Свет
Озлогласениот италијански мафијаш Пасквале Бонавота уапсен во катедрала
Еден од босовите на италијанската мафија, Пасквал Бонавота, е уапсен во катедралата во Џенова на северот на Италија, јавува Би-би-си.
Полицијата соопшти дека Бонавота (49) ја предводи озлогласената мафија Ндрангета и бил баран од 2018 година кога полицијата издала налог за апсење за убиство и организиран криминал.
Ндрангета е најмоќното италијанско мафијашко семејство, кое сега контролира околу 80 отсто од трговијата со кокаин во Европа.
Се заснова на семејни кланови, кои традиционално ги контролираат планинските села во Калабрија.
Бонавота, опишан од „Ла Стампа“ како „бебе бос“, во моментот на апсењето бил во градската катедрала и носел лажни документи.
Тој е еден од обвинетите во актуелното макси судење, во кое повеќе од 300 лица се соочуваат со обвиненија поврзани со организиран криминал.
Бонавота е опишан како лидер што ги донел најважните одлуки заедно со другите шефови на Ндрангета и се грижел за интересите на групата во регионот на Рим, секторите за коцкање и трговијата со дрога, пренесува АФП.
Неговото апсење доаѓа три месеци откако полицијата го уапси сицилијанскиот мафијашки бос Матео Месина Денаро во јануари по 30 години бегство.
Коза ностра од Сицилија и Камора од Неапол се попознати во светот, но тие се ослабени од акциите на полицијата. Како резултат на тоа, Ндрангета се издигна на нивно место и сега е најмоќната мафијашка група во Италија, со центри во целиот свет, од Јужна Америка до Австралија, и годишни приходи од речиси 60 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

