Европа
(Од минута во минута) Украина загуби град на истокот? Русија: Започнавме со масовни удари
Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во својот 54. ден
Клучни настани
Експлозии во Лавов
Наредена итна евакуација во Луганск
Украинците продолжуваат да го бранат Мариупол
Кадиров до Зеленски: Ќе завршиме со вас деновиве
Од минута во минута:
18:46 Путин ѝ додели титула за херојство на бригадата што Украина ја обвини за масакарот во Буча
Рускиот претседател Владимир Путин ѝ додели почесна титула за херојство на 64. моторизирана бригада, која Украина ја обвини за учество во злосторствата извршени во Буча, во близина на Киев.
Според Кремљ, Путин потпишал декрет за доделување на бригадата почесна титула за херојството и истрајноста, одлучноста и храброста на нејзините членови.
17:32 Путин ги потврди пријателските односи со Палестина
Во телефонски разговор рускиот и палестинскиот претседател, Владимир Путин и Махмуд Абас, ја повторија својата посветеност за развивање пријателски односи меѓу двете земји, соопшти прес-службата на Кремљ.
16:32 Москва протера неколку службеници од бугарската амбасада
Москва протерува неколку претставници на бугарската амбасада како одговор на протерувањето на руските дипломати од Софија во март.
15:20 Русија освои град во источна Украина
Станува збор за градот Кремина во областа Луганск, околу кој утрово се воделе жестоки улични борби.
Серхи Хајдај, воениот лидер на регионот Луганск, на „Телеграм“ напиша дека во овој момент се чини дека е изгубена контролата над градот.
Тој додаде дека Русите донеле огромно количество опрема. Евакуацијата, според него, сега е невозможна. Нагласи дека четири лица загинале при обидот да побегнат од градот.
Русија соопшти дека ноќта кон понеделникот извршила масовни удари врз украинската војска и поврзани воени цели користејќи воздушни сили, артилерија и системи за воздушна одбрана.
14:35 (Видео) Украинците објавија снимка од уапсен олигарх близок до Путин кој моли за размена
Украинските власти објавија снимка од уапсениот Виктор Медведчук, олигарх и човек на Путин во Украина, кој бил уапсен минатата недела.
Во видеото тој бара од Путин да организира размена со заробените војници и жителите на Мариупол. Тој им се обраќа на Путин и Зеленски.
Во видеото додава дека Мариупол е блокиран.
13:40 Повеќе од 140 Германци се под истрага за одобрување на руската инвазија
Од почетокот на војната во Украина, германските власти покренале повеќе од 140 истражни постапки поради јавно одобрување и поттикнување на руската инвазија, при што најголем дел од случаите се истакнување на буквата „Z“, пренесуваат германските медиуми.
13.15 Песков: Украинската страна не е доследна во точките во преговорите
Украинската страна често ја менува својата позиција кога станува збор за прашања кои се веќе договорени во мировните преговори, изјави денеска портпаролот Дмитриј Песков.
