Свет
(Од минута во минута) Сепаратистите сакаат референдум за приклучување кон Русија, најавена е нова рунда преговори
Во тек е 32-от ден од војната во Украина.
Клучни моменти:
- Сепаратистите сакаат референдум за приклучување кон Русија
- Путин до руските војници: Борбата вклучува зголемен ризик
- Зеленски праша кој го води НАТО? Дали е тоа Москва? Бидејќи постоел страв кај американско-европската алијанса
- Украина тврди дека Америка нема ништо против Полска да ѝ испрати борбени авиони
- Руската и украинската делегација ќе одржат нова рунда преговори во Турција
- Рускиот регулатор го забрани објавувањето на интервјуата на руските медиуми со украинскиот претседател Володимир Зеленски
Од минута во минута:
21:50 Украина: Путин сака корејско сценарио
Шефот на воената разузнавачка служба на Украина вели дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да побара да се подели Украина на два дела – како Северна и Јужна Кореја.
Генералот Кирило Буданов, шеф на Украинската одбранбена разузнавачка агенција, изјави дека руските операции околу Киев пропаднале и оти сега е невозможно руската војска да ја собори украинската влада. Војната на Путин сега беше фокусирана на југот и истокот на земјата, рече тој.
21:00 Зеленски: Украина е подготвена да разговара за неутралниот статус
Украина е подготвена да разговара за усвојување на неутрален статус како дел од мировниот договор со Русија, но тоа треба да го гарантираат трети страни, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
20:09 Шон Пен јавно ќе ги топи добиените статуетки ако Зеленски не учествува на Оскарите
Актерот и режисер Шон Пен изјави дека јавно ќе ги стопи статуетките од наградата Оскар што ги има добиено и ќе повика на бојкот на церемонијата доколк украинскиот претседател Володмир Зеленски не се обрати на настанот.

20:00 Русија забрани објавување интервјуа со Зеленски
Рускиот регулатор Роскомнадзор го забрани објавувањето на интервјуата на руските медиуми со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.
Тие наведуваат и дека е покрената истрага против медиумите кои разговарале со украинскиот претседател.
19:00 Потврдена информацијата за новата рунда преговори помеѓу Украина и Русија во Турција
Руската и украинската делегација ќе одржат нова рунда преговори во Турција од понеделник до среда, најави еден од украинските преговарачи, Дaвид Арахамиа.
Рускиот главен преговарач Владимир Медински, цитиран од руските агенции, исто така најави одржување на нова рунда преговори, но рече дека тоа ќе биде во вторник и среда, без да прецизира местото.
На 10 март во Анталија, Турција, на ниво на министри за надворешни работи, на предлог на Анкара, веќе се одржа рунда руско-украински разговори, но без конкретен напредок.
18:00 Пожар во рестриктивната зона околу нуклеарната централата Чернобил
Во рестриктивната зона околу нуклеарната централа Чернобил избувна голем пожар поради борбите.
Комесарката на украинскиот парламент за човекови права Људмила Денисова ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија итно да испрати помош.
17:15 Украина и Русија ќе преговараат во Турција
Украина и Русија ќе разговараат во Турција од утре до среда, пишува „Скај њуз“.
Украина оцени дека претходните преговори биле „многу тешки“.

17:00 Украинската амбасадорка во САД: Русија е терористичка држава предводена од воен злосторник
„Па, знаете, јасно ни е дека Русија е терористичка држава управувана од воен злосторник и ние работиме дење и ноќе и жестоко се бориме за да ја одбраниме нашата земја и да ја одбраниме нашата демократија“, рече Маркарова за Си-Ен-Ен.
16:36 Чернихив без вода, парно и струја
Размерите на уништувањето на украинскиот град Чернихив се такви што жителите во моментов се без вода, греење и струја, додека руските војници го стегаат обрачот околу градот на северот на земјата, пренесува ДПА.
Инфраструктурата на градот е уништена, но во тек се напори да се санираат штетите, напиша регионалниот лидер Вјачеслав Чаус. Снабдувањето со гас е делумно оперативно, додаде функционерот.
16:30 Зеленски: На Западот му треба 1 отсто од храброста на бранителите на Мариупол
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето последно обраќање, ги критикуваше западните земји што рекоа дека не сакаат да и’ дадат одбранбено оружје на неговата земја, вклучително и борбени авиони.
