Свет
Од 7 октомври 23.469 Палестинци се убиени во напади врз Газа, а речиси 60.000 повредени
Најмалку 23.469 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денеска Министерството за здравство на Хамас.
Се додава дека се повредени уште 59.604 лица, пренесува „Ројтерс“.
Хамас истакнува дека мнозинството од убиените се жени и деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
Радослав Драгијевиќ (70), татко на Дејан Драгијевиќ (50), кој заедно со неговиот колега Срѓан Јанковиќ (50) е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор, двомесечниот притвор во кој беше задржан за кривичното дело помагање на сторителот завршува на 29 мај по стореното кривично дело, а на крајот на мај ќе биде пуштен на слобода, објави српски „Блиц“.
Како што изјавиле за „Блиц“ од Вишото јавно обвинителство Заечар, за ова кривично дело нема законска можност за продолжување на притворот, а се очекува Радослав Драгијевиќ да биде ослободен на 29 мај.
Од обвинителството известиле дека ќе предложат и продолжување на притворот за главните осомничени Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.
Данка Илиќ беше убиена на 26 март годинава. За тоа дело се осомничени Дејан Драгијевиќ од Злот и Срѓан Јанковиќ од Лука, двајцата работници на ЈКП „Водовод“ Бор, кои се во притвор.
Во полиција беше приведен и братот на Дејан, Далибор Драгијевиќ, кој почина во полициската станица во Бор.
Свет
Јужна Кореја го забрани пристапот до видео во кое се велича Ким Џонг Ун како голем лидер
Јужнокорејскиот медиумски регулатор денеска соопшти дека го забранува пристапот до севернокорејското пропагандно музичко видео за кое се вели дека „го идолизира и велича“ севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун како „пријателски татко“ и „голем водач“.
Регулаторот рече дека одлуката за забрана на видеото дошла откако властите на разузнавачката агенција побарале да се провери дали видеото го прекршило јужнокорејскиот закон.
Видеото стана хит на социјалните мрежи ширум светот, бидејќи беше поставено како краток клип на ТикТок и други платформи, објави Ројтерс.
Свет
Израел: Имаме намера да ја прошириме воената операција во Рафах
Израел има намера да ја прошириме воената операција во Рафах, изјави денеска министерот за одбрана Јоав Галант на советникот на американскиот претседател Џо Бајден, кој предупреди на поголема акција во градот на југот на Појасот Газа, што може да доведе до масовни цивилни жртви.
Израел го опишува Рафах, град на границата на крајбрежната енклава со египетскиот Синај, како последно засолниште на исламистичкото движење Хамас, чие лидерство и борбен капацитет се обиде да го оневозможи за време на повеќе од седуммесечната војна.
По неколку недели јавно несогласување со Вашингтон околу планирањето на нападот на Рафах, Израел им нареди на палестинските цивили да евакуираат делови од градот на 6 мај, а израелските војници и тенкови ја започнаа операцијата. „Ние сме посветени на проширување на копнената операција во Рафах за да го завршиме отстранувањето на Хамас и враќањето на заложниците“, му рекол Галант на советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан, се вели во соопштението од неговата канцеларија.
Израел верува дека Хамас држи десетици заложници во Рафах откако го нападна јужен Израел на 7 октомври. Западните сили и Египет изразија загриженост за судбината на стотици илјади раселени Палестинци кои се засолниле таму и покрај израелските гаранции за нивната безбедност.
Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека проценува дека од 6 мај Рафах го напуштиле 810.000 луѓе, што е потенцијално повеќе од половина од неговото воено население.
Во соопштението од канцеларијата на Галант се истакнува дека тој „на советникот Саливан му ги претставил мерките што Израел ги спроведе за евакуација на населението од областа Рафах и обезбедување соодветен хуманитарен одговор“.