Свет
ОН: Повеќе од 700 милиони луѓе не знаат кога повторно ќе јадат
Глобалната криза со глад остави повеќе од 700 милиони луѓе несигурни кога или дали повторно ќе јадат, а побарувачката за храна незапирливо се зголемува како што пресушува хуманитарната помош, рече шефот на Агенцијата за храна при Обединетите нации.
Извршната директорка на Светската програма за храна (WFP), Синди Мекејн, на седницата на Советот за безбедност на ОН рече дека поради недостиг на финансии, Агенцијата била принудена да ги намали оброците на храна за милиони луѓе и дека тие сè уште се намалуваат.
„Сега живееме со серија симултани и долгорочни кризи, кои ќе продолжат да ги поттикнуваат глобалните хуманитарни потреби“, рече таа додавајќи: „Ова е новата реалност на хуманитарната заедница – нашата нова нормала – и ќе се справиме со последиците во наредните години“.
Синди Мекејн, сопруга на починатиот американски сенатор Џон Мекејн, рече дека се проценува оти речиси 47 милиони луѓе во над 50 земји се на само еден чекор од глад, а се проценува дека страдаат околу 45 милиони деца на возраст под пет години од акутна неисхранетост. Според процените на WFP, од 79 земји, во кои работи Агенцијата, со седиште во Рим, до 783 милиони луѓе – секој 10-ти од светската популација – сè уште легнуваат гладни секоја вечер, пренесуваат агенциите.
Повеќе од 345 милиони луѓе се соочуваат со високо ниво на несигурност во храната оваа година, што е зголемување за речиси 200 милиони луѓе од почетокот на 2021 година пред пандемијата на Ковид-19, се наведува во извештаите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија има сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.