Контакт

Европа

Зеленски ги обвини Унгарија и Германија, Франција ја враќа амбасадата во Киев

Објавено пред

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во својот 50. ден.

dobivaj vesti na viber

Клучни настани

Кличко: Две третини од бегалците се вратија во Киев

Бродот Москва е тешко оштетен, екипажот е евакуиран

Мариупол е уништен, само неколку згради останаа недопрени

Русите држеле 300 заложници во подрум еден месец

Од минута во минута:

21:35 Франција ќе ја врати амбасадата во Киев

Франција објави дека нејзината амбасада во Украина ќе се врати во главниот град Киев од западниот град Лавов, каде што беше преместена на почетокот на март по руската инвазија, пренесува агенцијата „Франс прес“.

21:00 Путин формира комисија за технолошка независност

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за формирање комисија на Советот за безбедност за технолошки суверенитет во ИТ секторот.

Како што јави ТАСС, указот предвидува комисијата да ја предводи заменик-претседателот на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев.

20:00 Украинскиот парламент ги прогласи акциите на руската војска за геноцид и забрани истакнување на буквите Z и V

„Руските дејствија имаат за цел систематски и кохерентно да го збришат украинскиот народ, да му го одземат правото на самоопределување и независен развој“, се вели во текстот, кој беше прифатен со мнозинство од 363 гласа од вкупно 450 членови на Врховната Рада.

19:00 Зеленски до Германија и Унгарија: Руската нафта е платена со крв

Во интервју за Би-би-си, Зеленски ги издвои Германија и Унгарија, обвинувајќи ги дека го блокираат процесот на ембарго, а Русија годинава може да заработи до 250 милијарди фунти од продажбата на енергенси – повеќе од една третина во споредба со минатата година.

Расте незадоволството кај украинското раководство од Германија, која поддржа некои санкции против Русија, но не поддржа построги мерки во однос на продажбата на нафта.

18:48 Медведев: Aко Финска и Шведска влезат во НАТО ќе живеат со нуклеарно оружје во нивното соседство

Дмитриј Медведев, еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, денеска го предупреди НАТО дека Русија ќе инсталира хиперсонични ракети и нуклеарно оружје во ексклавата Калининград доколку Шведска и Финска се приклучат на западната алијанса.

18:30 (Видео) Германија ја заплени најголемата суперјахта во светот, сопственост на руски олигарх

Германските власти ја запленија суперјахтата „Дилбар“ во сопственост на рускиот милијардер Алишер Усманов. Инаку, ова е најголемата суперјахта, долга 156 метри, чија вредност се проценува на повеќе од 600 милиони долари.

Јахтата е запленета откако истрагата утврдила дека нејзин законски сопственик е сестрата на Усманов, која исто така се најде под санкции.

16:05 Европска комисија: Плаќањето за гас во рубли ги прекршува санкциите на ЕУ

Со плаќањето на рускиот гас во рубли, некои земји членки на ЕУ би го прекршиле европскиот режим на санкции против Москва, се вели во интерна белешка на Европската комисија (ЕК).

16:00  Украина: Русија бесрамно ни ги киднапира децата

Украина се обрати до Обединетите Нации и побара од нив да дозволи враќање на украинските деца кои, како што наведува, „нелегално биле депортирани од Украина“.

„Бесрамна закана е дека украинските деца ќе бидат незаконски посвоени од руски граѓани, без оглед на сите неопходни процедури предвидени со законите во Украина“, се вели во писмото до ОН.

15:00 Путин: Непријателските земји не можат да престанат да користат руски гас

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека ниту непријателските земји не успеале да престанат да користат руски гас.

Руски „Гаспром“ претходно објави дека редовно испорачува гас на Европа. Во исто време, на Запад се зголемуваат повиците Европа да се ослободи од зависноста од рускиот гас.

13.50 Песков: Доколку Вашингтон навистина сака мир, немаше да испрати оружје во Киев

Соединетите Американски Држави не би го снабдувале Киев со оружје доколку навистина сакаат мир во Европа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

13:35 Грција нема веќе да испраќа оружје во Украина 

Грција објави дека повеќе нема да ја снабдува Украина со оружје, пренесува рускиот портал „Севодња“ на својот „Телеграм“.