Тој ги осуди „пинг-понг разговорите“ за тоа кој треба да испрати воена помош.
Зеленски го повика Западот „да собере само 1 отсто од храброста на бранителите на Мариупол“.

15:32 Макрон се огради од Бајден: Не би ги користел тие зборови
Не би ги користел тие зборови. Мора да се направи се за да се запре ескалацијата на ситуацијата“, изјави францускиот претседател за Франс 3.
14:32 Русија го блокираше пристапот до најпопуларниот весник во Германија – „Билд“
Русија го блокираше пристапот до порталот „Билд“, најчитаниот германски весник, јавува руската државна новинска агенција РИА Новости. Причината не е наведена.
14:25 Папата: Војната во Украина е варварски чин
Папата Франциск го осуди мачеништвото на Украина, нарекувајќи ја руската агресија како варварски чин.
„ Помина повеќе од еден месец откако започна агресијата врз Украина, откако започна оваа сурова и бесмислена војна, која како и секоја војна е неуспех за сите, за сите нас“, рече Светиот Отец по неделната литургија.
14:04 Канада: Ќе им помогнеме на земјите кои ќе престанат да користат руска нафта
Канада соопшти дека може да обезбеди повеќе нафта, гас и ураниум за да помогне во решавањето на глобалната енергетска криза предизвикана од руската инвазија на Украина.
14:01 Германија купува противракетен систем од Израел поради руската инвазија
Германија размислува за купување на противракетен систем поради новата безбедносна ситуација предизвикана од рускиот напад врз Украина, за што веќе се разговара со Израел, објавија германските медиуми.
13:48 Анкара: Мораме да ја сослушаме и руската страна
Турција и другите земји мора да ги продолжат разговорите со Русија за да помогнат да се стави крај на војната во Украина, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин, додавајќи дека на Киев му е потребна посилна поддршка за да се одбрани од агресорите.
„ Ако сите ги палат мостовите со Русија, тогаш кој ќе разговара со нив на крајот“, рече Ибрахим Калин на меѓународниот форум во Доха.
12:45 Сепаратистите во Украина планираат референдум за приклучување кон Русија
Проруската самопрогласена „Народна Република Луганск“ во источна Украина наскоро би можела да одржи референдум за приклучување кон Русија, изјави лидерот на сепаратистите во Луганск, Леонид Пашечник во изјава за локалните весници.
11:05 Блинкен: САД немаат стратегија за промена на режимот во Москва
„ Мислам дека претседателот, како што објасни синоќа Белата куќа, рече дека Путин не може да има овластување да започне војна или агресија против Украина или некој друг“, рече Блинкен.
10:35 Украина: Руските војници во Белорусија менуваат гориво за алкохол
Украинското Министерство за одбрана утрово објави информација за корупција меѓу руските војници стационирани во соседна Белорусија.
10:29 Конашенков: Погодивме воени цели во Лавов со крстосувачки ракети
Русите рекоа дека „погодиле воени цели во Лавов со прецизни крстосувачки ракети“. Министерството наведува дека бил погоден магацинот за гориво кај Лавов, кој го користела украинската армија. Покрај тоа, тие тврдат дека удриле во фабрика во Лавов каде што Украинците ги поправале своите системи за противвоздушна одбрана, радари и нишани на тенкови.
ВС России с начала спецоперации уничтожили 289 беспилотников и 1 656 танков, сообщил официальный представитель Минобороны РФ Игорь Конашенков:https://t.co/F8OJncryny
Видео: Минобороны России pic.twitter.com/e5RXCnrB2l
— ТАСС (@tass_agency) March 27, 2022
10:26 Американски дипломат: Бајден ја направи опасната ситуација уште поопасна
Изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој во вчерашниот говор во Варшава рече дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да остане на власт“, предизвика остри критики од страна на ветеранот на американската дипломатија, Ричард Хас.
„ Изјавата на Бајден „ја направи тешката ситуација уште потешка, а опасната уште поопасна“, напиша Хас на Твитер. Хас е претседател на Советот за надворешни односи на САД.
10:21 Украина: Русија почна да ги уништува украинските резерви на храна и гориво
Русија почна да ги уништува украинските складишта за гориво и храна, што значи дека владата ќе мора да ги зголеми резервите во блиска иднина, изјави денеска советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Вадим Денисенко.
10:18 Кулеба: САД не се против Полска да ни испрати борбени авиони
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, кој вчера се сретна со американскиот претседател Џо Бајден во Полска, изјави дека САД немаат ништо против Полска да испрати борбени авиони во Украина.
