-Би-Си.
Samedi matin, dans le centre de #Kyiv, un drone explosif pouvant contenir une charge de 3 kilos a été repéré et descendu par un tir de défense, déclenchant un début d’incendie dans une banque. Dans le quartier de Podil. De manière anecdotique dans mon ancienne rue pic.twitter.com/dbXeCpLNs1
— Stéphane Siohan (@stefsiohan) March 12, 2022
9:30 Шефот на НАТО: Русија може да употреби хемиско оружје
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во инвазијата на Украина и дека таквиот потег би бил воено злосторство.
„Ројтерс“ пренесува дека Столтенберг за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјавил дека Кремљ измислува лажни изговори за да ја оправда можната употреба на хемиско оружје.
„ Последниве денови слушнавме апсурдни тврдења за лаборатории за хемиско и биолошко оружје. Сега кога се изнесени овие лажни тврдења, мора да бидеме внимателни бидејќи е можно самата Русија да планира операции со хемиско оружје под маската на овие измислици и лаги“, рече Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за иднината на Газа, на настан на кој ќе учествуваат претставници од повеќе од 45 земји.
Разоружувањето на Хамас, фондот за реконструкција и протокот на хуманитарна помош до палестинската енклава се прашања што ќе ја тестираат ефикасноста на Одборот во наредните недели и месеци. Се очекува Трамп да објави дека членовите досега собрале 5 милијарди долари за реконструкција на Газа, вклучувајќи по 1,2 милијарди долари од Обединетите Арапски Емирати и Кувајт.
Одборот за мир е контроверзен бидејќи го вклучува Израел, но не и Палестинците, поради тоа што според замислата на Трамп би требало да се занимавала и со други прашања освен Газа, што предизвика загриженост дека би можела да се намали улогата на ОН како главна платформа за глобална дипломатија и решавање на конфликти.
Високи американски претставници, исто така, изјавија дека Трамп ќе објави дека неколку земји планираат да испратат илјадници војници во Меѓународните сили за стабилизација за да помогнат во одржувањето на мирот во Газа. Се очекува делегации од 47 земји, вклучувајќи ја и Европската Унија, да присуствуваат на настанот. Но, постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, Франција, Велика Британија, Русија и Кина, нема да присуствуваат на состанокот.
Покрај Трамп, меѓу говорниците ќе бидат и државниот секретар на САД, Марко Рубио, американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, поранешниот британски премиер Тони Блер, за кого се очекува да има висока позиција во Одборот, амбасадорот на САД во ОН, Мајк Валц, и високиот претставник за Газа, Николај Младенов.
Свет
Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот
Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука дали да одобри таква акција, соопштија извори запознаени со ситуацијата.
На Белата куќа ѝ е кажано дека војската би можела да биде подготвена до викендот по значителното зголемување на воздухопловните и поморските сили на Блискиот Исток во последните денови, објави CNN. Околу една третина од активните флоти на американската морнарица во моментов се собрани или се на пат кон Блискиот Исток.
Сепак, еден извор предупредува дека Трамп приватно ги одмерува добрите и лошите страни на воената акција и се консултира со помошниците и сојузниците за најдобриот тек на дејствување.
Високи претставници за национална безбедност се состанаа вчера во кризната соба на Белата куќа за да разговараат за ситуацијата со Иран. Истиот ден, Трамп беше информиран за индиректните разговори со Иран што се одржаа претходниот ден од специјалниот пратеник Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер. Сè уште не е познато дали Трамп ќе донесе одлука до викендот.
„Тој поминува многу време размислувајќи за ова“, рече еден извор.

A general view of the US Navy’s aircraft carrier USS Gerald R. Ford as it sails in the North Sea, off the coast of Denmark, 22 May 2023. EPA/Hakon Mosvold Larsen NORWAY OUT
Преговори без напредок
Информацијата дека американската војска е подготвена за напад до викендот првпат ја објави CBS News. Во меѓувреме, иранските и американските преговарачи разменуваа пораки три и пол часа во индиректни разговори во Женева во вторник, но состанокот заврши без јасно решение. Главниот ирански преговарач рече дека двете страни се согласиле за „сет водечки принципи“, додека американски функционер инсистираше дека „сè уште има многу детали што треба да се дискутираат“.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, вчера изјави дека се очекува Иран да даде повеќе детали за својата преговарачка позиција „во следните неколку недели“, но не сакаше да каже дали Трамп ќе ја одложи воената акција во меѓувреме. „Нема да поставам рок во име на претседателот на Соединетите Американски Држави“, рече таа.