13:33 Украинците објавија фотографија: Заложници држени во подрум на ѕид ги пишувале имињата на починатите

Од Министерството за одбрана тврдат дека заложниците на ѕидот ги напишале имињата на оние кои починале во подрумот.

13:24 Последиците од војната во Украина ќе траат со децении, предупреди портпаролот на Ердоган

Влеговме во нова ера на студена војна. Последиците од оваа војна ќе траат со децении, изјави портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.

13:22 Градоначалникот: Азов и маринците се’ уште го бранат Мариупол, ќе остане украински

Утрово градоначалникот на опколениот Мариупол, Вадим Бојченко изјави дека градот се’ уште се бори и дека ќе остане украински.

Бојченко ги нарече лажни вести, руските извештаи за освојувањето на градското пристаниште и предавањето на повеќе од илјада украински борци, пренесува ДПА. Тој град на брегот на Азовското Море сè уште го бранат припадниците на Азовскиот баталјон и морнарицата, рече Бојченко, кој е надвор од градот.

12:50 Песков: Путин не одби средба со Зеленски, го чека текстот на договорот

Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не одбил да се сретне со својот украински колега Володимир, но пред тоа е неопходно да се подготви нацрт-договор меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој истакна дека сѐ уште нема вести за тоа прашање.

12:00 Арестович се заканува со удар на Москва во случај на напад на Киев: „Украина ќе возврати“

Советникот на началникот на кабинетот на украинскиот претседател, Олексеј Арестович, се закани дека ќе ѝ возврати на Москва во случај на руски напад врз Киев.

Реагирајќи на предупредувањето на Министерството за одбрана на Русија дека ќе ги нападне центрите каде се носат одлуките, вклучително и Киев, Арестович за каналот Fagin Live изјави дека Украина ќе возврати, пренесува UNIAN.

11:39 Чавушоглу: Ако ОН ѝ воведат санкции на Русија, Турција ќе се придружи

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, најави дека Анкара ќе мора да се приклучи на санкциите против Русија доколку тие бидат одобрени од ОН.

„Турција го почитува меѓународното право, ќе водиме балансирана политика. Доколку ОН воведат санкции кон Русија, Турција ќе биде принудена да им се придружи“, рече Чавушоглу во денешното интервју за рускиот канал НТВ, пренесува ТАС С.

10:55 Гаспром: Европа денеска побара уште повеќе руски гас

Рускиот енергетски гигант Гаспром, кој извезува гас од Русија, утринава објави дека продолжува да испорачува руски гас во Европа „во согласност со барањата на клиентите“.

10:50 Русија: Го ослободивме Мариупол од Аазов

Руската армија денеска соопшти дека презела целосна контрола над поголемиот дел од уништеното пристаниште во Мариупол, ослободувајќи го од паравоениот баталјон Азов.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека преостанатите украински сили во градот се „блокирани и не можат да избегаат од опкружувањето“. Но, ниту еден официјален украински извор не ги потврди наводите.

10:26 Британка штрајкуваше со глад за својата најдобра пријателка од Украина да добие виза

Самохрана мајка на осумгодишно девојче, Британката Ранд Платингс, успеала да добие виза за својата најдобра пријателка од Украина штрајкувајќи со глад 12 дена. Платингс, која живее во Кембриџ, ќе ѝ биде домаќинка на пријателката Кристина Корниук (34) од Киев.

10.20 Москва: Ако Финска и Шведска влезат во НАТО, ќе преземеме мерки на Балтикот
Русија го предупреди НАТО дека доколку Финска и Шведска се приклучат на воената алијанса, таа ќе преземе акција на Балтикот.

10.00 Британско министерство: Краматорск и Костијантинивка најверојатно ќе бидат руски цели

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го објави најновиот извештај за ситуацијата во Украина за 14 април 2022 година.

09:52 Руски експерти: НАТО си игра со оган во Одеса

Отворајќи тајна база во близина на Одеса за следење на бродовите на руската Црноморска флота, НАТО си игра со оган, сметаат руските експерти.