САД претходно ја отфрлија ваквата иницијатива на Полска. Пентагон соопшти дека префрлањето борбени авиони од Полска во Киев е премногу ризичен потег.
10:11 Путин до руските војници: Покажувате големо херојство – другари, борбата вклучува зголемен ризик
По повод Денот на националната гарда, рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на војниците кои се борат во Украина и им порача дека борбата вклучува зголемен ризик.
„ Честитки за Денот на руската национална гарда. Националната гарда, која беше основана пред шест години, стана незаменлив и сигурен дел од државниот систем кој обезбедува владеење на правото и спроведување на законот, како и заштита на правата и интересите на нашите граѓани“, рече Путин.
09:52 Зеленски: Дали Москва го води НАТО?
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа одржа говор во кој го повика Западот да и достави уште тенкови и авиони на Украина и праша дали американско-европската алијанса се плаши од Москва.
„ Кој ја води евроатлантската заедница? Дали е сè уште Москва поради заплашување? – рече тој.
09:35 Дуда не го разбира ставот на Орбан: Скапо ќе ги чини политиката кон Русија
Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека политиката на Унгарија кон Русија „скапо ќе ја чини“ Будимпешта.
Тој посочи дека не го разбира ставот на премиерот Виктор Орбан во однос на актуелната ситуација во Украина, пренесе РИА Новости. Полскиот лидер смета дека Орбан се нашол во тешка позиција поради енергетската зависност на Будимпешта од Москва.
09:27 Трамп: Русија немаше да ја нападне Украина ако јас бев претседател
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше сегашниот Џозеф Бајден, велејќи дека „во 15-те месеци откако стана претседател, направил толку штета, колку што не направиле колективно, петте најлоши американски претседатели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во лизгањето на земјиштето во Индонезија 25 луѓе го загубија животот
Спасувачите денеска ги прекинаа операциите за пребарување на жртвите во лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако беа пронајдени 14 тела на вториот ден од операциите, со што вкупниот број потврдени жртви достигна 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник.
Обилните дождови што почнаа еден ден претходно предизвикаа лизгање на земјиштето вчера изутрината во близина на село во округот Западен Бандунг.
Официјални претставници изјавија дека до 80 лица се уште се водат како исчезнати.
„Сите тела беа евакуирани до 16 часот во центарот за идентификација на жртвите од катастрофата. Подоцна во текот на денот, спасувачките операции беа прекинати поради безбедносни причини, бидејќи условите на теренот во погодената област останаа нестабилни и постоеше ризик од понатамошно лизгање на земјиштето“, изјави Аде Диан Пермана, раководител на службата за пребарување и спасување во Бандунг.
Лизгањето на земјиштето често се случува во Индонезија за време на дождовната сезона, особено во густо населените и планински области на Јава, најнаселениот остров во земјата, пренесе ДПА.
Свет
Зеленски побара од сојузниците повеќе муниција за одбрана на Укаина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на Украина со цел подобро да се спротивстави на руските напади, што оставија стотици илјади жители на Киев без електрична енергија и греење сред зима.
„Само оваа недела, Русите лансираа повеќе од 1.700 борбени беспилотни летала, повеќе од 1.380 наведувани бомби и 69 ракети од различни видови. Затоа ракетите за системите за противвоздушна одбрана се потребни секој ден, и ние продолжуваме да соработуваме со САД и Европа за да обезбедиме подобра заштита на нашиот воздушен простор“, рече Зеленски по пристигнувањето во Вилнус, објавија француските медиуми.
Зеленски во Вилнус се сретна со претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. На средбата станало збор за поддршката на украинскиот енергетски систем и воената соработка меѓу двете земји.
Свет
Поради снежно невреме повеќе од 700.000 домови во САД останаа без струја
Снежно невреме го погоди поголемиот дел од САД, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, додека влошување на временските услови се очекува и во областите на Њујорк, Филаделфија и Вашингтон.
Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.
Невремето зафати површина од околу 3.000 километри, од Ново Мексико до Мејн, а во неколку држави е прогласена вонредна состојба. Снежните врнежи и мразот предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, затворање на патиштата и откажување на илјадници летови.
Властите ги повикуваат граѓаните да останат дома, додека центри за затоплување на населението се отворени во Њујорк и Вашингтон.

