Контакт

Европа

(Од минута во минута) Москва: Имаме посилни нерви од ЕУ, Украина: Русите нападнаа конвој со жени и деца

Објавено пред

Нов ден од руската инвазија на Украина

dobivaj vesti na viber

Клучни настани

Нуклеарните централи во Чернобил и Запорожје се под контрола на руските сили

САД со нова воена помош за Украина

Експлозии во украинските градови Николаев, Кропивницки и Днепар

Русите се доближуваат до Киев, пукаат во населени места

Зеленски до руските мајки: Не ги праќајте вашите деца во војна во Украина

Договорени се повеќе хуманитарни коридори за Суми

Од минута во минута:

22:00 Украина: Руските сили пукаа во конвој со жени и деца и убија седум луѓе

Украинските разузнавачи ја обвинија Русија дека отворила оган врз конвојот со кој се евакуирале жени и деца од селото Пермоха во регионот на Киев и дека убила седум лица, од кои едно дете.

„ По нападот, окупаторите ги принудија преостанатите во колоната да се вратат во Перемох и не им дозволија да го напуштат селото“, се вели во соопштението на разузнавачката служба.

Оттаму додаваат дека не е познат вкупниот број на ранети.

„ Русите пукаа во колона од жени и деца кои се обидуваа да го напуштат селото Перемоха во регионот на Киев по „зелениот“ коридор. Седум лица загинаа, меѓу кои и едно дете“, се вели во соопштението.

20:50 Чешка бара помош од ЕУ за сместување на украинските бегалци

Чешка побара од Европската унија 25 модуларни згради за сместување на 50.000 украински бегалци бидејќи нејзините ресурси се речиси исцрпени, изјави денеска чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан.

„ Побаравме 25 хуманитарни кампови за 2.000 бегалци по камп“, рече тој, јави новинската агенција ЧТК.

Портпаролката на главната противпожарна бригада, која има голема улога во транспортот и приемот на бегалците, Павла Јакубова, изјави дека „можноста за сместување бегалци во Чешка е речиси исцрпена“.

19:45 Украинските сили гранатираа руски товарен цивилен брод

Украинските сили гранатираа руски товарен цивилен брод, кој пловел од Грција кон Таганрог, во Азовското Море, соопшти денеска Рускиот истражен комитет.

Главниот истражен оддел на Рускиот истражен комитет отвори кривична постапка за обид за убиство по гранатирање на руски брод, се наведува во соопштението, пренесе ТАСС.

19:22 Околу 2000 луѓе евакуирани од Киев

Околу 2.000 луѓе се евакуирани денеска од регионот на Киев, соопшти Украинската државна служба за вонредни ситуации.

Како што изјавила, конвојот за евакуација на 40 автобуси попладнето пристигнал во селото Билогород, јавува Би-би-си.

На евакуираните им била укажана помош, вклучително и медицинска и психолошка помош, се додава во соопштението.

19:15 Порошенко:Путин е луд, тој е воен злосторник

Порошенко рече дека украинските сили нема да се откажат и дека се проценува дека руските војници се оддалечени околу 40 километри од Киев.

„ Ве молам, не верувајте му на Путин, не и верувајте на Русија. Мислам дека Путин е воен злосторник. Тој е луд“, изјави Порошенко во интервју за Си-Ен-Ен во Киев.

Тој рече дека, иако украинските сили имаат се помалку муниција, тие немаат намера да се откажат.

18:23 Москва: Имаме посилни нерви од ЕУ за енергетски застој

Русија има посилни нерви од ЕУ за енергетски застој, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Москва е подготвена за силен ќор-сокак во енергетскиот сектор доколку ЕУ продолжи со своите планови да се откаже од рускиот гас, нафта и јаглен, изјави висок претставник на Министерството за надворешни работи.

18:20 Нуклеарните централи Чернобил и Запорожје се под контрола на руските сили

Украинските нуклеарни централи во Чернобил и Запорожје, кои сега се под контрола на руските сили, се управувани од украински персонал, соопшти денеска руската агенција за атомска енергија Росатом.

