Контакт

Европа

Чеченскиот лидер пристигнал во Мариупол, се огласи портпаролот на Абрамович

Објавено пред

33. ден од руската инвазија на Украина

dobivaj vesti na viber

Клучни настани

Мариуопол на работ на хуманитарна катастрофа

Украинците го положуваат оружјето, соопшти портпаролот на Народната милиција на Доњецк

Утре во Истанбул е нова рунда преговори меѓу Русија и Украина

Зеленски: Џонсон помага повеќе од другите лидери

Русите го напуштија градот пред централата во Чернобил

Во Киев од денес настава на далечина

Од минута во минута

20:25 САД: Украинците ослободија уште еден град

Украинската војска повторно го зазеде источниот град Тростјанец од руските сили, изјави висок претставник на американската одбрана.

„Украинците продолжуваат да се обидуваат да ја вратат земјата“, изјавил функционерот за новинарите, но побарал да остане анонимен.

20:20 Чеченскиот лидер пристигнал во Мариупол

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се наоѓа во украинскиот град Мариупол, соопштиле за „Спутник“ од врвот на Чеченската република.

Како што се наведува, Кадиров пристигнал на линијата на фронтот со дополнителна опрема, со цел да го подигне борбениот дух на руските сили, кои очекуваат градот да биде освоен во наредните денови.

Претходно, неименувани извори соопштија дека Кадиров пристигнал во Мариупол за да ја преземе командата со своите борци на крајот од освојувањето на градот.

20:10 Портпаролот на Абрамович: Се сомневаме дека се работи за труење

Портпаролот на рускиот бизнисмен и милијардер потврди дека се сомневаат оти Абрамович бил отруен за време на преговорите меѓу Украина и Русија.

18:35 Москва најави визи за непријателските земји меѓу кои е и Македонија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, најави нови мерки за граѓаните на, како што вели, непријателските земји.

„Москва развива мерки за ограничување на влезот во Русија за граѓаните на непријателските држави“, изјави шефот на руската дипломатија.

18:25 Украинците тврдат дека успеале да заземат едно од главните боишта во близина на Киев

Градоначалникот на Ирпин, место во близина на Киев, вели дека украинските сили презеле целосна контрола врз градот, кој беше една од главните точки на борбата со руската армија во близина на главниот град, пренесува „Ројтерс“.

„Денес имаме добри вести – Ирпин е ослободен“, порача градоначалникот Олександр Маркушин во видео-објава на „Телеграм“.

„Јасно е дека ќе има уште напади врз нашиот град, но храбро ќе го браниме“.

Од „Ројтерс“ не биле во можност веднаш да ја потврдат таа информација.

18:05 Роман Абрамович и украински преговарачи имаат симптоми на труење, објави „Волстрит журнал“

Приказната за симптоми на труење кај неколку луѓе ја потврдува и Bellingcat, холандско здружение на истражувачки новинари, специјализирано за факчекинг.

„Bellingcat може да потврди дека тројца членови на делегацијата што учествуваше на мировните преговори меѓу Украина и Русија ноќта меѓу 3 и 4 март 2022 година, почувствувале симптоми на труење со хемиско оружје. Една од жртвите е рускиот бизнисмен Роман Абрамович“, напишаа тие.

16:50 Реакција од Москва откако Г7 одби да плаќа во рубли: „Нема бесплатен гас“

Одбивањето на земјите од Г7 да купуваат гас во рубли е пат кон запирање на испораката на гас, изјави Иван Абрамов, заменик-претседател на Комитетот за економска политика на Руската Федерација.

„Ако тие земји одбијат да купат гас со рубли, тоа дефинитивно ќе доведе до прекин на неговото снабдување. Ние имаме јасен став“, рече тој.

16:40 Украина: Руски командант се самоубил откако дознал дека тенковите им се неупотребливи

„Во моментот, непријателот се обидува да стави во функција значително количество опрема што доаѓа од складишта. Состојбата на оваа опрема е генерално незадоволителна, што ја спречува нејзината употреба. Плановите за пренос на опремата од складиштата на фронтот се спречени“, напишало на „Телеграм“ украинското Министерство за одбрана.