Бела куќа: Постојат многу причини за напад
Таа додаде дека иако „дипломатијата е секогаш негова прва опција“, воената акција останува на маса. „Постојат многу причини и аргументи што би можеле да се изнесат за напад врз Иран“, рече Ливит, истакнувајќи дека Трамп „првенствено“ се потпира на советите од својот тим за национална безбедност.
Како дел од дипломатските активности, американскиот државен секретар Марко Рубио треба да отпатува во Израел на 28 февруари за да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху за да го информира за преговорите со Иран.

F-18 fighter jets stand on deck while US Navy service members maintain them during Sunday break on the side of an exercise called Silent Wolverine on the USS Gerald R. Ford aircraft Carrier in Eastern Atlantic Ocean, France, 13 November 2022. This exercise takes place along with 6 NATO ally nations including United States, Canada, Denmark, Germany, France, the Netherlands, and Spain. The Silent Wolverine exercise demonstrates the US commitment to supporting regional stability and security through seamless interchangeability amongst participating NATO allies. EPA/STEPHANIE LECOCQ
Американскиот носач на авиони пристигнува, Иранците бетонираат клучни локации
Нејасните изјави ги поттикнаа стравувањата од воен конфликт, дури и кога официјалните лица изразуваат надеж за дипломатија. Најнапредниот американски носач на авиони во американскиот арсенал, „УСС Џералд Форд“, би можел да пристигне во регионот уште овој викенд, приклучувајќи се кон други воени сили.
Американските воздухопловни сили со седиште во Обединетото Кралство, вклучувајќи воздушни танкери и борбени авиони, се приближуваат кон Блискиот Исток, според извори запознаени со движењата на силите.
Во меѓувреме, Иран зајакнува неколку од своите нуклеарни објекти, користејќи бетон и големи количини земја за да ги закопа клучните локации под притисок на американската војска. Тоа го покажуваат новите сателитски снимки и анализи од Институтот за наука и меѓународна безбедност.
New satellite imagery shows activity at Iran's Isfahan nuclear facility. Entrances to the tunnels have been covered and sealed with dirt, possibly to protect the site from airstrikes or a raid, per a report from @TheGoodISIS.
Nov 2024 vs Feb 8 & Feb 10 (📸: @vantortech) pic.twitter.com/D7zt1CUFS6
— Jake Epstein (@byjepstein) February 10, 2026
Напади по Олимписките игри?
Неколку настани во календарот би можеле да влијаат на времето на потенцијален напад. Зимските олимписки игри, кои традиционално се сметаат за момент на глобално единство, завршуваат во недела, а некои европски претставници веруваат дека напад нема да се случи пред тоа.
Средата го означи почетокот на Рамазан, а некои сојузници на САД на Блискиот Исток, кои лобираа против нападот од страв од регионална дестабилизација, рекоа дека напад за време на муслиманскиот свет месец би покажал непочитување од Соединетите Американски Држави.
Трамп, исто така, го одржува своето годишно обраќање за состојбата на нацијата во вторник, кое, според помошниците, веројатно ќе го означи почетокот на неговата порака за внатрешните прашања. Не е познато дали претседателот ги зема предвид некој од овие настани додека ги разгледува своите опции.
Нејасни цели, недостаток на поддршка
Изјавите на Трамп за Иран во последните недели направија малку за да обезбедат поддршка од американската јавност или Конгресот за голема воена операција. Тој сигнализираше желба за промена на режимот и инсистираше дека Иран не смее да се здобие со нуклеарно оружје, но не прецизираше кои би биле неговите точни цели доколку нареди напад.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

