Европа
ОН: И Русија и Украина малтретираа воени заробеници

Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации денеска соопшти дека и руската и украинската страна малтретирале воени заробеници за време на деветмесечниот конфликт на украинска територија.
Како што јави „Ројтерс“, тимот на ОН интервјуира повеќе од 100 воени заробеници од двете страни.
Интервјуата со украинските воени заробеници беа направени по нивното ослободување бидејќи Русија не дозволуваше пристап до местата каде што се чуваат украинските војници, се вели во соопштението.
Шефот на набљудувачката мисија, Матилда Богнер, изјави за новинарите во Женева дека огромното мнозинство од интервјуираните украински затвореници пријавило тортура и нехумано постапување.
Како примери таа ги наведе пуштањето кучиња на нив, електричните шокови и сексуалното насилство.
Таа рече дека третманот имал цел да ги заплаши и понижи.
Еден Украинец рекол дека неговите гениталии и носот му биле врзани со жица и дека биле употребени електрични шокови.
„Тие само се забавуваа и не беа заинтересирани за моите одговори на нивните прашања“, рече тој.
Русија, која почна воена инвазија врз Украина на 24 февруари, го негира малтретирањето на украинските војници.
Од друга страна, Богнер рече дека постојат веродостојни наводи за кратки егзекуции на руски затвореници.
Русите зборуваа и за лошите и понижувачки услови за транспорт. Тие изјавија дека ги превезувале голи во камиони со врзани раце зад грбот.
Тимот на ОН исто така документира случаи на таканаречени тепања за добредојде во центрите за притвор.
Киев претходно соопшти дека ги проверува сите информации во врска со третманот на затворениците и дека ќе ги истражи сите прекршувања и ќе преземе соодветни правни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени молотови коктели кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со молотов коктел, а нема информации за жртви, јавува Anadolu.
Инцидентот се случил околу осум часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат бројни странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два молотови коктели биле фрлени во дворот на конзулатот, но за среќа не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј, опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.