Како што пренесува „Спутник“, во тајна база на НАТО ангажирани се романски платеници, чија главна задача е да го спречат амфибиското слетување на руските војници во регионот на Одеса, а со тоа руската база е легитимна воена цел.

09.50 Зеленски незадоволен од санкциите против Русија

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја повика Европската унија да воведе ембарго на руската нафта

09.40 Канадскиот премиер: Ова што се случува во Украина е геноцид

Премиерот на Канада Џастин Трудо изјави дека она што се случува во Украина е правилно да се нарече геноцид, пренесе агенцијата АФП

09.15 197 деца загинаа во руските напади врз Украина

Обвинителството на Украина објави нови информации за руската инвазија на Украина, каде тврдат дека се убиени најмалку 197 деца, пишува Независни лист Кијева.

09.10 Ентони Блинкен: Војната е далеку од завршена, Украина се подготвува за следната фаза

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оцени дека војната во Украина е далеку од завршена и покрај повлекувањето на руските војници од околината на Киев.

08.40 Николенко: Разочарувачки е двоумењето на Франција да го признае геноцидот врз Украинците

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко, изјави дека е разочарувачко двоумењето на Франција да го признае геноцидот врз Украинците, по се што направи руската армија во Буча, Мариупол и други градови.

08.35 Кличко: Две третини од бегалците се вратија во Киев

Две третини од жителите на Киев кои го напуштија градот по почетокот на војната со Русија веќе се вратија во градот, изјави градоначалникот Виталиј Кличко

08.30 Европската вселенска агенција ја прекина соработката со Русија

По одлуката да се прекине заедничката мисија на Марс, Европската вселенска агенција објави дека ја прекинала соработката со Русија за три мисии на Месечината поради инвазијата на Москва на Украина

08.25 Зеленски: Не добивме официјално барање за посета од германскиот претседател

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев не добил официјално барање од Берлин за посета на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер

08.20 Крузерот Москва е тешко оштетен, екипажот е евакуиран

Руските државни агенции утринава објавија дека рускиот брод Москва е „тешко оштетен“ во експлозија на муниција предизвикана од пожарот.

08.15 Тажни слики од Мариупол: Градот е уништен, само неколку згради останаа недопрени

Мариупол, украинскиот пристанишен град, претрпе најголеми последици за време на руската инвазија на Украина. Градот е уништен, уништени се речиси сите згради

08.10 Гутереш: Сега не е можен прекин на огнот во Украина за хуманитарни цели

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека „општ прекин на огнот“ за хуманитарни цели во Украина „сега изгледа невозможен“, иако тоа беше целта што тој неодамна му ја довери на еден од своите емисари испратен во Москва

08.00 Украинско Министерство: Русите држеле 300 заложници во подрум еден месец

Украинското Министерство за одбрана тврди дека Русите заробиле 300 луѓе во селото Јахидни кај Чернихив. Тие велат дека заложниците поминале четири недели во подрумот.

Европа

Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.

dobivaj vesti na viber

Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.

Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.

„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.

Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.

Прикажи повеќе...

Европа

Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото

Објавено пред

Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.

dobivaj vesti na viber

Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.

Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.

Прикажи повеќе...

Европа

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Објавено пред

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.

dobivaj vesti na viber

Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.

Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.

Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ24 минути

Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар...

Македонија2 часа

Силните дождови поплавија подруми и гаражи во Охрид

Локални дождови вчера и во текот на ноќта имаше на повеќе места во државата. Регионалниот Центар за управување со кризи...

Топ5 часа

Четири возила се судрија пред Клинички центар „Мајка Тереза“, неколку лица се повредени

Сообраќајна несреќа вечерва вечерта се случи на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред влезот на Клиничкиот центар. Според првичните информации, во...

Топ17 часа

Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според...

Топ21 час

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија23 часа

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа23 часа

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ1 ден

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија1 ден

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет1 ден

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет1 ден

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија1 ден

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија2 дена

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија2 дена

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија2 дена

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија2 дена

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ2 дена

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија2 дена

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија2 дена

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ2 дена

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...