Свет
ОН и ЕУ побараа итно ослободување на претседателот на Нигер

Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, повика на „итно и безусловно ослободување“ на претседателот на Нигер, Мохамед Базум.
„Шокиран сум и тажен од обидот за преземање на воената власт во Нигер и го осудувам на најстрог можен начин. Мора да се направат сите напори за да се вратат уставниот поредок и владеењето на правото“, рече тој во изјавата до медиумите.
„Претседателот Мохамед Базум треба да биде ослободен веднаш и без предуслови и мора да се гарантира неговата безбедност.
Членовите на неговата влада и нивните блиски, кои се приведени, исто така мора да бидат ослободени веднаш и без предуслови“, додаде Турк.
Тој ги повика сите страни во конфликтот „да се воздржат од какво било насилство и да ги почитуваат правата и слободите на сите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Речиси половина од младите во Велика Британија сакаат свет без интернет

Најновото британско истражување покажа дека речиси половина од младите луѓе на возраст меѓу 16 и 21 година би претпочитале да живеат во свет каде што нема интернет, објавија денес британските медиуми.
Во исто време, 50 проценти од анкетираните го поддржале ограничувањето на користењето на интернет по 22 часот, а речиси 70 проценти рекле дека се чувствувале полошо по посетата на социјалните мрежи, објави „Гардијан“.
Истражувањето покажа дека една четвртина од анкетираните поминуваат четири или повеќе часа на ден на социјалните мрежи, додека 42 проценти рекле дека се согласуваат со своите родители за тоа што прават онлајн.
Анкетата, во која учествувале 1.293 млади луѓе, исто така открила дека 42 проценти од нив лажат за својата возраст додека се онлајн, како и дека 40 проценти имаат лажен профил, а 27 испитаници признале дека се преправаат дека се сосема друга личност додека се на социјалните мрежи.
Како што е наведено, 27 проценти од испитаниците рекле дека ја споделиле својата локација преку интернет со непознати луѓе, а 68 проценти процениле дека времето што го поминуваат преку интернет има негативен ефект врз нивното ментално здравје.
Истражувањето е спроведено откако британскиот министер за технологија, Питер Кајл, навести дека владата размислува за ограничување на времето поминато на некои апликации како што се „Тик-ток“ и „Инстаграм“.
Одговорната за безбедноста на децата на интернет, Рани Говендер, вели дека оваа мерка може да помогне, но дека не може да ги заштити децата од штетна содржина освен ако не се применат други мерки.
Таа додаде дека примарниот фокус на компаниите и владите треба да биде да се осигурат дека децата и младите користат многу побезбедни веб-страници што создаваат помалку зависност.
Свет
Зеленски: Русија купува време, треба да се притисне со уште посилни санкции

Еден ден по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека војната мора да заврши со преговори, но со реални и јасни предлози.
„Очигледно е дека Русија се обидува да купи време за да ја продолжи војната и окупацијата“, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.
Тој додаде дека Украина работи со партнерите за да го зголеми притисокот врз Москва.
„Санкциите се важни и благодарен сум на сите што ги прават поопипливи за оние кои ја започнаа војната“, вели Зеленски.
Тој повтори дека Украина е „подготвена за сите ефективни формати на преговори“, но и предупреди дека ако Русија продолжи да поставува нереални услови, мора да следат сурови последици.
Свет
Лавров: Путин му ја потврди на Трамп целта за праведно решение во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин му ја потврди на претседателот на САД Доналд Трамп посветеноста на Москва за постигнување праведно решение на конфликтот во Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Лавров потсети на цврстата позиција на Русија за „праведно решавање на украинската криза создадена од Западот“, нагласувајќи дека оваа позиција уште еднаш јасно ја потврди Путин вчера по телефонскиот разговор со Трамп, јави ТАСС.
Путин претходно им изјави на новинарите дека разговорот со Трамп траел повеќе од два часа и дека бил суштински и искрен.
Ова беше трет телефонски разговор меѓу лидерите на Русија и САД од почетокот на годината.
Путин додаде дека Трамп во разговорот нагласил дека Русија се стреми кон мирно решение во Украина.