16:10 Руската делегација допатува во Истанбул каде утре треба да се водат преговори со Украина

Руската делегација пристигна во Истанбул каде утре треба да се oдржи нова рунда преговори.

Авионот „тупољев ту-204-300“, кој ја превезувал руската делегација, слетал на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, пренесува турскиот весник „Сабах“.

Преговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул ќе започнат утре во 9.30 часот, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател.

15:26 Земјите од Г7 одбија да плаќаат за гас во рубли, вели германски министер

Германскиот министер за енергетика изјави дека сите министри на земјите од Г7 го одбиле барањето на Русија за плаќање на руската енергија во рубли, пишуваат агенциите.

Роберт Хабек изјави за новинарите дека сите министри целосно се согласиле дека ова ќе биде еднострано и јасно кршење на постојните договори.

14:09 Русите ја означија „Дојче веле“ како странски агент

Руското Министерство за правда денеска ја додаде германската телевизија „Дојче веле“ на списокот на медиумски организации што ги означи како „странски агенти“, етикета која бара од медиумите да објават оградување на сите свои публикации.

14.00 Нов обид за атентат врз Зеленски?

Украина објави дека не успеа уште еден обид за атентат врз претседателот Володимир Зеленски

13.50 Лавров: Путин никогаш не одбил средба со Зеленски

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш не одбил средба со украинскиот претседател Владимир Зеленски, но дека средбата треба да биде добро подготвена

11:57 Украина: Убивме 17.000 руски војници, уништивме 586 тенка, 123 авиони

Според украинскиот Генералштаб на вооружените сили, украинските сили продолжуваат да ги спречуваат руските војници да ја преземат контролата врз клучните автопати и населби во градот Киев.

11:35 Светска програма за храна: Сè потешко се наоѓа храна во Украина

Светската програма за храна предупредува дека станува сè потешко да се најде храна во Украина бидејќи војната продолжува и дека луѓето се принудени да прибегнуваат кон екстремни потези поради таа причина.

Украина, земја со 44 милиони жители, останува без храна, а организацијата проценува дека 45 отсто од луѓето во земјата се загрижени дали ќе има доволно храна, пренесуваат медиумите.

11:28 Андреј Пленковиќ: Украина е жртва на руска агресија

Цела Европа, вклучително и Хрватска, е солидарна со украинскиот народ и неговата борба за слобода и вредности кои сите ги споделуваме, изјави премиерот Андреј Пленковиќ на големиот концертен маратон за Украина.

11:19 Откриена украинска мина на границата со Бугарија, Турција бара итна средба со Москва и Киев

Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека е откриена мина во Црното Море во близина на границата со Бугарија.

Претходно турскиот весник „Стар“ објави дека на влезот на Босфорот е забележано движење на предмет налик на мини.

11:18 Чавушоглу и Кулеба разговараа за средбата на делегациите на Русија и Украина

Турскиот министер за надворешни работи телефонски разговарал со својот украински колега за средбата на делегациите на Москва и Киев во Истанбул, соопшти турското Министерство за надворешни работи за РИА Новости.

11:14 Украинските власти: Пожари во зоната на нуклеарната централа Чернобил

Украинските власти соопштија дека избувнале пожари во зоната на нуклеарната централа Чернобил, која била окупирана од руските сили, пренесуваат медиумите во светот.

„Во зоната на електраните избувнаа големи пожари кои можат да имаат многу сериозни последици“, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук и нагласи дека е невозможно да се локализираат пожарите.

11:00 „Награда за мир“ на меѓународни компании кои го напуштаат рускиот пазар

Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина ќе ја додели наградата за мир на меѓународните компании кои го напуштија рускиот пазар, пренесува Си-Ен-Ен.

Ова го потврди Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на претседателот на Украина.

10:51 Руски функционер за биолошките лаборатории: Ги има над 300

„Во светот има повеќе од 300 цивилни и воени биолошки лаборатории финансирани од САД“, изјави директорот на Федералната служба за фитосанитарен надзор.

10:33 Зеленски: Макрон се плаши од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Економист ги коментираше земјите кои помагаат и оние за кои смета дека не и помагаат на Украина во борбата против Русија.

Тој остро го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за неуспехот да обезбеди воена поддршка за Украина.