РИА Новости пренесе соопштение на Росатом, во кое се наведува дека со помош на руски експерти се обезбедува надворешно напојување на згаснатата електрана во Чернобил, местото на најголемата нуклеарна несреќа во светот во 1986 година.

17:30 САД со нова воена помош за Украина

Бајден потпиша меморандум за воена помош за Украина во износ до 200 милиони долари, соопшти Белата куќа.

17:00 Зеленски: Мировниот процес 100 отсто треба да започне со прекин на огнот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ново видео обраќање до нацијата порача дека не може да започнат преговори со Русија пред да се договори прекин на огнот меѓу силите на Киев и Москва.

Зеленски одлучно рече дека завршувањето на војната значи целосен прекин на огнот.

„ Нашите дипломати работат и разговараат за некои точки од можниот дневен ред меѓу нас и Руската Федерација. Сакам тоа да се материјализира и процесот на завршување на војната, мировниот процес, да започне 100 отсто со прекин на огнот“, рече Зеленски.

16:34 Ватикан подготвен да биде посредник

Ватикан е подготвен да стане посредник за кризата во Украина, изјави ватиканскиот државен секретар кардинал Пјетро Паролин.

16:30 Путин разговараше со Шолц и Маркон: Украина грубо го крши меѓународното право

Рускиот претседател Владимир Путин имаше телефонски разговор со сојузниот канцелар на Германија, Олаф Шолц и со претседателот на Франција, Емануел Макрон. Во однос на поставените прашања од соговорниците за хуманитарната ситуација во областите на специјалната воена операција за заштита на Донбас, Путин информираше за вистинската состојба на работите.

Посебно се наведени бројни факти за најгрубо кршење на меѓународното хуманитарно право од страна на украинските безбедносни сили: вонсудска одмазда против неистомислениците, земање заложници и употреба на цивили како жив штит, поставување тешко оружје во станбени населби, во близина на болници, училишта, градинки и слично.

15.45 Белорусија: Само ротираме сили на границата, нема да ја нападнеме Украина

Белорусија нема планови да се приклучи на руската инвазија на Украина, но испраќа пет баталјонски тактички групи (БТГ) на својата граница на ротирачка основа за да ги заменат силите што веќе се стационирани таму, изјави во саботата началникот на Генералштабот на белоруската армија

15.30 Нова рунда разговори: Шолц и Макрон бараат од Путин прекин на огнот

Лидерите на Франција и Германија водат уште една рунда телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин

15.00 Путин ги уапси шефот на разузнавачката служба и неговиот заменик, што подготвува за Шојгу и Лавров?

Шефот на Федералната служба за безбедност на ФСБ, Сергеј Беседа, наводно е во домашен притвор, објави британски „Тајмс

14.45 Русија се закани на САД: Конвоите со оружје што ги испраќате ќе ги третираме како цели

Русија ги предупреди САД и Западот за последиците од испраќањето оружје во Украина

14.15 Мис Украина побегна со синот: Немаше место каде што нема да експлодираат бомби

Поранешната Мис на Украина, Вероника Дидушенко во вторникот го опиша своето патување со својот син за да избега од Киев и нејзината татковина додека руските трупи ја нападнаа земјата минатиот месец

13.50 Ново обраќање на Зеленски: Руската војска претрпе најголеми загуби во последните децении

Украинскиот претседател Володимир Зеленски штотуку објави ново видео обраќање до нацијата на социјалните мрежи

13.20 Украина: 12.000 руски војници загинаа во војната, уништени се и 1.205 оклопни борбени возила

Украинското Министерство за надворешни работи денеска на Твитер објави графика со информации за руската инвазија. Тие посочија колку војници, авиони, тенкови, хеликоптери и тенкови изгубила руската армија

13.00 Белорусија: Само ротираме сили на границата, нема да ја нападнеме Украина

Белорусија нема планови да се приклучи на руската инвазија на Украина, но испраќа пет баталјонски тактички групи (БТГ) на својата граница на ротирачка основа за да ги заменат силите што веќе се стационирани таму, изјави во саботата началникот на Генералштабот на белоруската армија