13.00 Британија ја објави новата воена карта на Украина
Британското Министерство за одбрана објави нова воена карта на Украина
12.30 Песков: Има уште време „непријателските“ земји да го прифатат плаќањето за гас во рубли
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска најави дека има уште време таканаречените „непријателски“ земји да се префрлат на плаќање на гас во рубли, но тој одби да открие колку земји досега се согласиле на тоа
Командантот на 501-от баталјон на украинските маринци Николај Бирјуков изјави дека неговата единица им се предала на руските сили во Мариупол, бидејќи, меѓу другото, локалното население е непријателски настроено кон украинската армија
Commander of Ukraine’s 501st Battalion says he ‘doesn’t regret’ surrendering in Mariupol, admitting point blank:
“the local population was negatively disposed towards the Armed Forces of Ukraine”pic.twitter.com/UqIIK3RTNd
— Wyatt Reed (@wyattreed13) April 18, 2022
11.30 Тешки обвинувања на Русија: Киев подготвува провокации за Велигден, ќе има жртви
Киевскиот режим со поддршка на голем број западни земји ја завршува подготовката на софистицирани монструозни провокации со бројни жртви во регионите Запорожје, Николаев, Одеса, Суми и Харков
11.20 Русите влегоа во украинскиот град Кремина – започнаа улични борби, невозможна е евакуација
Руските сили влегоа во Кремина, град во источниот регион Луганск кој е бомбардиран со недели, а руските сили продолжија да напредуваат кон западниот дел на Донбас, изјави висок украински функционер
10.50 Украина објави нови бројки: Русите изгубија 20.600 војници
Независниот весник Киев објави индикативни проценки за загубите на Русија од 18 април, според Вооружените сили на Украина
These are the indicative estimates of Russia’s combat losses as of April 18, according to the Armed Forces of Ukraine. pic.twitter.com/Jfs77tSsFV
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) April 18, 2022
10.45 Шест лица загинаа, а осум се повредени во рускиот напад на Лавов
Најмалку шест лица загинаа, а осум се повредени во ракетниот напад врз украински Лавов, јавува Анадолија
Five powerful missile strikes at once on the civilian infrastructure of the old European Lviv. The Russians continue barbarically attacking Ukrainian cities from the air, cynically declaring to the whole world their “right” to… kill Ukrainians.
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) April 18, 2022
10.40 Австрискиот канцелар за рускиот претседател: Не му верува на западниот свет
Тој вели дека му рекол на Путин во Москва дека „морално ја губи војната“ и дека „сите одговорни за воените злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата“. Во делови од интервјуто на Нехамер за NBC, австрискиот канцелар изјави дека верува оти Путин живее во свој свет
10:35 Путин: На Европа сè уште ѝ треба рускиот гас, но ние се вртиме кон исток
Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Москва ќе го пренасочи извозот на енергија кон исток, а додека Европа се обидува да ја намали зависноста од руските енергенси, Путин возвраќа дека европските држави нема да можат веднаш да се откажат од рускиот гас, иако се чини дека ја отвора вратата за плаќање во евра.
10.00 Медведев и се заканува на Европа: Ве чекаат празни полици, хиперинфлација и банкрот
Дмитриј Медведев, поранешниот руски премиер и потпретседател на рускиот Совет за безбедност, вели дека „европскиот финансиски систем не е стабилен“ и дека „Европејците ја губат довербата“
09.55 Вознемирувачко видео од Харков: Жена оди по улица, а недалеку од неа паѓаат проектили
Олена Халушка, вработена во Центарот за борба против корупцијата на Украина, објави вознемирувачко видео на својот твитер-профил. Видеото го прикажува новото бомбардирање на Харков
A missile hits #Kharkiv residential area again. This is how the life of Ukrainians looks under russian bombs and rockets. For how long will it continue? #ArmUkraineNow #protectuasky
Video: Ukraine Now pic.twitter.com/NAyr86pSeQ— Olena Halushka (@OlenaHalushka) April 17, 2022
09.50 Украина го направи првиот чекор кон пристапување во Европската Унија
Заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина Игор Жовква потврди дека надлежните украински функционери пополниле прашалник, што е прв чекор и почетна точка за процесот на одлучување на Европската Унија за пристапување на Украина.
8:45 Украинците продолжуваат да го бранат Мариупол
Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека украинските сили во Мариупол сè уште се борат и покрај барањето на Русија за предавање.
8:20 Итна евакуација на населението во Луганск
Жителите на областа Луганск во источна Украина се повикани веднаш да се евакуираат
Руската инвазија на Украина продолжува, а според репортерот на Би-би-си, неколку експлозии го погодиле Лавов.