10:28 Бајден: Не повикав на промена на режимот во Русија

Американскиот претседател Џо Бајден во говорот во Варшава во саботата рече дека не повикува на промена на режимот во Русија.

„Не“, одговори Бајден кога новинар во прес-салата праша дали бара промена на режимот во Русија.

10:27 Градоначалникот на Мариупол: Градот е на работ на катастрофа

Тој рекол дека околу 160.000 цивили се заробени во градот без струја, пренесе „Ројтерс“

10:23 Професор од Киев: Војната ќе трае уште неколку недели

Максим Камењецкиј, професор на Институтот за меѓународни односи во Киев, ја анализира актуелната ситуација во Украина за N1 Хрватска. Киев е сè уште воен град, како и остатокот од земјата, вели професорот.

10:18 Ердоган го повика Путин на прекин на огнот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика својот руски колега Владимир Путин на прекин на огнот и подобри хуманитарни услови за цивилите по руската инвазија на Украина, соопшти неговиот кабинет по телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели.

10:14 Советникот на Зеленски: Ќе ги тужиме сите што ги финансираат убиствата на нашиот народ

Олег Устенко, економски советник на украинскиот претседател Зеленски, ги коментираше земјите и компаниите кои сè уште користат руска нафта.

Тој рече дека и покрај американското ембарго на руската нафта, Европа сè уште не го прави истото.

09:58 Басурин: Украинците го положуваат оружјето

Украинската армија е без муниција и затоа многумина го полагаат оружјето, изјави Едуард Басурин, портпарол на Народната милиција на Народна Република Доњецк.

09:57 Соборен проектил што требало да падне во Киев

Украинските власти соопштија дека доцна синоќа собориле руска ракета што требало да падне врз Киев.

Наместо ракета на градот, остатоците од ракетата паднале врз куќа во кварт на Киев по што избувнал пожар.

08.55 Во Киев од денес настава на далечина

Од денеска училиштата во главниот град на Украина, Киев, повторно спроведуваат учење на далечина

08.45 Чавушоглу се надева дека ќе донесе мир: Утре во Истанбул е нова рунда преговори меѓу Русија и Украина

Следната рунда преговори меѓу руската и украинската делегација ќе се одржи во вторник во Истанбул, соопшти турското претседателство

08.40 Киев: Русија и се заканува на цела Европа со своите акции во Чернобил

Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук ја обвини Русија за „неодговорни“ дејствија во зоната околу централата во Чернобил, која таа ја окупираше и од која, како што наведе, радијацијата може да се прошири во поголемиот дел од Европа.

08.35 Русите го напуштија градот пред централата во Чернобил

Руските сили, наводно, го напуштиле градот што го окупирале веднаш пред нуклеарната централа во Чернобил, откако локалното население протестирало

08.30 Велика Британија: Не е постигнат напредок на руската армија

Британското Министерство за одбрана во утринскиот извештај наведе дека распределбата на руските сили не е променета, односно дека не е постигнат напредок

08.20 Шолц: Промената на режимот во Русија не е цел ниту на НАТО ниту на американскиот претседател

Германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека промената на режимот во Русија не е цел на НАТО и покрај руската инвазија на Украина

08.10 Церемонијата на доделување Оскар во името на Украина: Момент молк и барање помош за жртвите

Церемонијата во Лос Анџелес ја одбележа војната во Украина

08.00 Зеленски: Џонсон помага повеќе од другите лидери

Зеленски ги пофали британскиот премиер Борис Џонсон и Велика Британија за нивната реакција на руската инвазија. Украинскиот претседател изјави дека Велика Британија дефинитивно е на украинската страна



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот

Објавено пред

Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

dobivaj vesti na viber

НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.

„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.

Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.

НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.

Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.

Прикажи повеќе...

Европа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Објавено пред

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.

dobivaj vesti na viber

Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.

Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.

Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.

Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.

dobivaj vesti na viber

Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.

Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.

„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.

Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.

Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.

„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.

„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.

Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.

Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ7 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија7 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија8 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија9 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија9 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион10 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија11 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија11 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет11 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет12 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа12 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет12 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет12 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа13 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион22 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија23 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...