12.45 Руските сили гранатираа џамија во која имало 80 возрасни и деца

Руските сили гранатираа џамија во јужниот украински пристанишен град Мариупол, при што беа засолнети повеќе од 80 возрасни и деца, вклучително и турски државјани, соопшти украинското Министерство за надворешни работи

12.20 Поранешен заменик генерален секретар на НАТО: Руските сили нема да успеат да го нападнат Киев

Поранешен заменик генерален секретар на НАТО: Руските сили нема да успеат да го нападнат Киев

12.00 Целосно уништена локалната болница во источна Украина

Има се повеќе докази дека градот Волноваха во источна Украина паднал во рацете на руските сили и нивните сојузници

11.40 Украински пратеник: Киев ќе биде руски Сталинград

Битката за главниот град на Украина, Киев, би можел да биде новиот руски Сталинград, изјави украинскиот пратеник за Би-Би-Си

11.20 Пентагон: Немаме конкретни докази дека Русија би употребила хемиско оружје во Украина

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека САД не виделе докази кои укажуваат на тоа дека Русија може да употреби хемиско оружје во Украина

11.00 Русија го забрани инстаграм – популарната апликација ќе биде блокирана во понеделник
Директорот на Инстаграм Адам Мосери потврди дека одлуката на Русија да ги блокира социјалните мрежи значи дека милиони Руси од понеделник ќе останат без пристап до оваа апликација Мета

10.50 Европа ја затвора руската пропагандна машинерија

YouTube објави дека почнал да го блокира глобалниот пристап до каналите поврзани со руските државни медиуми, наведувајќи ја политиката на забрана на содржини што ги негираат, минимизираат или тривијализираат насилните настани

10.35 САД воведоа санкции за 12 пратеници и сопругата и децата на Дмитриј Песков

САД воведоа санкции за 12 пратеници на руската Државна дума, односно на Долниот дом на парламентот и на сопругата и возрасните деца на прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс

10.20 1,6 милиони луѓе избегаа од Украина во Полска

Речиси 1,6 милиони луѓе побегнале од Украина во Полска од почетокот на војната, соопшти денеска полската агенција за гранична стража, пренесува Би-Би-Си

10.15 Украинско Министерство за одбрана: Непријателските сили уништени во воздушни напади
Утрово украинското Министерство за одбрана ја објави снимката и нагласи дека непријателските сили на патот кон Киев биле уништени со воздушен напад

10.10 Во Харков загинаа пет лица, меѓу кои две деца

Украинската државна служба за итни случаи (СЕС) објави дека спасувачите во Харков пронашле тела на пет лица, меѓу кои и две деца, кои загинаа кога руски бомби погодија станбена зграда во селото Слобожанске надвор од градот

10.00 Британско Министерство за одбрана: Русите се обидуваат да го опкружат Киев, обидувајќи се да ја намалат ранливоста на контранапади

Поголемиот дел од руските копнени сили моментално се наоѓаат на околу 25 километри од центарот на украинската престолнина Киев, објави во саботата Министерството за одбрана на Велика Британија во најновата разузнавачка проценка.

09.50 Зеленски испрати порака до руските мајки: Не ги праќајте вашите деца во војна во Украина

Володимир Зеленски, претседателот на Украина, во своето последно видео обраќање ги повика руските мајки да не ги испраќаат своите деца на боиштата

09.40 Руските сили гранатираа онколошка болница

Руските сили ја гранатираа регионалната онколошка болница во Миколаев, објави шефот на градската регионална здравствена управа, Максим Безносенко

09.30 Договорени се повеќе хуманитарни коридори за Суми

Неколку хуманитарни коридори се договорени во саботата наутро за североисточниот град Суми во конфликт

09.20 Гори магацин за муниција во близина на Киев

Според полициските извештаи, пожарот избувнал по силен руски напад со 6 проектили на локалниот воен аеродром околу 7 часот

09.10 Русите се доближуваат до Киев, пукаат во населени места

Американската компанија Maxar објави нови сателитски снимки на кои се гледа како куќите горат додека руските воени трупи се повеќе напредуваат кон главниот град на Украина