Mass-Media News, [Apr 18, 2022 at 09:43]
⚡The network reports about explosions in Lviv (Ukraine). According to local speculation, blasts were carried out at the locations of foreign military instructors.Mass-Media News pic.twitter.com/Ye1PnHzlmF
— THAMIR Al-Salihy (@talsalihy3) April 18, 2022
8:00 Страшна порака од чеченскиот лидер до Зеленски: Ќе завршиме со вас деновиве
Лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, дека Украина е подготвена да се бори 10 години изјави дека со Зеленски сè ќе биде готово за неколку дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.
Европа
Литванскиот претседател: Дијалогот со Путин е илузија, Кремљ не сака мир
Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека Европа мора да биде подготвена за долгорочната закана од Русија и дека Москва нема намера да застане дури ни по војната во Украина. Во интервју за „Киев пост“, тој рече дека „империјалните амбиции“ на Русија се трајни и дека Европа мора да изгради „ѕид на одвраќање“.
„Ситуацијата е сложена и полна со предизвици“, рече Науседа, додавајќи дека клучната разлика од минатото е што Литванија сега е дел од НАТО и ЕУ. „Членството во Европската унија е „за подобар живот“, а членството во НАТО е „за цел живот“, рече тој. Тој нагласи дека заканата од Русија нема да се повлече со крајот на војната во Украина.
„Империјалните амбиции на Русија нема да исчезнат откако ќе заврши војната во Украина. Заканата ќе остане“, рече тој. „Можеби следниот пат целта нема да биде Украина, туку источниот дел на ЕУ или ЕУ како целина. Мора да бидеме подготвени. Мора да изградиме ѕид на одвраќање“, рече тој.
Зборувајќи за војната во Украина, Науседа рече дека не е оптимист за брзо решение. „САД се клучниот актер тука и само тие можат да ја турнат Русија во ќош и на преговарачката маса“, рече тој. Тој нагласи дека Русија, според него, нема намера да ја заврши војната. „Гледам дека Русија апсолутно нема намера да ја заврши оваа војна.
Тие си играат за време за да заземат повеќе украинска територија“, рече тој. Додаде дека Русија напаѓа цивили и инфраструктура и ја „оружува“ зимата, што го опиша како „длабоко циничен“ пристап. Тој рече дека нема големи очекувања за трилатералните разговори. „Од руска страна, гледам само имитација на преговорите и обиди за купување време“, рече тој.
Науседа рече дека некои во Европа ги повторуваат старите грешки кога верувале дека разговорите со Путин ќе дадат резултати. „Се сеќаваме на бројни средби и повици со Путин, а резултатот беше нула“, рече тој. Додаде дека Путин не ја гледа Европа како воена сила. „Тој не се плаши од Европа. Тој не се однесува кон Европа како кон партнер кого мора сериозно да го сфати. Тој се плаши само од Соединетите Американски Држави, а тоа е значајна лост“, рече тој.
Тој рече дека Европа треба да ги зајакне односите со Соединетите Американски Држави и да ја зајакне преговарачката позиција на Украина, наместо да се обидува директно да преговара со Москва. „Подобар пристап е да се координира со Соединетите Американски Држави и да се зајакне преговарачката позиција на Украина“, рече тој.
Науседа рече дека Литванија силно го поддржува проширувањето на ЕУ и пристапувањето на Украина. „Литванија е меѓу најсилните застапници за што е можно поскоро пристапување на Украина“, рече тој. Додаде дека Литванија предлага перспектива за членство за Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија до 2030 година, нагласувајќи дека датумот не е обврзувачки, туку политичка цел.
Зборувајќи за партиите и политичарите кои тврдат дека „ова не е наша војна“ и се залагаат за ресетирање на односите со Русија, Науседа рече дека е „штета“ што не научиле ништо. „Тие се однесуваат како деца и никогаш не растат“, рече тој, додавајќи дека војната не ја засега само Украина, туку претставува предизвик што Русија го фрла врз европскиот модел на управување, владеењето на правото и демократијата.