09.00 Експлозии во украинските градови Николаев, Кропивницки и Днепар

Во неколку украински градови утринава се слушнале експлозии на кои им претходеле алармни сирени, јавуваат украинските медиуми



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Објавено пред

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле.

dobivaj vesti na viber

Украина стана светски лидер во развојот на беспилотни копнени возила (UGV), за кои војската вели дека ќе ѝ овозможат координирање на роботско војување, а воедно и намалување на човечките жртви, според Фондацијата Џејмстаун, одбранбен тинк-тенк.

Сега, видеото стана вирално на социјалните мрежи, наводно прикажувајќи двајца руски војници како се предаваат на токму таков робот, објавува  Futurism.

Снимки од бојното поле
На видеото се прикажани двајца руски војници како излегуваат од зграда со кренати раце и се предаваат на вооружен робот.

Според украинскиот воен портал Militarnyi, станува збор за извидувачка и ударна копнена единица наречена Droid TW, произведена од украинската одбранбена компанија DevDroid. Дроидот користи вештачка интелигенција за автономно препознавање цели и е вооружен со муниција од 7,62 мм.

Роботот првично е развиен на барање на Првиот медицински баталјон на украинската армија, кој барал начин да ги евакуира ранетите под силен оган, но судејќи според снимките, армијата пронашла друга примена за него.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон: Руските напади врз цивили се неприфатливи, испраќаме помош во Украина

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги осуди руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура и најави испраќање генератори во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Вчерашниот напад врз патнички воз во регионот Харков е неприфатлив. Франција остро ги осудува руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура. Соочени со итноста, се мобилизираме. По состанокот на Г7+, на кој копретседател е Франција, во Украина ќе бидат испратени генератори за да му се помогне на населението да ја преброди зимата“, рече Макрон на платформата за социјални медиуми Икс.

Неговата изјава следеше по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ставот на Франција е јасен: ние ќе ја поддржиме Украина колку што е потребно за да се одбрани и да ја победи агресијата предводена од Русија. Украина може да смета и на Франција во рамките на Коалицијата на волните. Ние продолжуваме да работиме на создавање услови за праведен и траен мир што ја гарантира безбедноста на Украина и Европа“, рече Макрон.

Тој додаде дека европските лидери се согласиле целосно да бидат вклучени во дискусиите што ги засегаат во контекст на тековните мировни преговори.

„Франција останува решена да го зголеми притисокот врз Русија сè додека таа избегнува мир. Работиме на нови санкции на европско ниво и ќе продолжиме со нашите напори за нарушување на флотата во сенка“, додаде Макрон.

Прикажи повеќе...

Европа

Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно

Објавено пред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно.

dobivaj vesti na viber

„Пристапувањето на 1 јануари 2027 година не доаѓа предвид. Тоа не е можно“, рече Мерц по разговорите со коалициските партнери во Берлин.

Секоја земја што сака да се приклучи на ЕУ прво мора да ги исполни Копенхашките критериуми, процес што обично трае неколку години, истакна канцеларот.

Сепак, тој нагласи дека на Украина ѝ е потребна перспектива што ќе го отвори патот за пристапување на долг рок.

„Можеме постепено да ја доближиме Украина до Европската Унија за време на овој процес“.

„Тоа е секогаш можно, но толку брзо пристапување едноставно не е изводливо“, додаде Мерц.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повтори барањето на неговата земја за членство во ЕУ уште во 2027 година.

„Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции не само за нас, туку и за цела Европа“, напиша тој на платформата Икс по телефонскиот разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.

„Колективната сила на Европа е можна, особено благодарение на безбедносниот, технолошкиот и економскиот придонес на Украина“, истакна Зеленски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Свет3 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија5 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет7 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија9 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија11 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет1 ден

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија1 ден

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија1 ден

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија1 ден

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет1 ден

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија1 ден

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет1 ден

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет1 ден

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет2 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија2 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија2 дена

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...