Свет
Орбан: Конфликтот во Украина ќе заврши в година, две решенија се можни

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во 2025 година, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за весникот „Маѓар Немзет“.
„Војната ќе заврши во 2025 година. Ќе заврши или со мировен договор или со уништување на една од завојуваните страни“, рече шефот на владата.
Меѓу 27-те членки на ЕУ, Унгарија и Словачка отворено се залагаат за мировни преговори за Украина, а другите членки отворено се залагаат за продолжување на војната или не даваат јавна изјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучевиќ: Професорите кои не предавале, утре нема да го добијат првиот дел од февруарската плата

Милош Вучевиќ, премиерот на Србија во заминување, утрово изјави дека професорите и наставниците кои не предавале нема да ги добијат февруарските плати. Премиерот ја истакна и изјавата на претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, дека студентите треба да се вратат на универзитетите најдоцна до 17 март за да не се изгуби академската година.
„Се плашам дека е уште потешко за училиштата, не сум сигурен како е можно да се постигне тоа. Професорите и наставниците кои не држеле настава во училиштата утре нема да го добијат првиот дел од февруарската плата. Тој што не работи, нема да земе плата“, изјави утрово Вучевиќ за „Прва телевизија“.
Како што рече, „тоа апсолутно не е фер кон оние што работеле“.
„Оние кои работат и во минимален работен процес немаат проблем да добијат плата. Тоа е процес кој е правен и нешто што државата може да го препознае. Дозволивте нашите училишта да се затворат, а сепак велите дека се борите за подобра Србија. Конкретно, не може да се легализира тоа што лукаво го направија, родителите да одлучуваат во групите на Вибер дали ќе одат децата или не на училиште. Која безбедност е загрозена во училиштата? Каква врска има ова со паѓањето на настрешницата? Апсолутно никаква“, рече меѓу другото Вучевиќ.
Регион
Украле 202 парфеми во вредност од 17.640 евра: необична кражба во Загреб

Полицијата во Загреб пријавила 24-годишник, 20-годишник и 19-годишник кои се осомничени дека од средината на март 2024 година до 24 февруари годинава од парфимерии во поширокото подрачје на Загреб украле 202 парфеми во вредност од 17.640 евра.
Полицијата прецизираше дека тројката изминатава година посетувала парфимерии на повеќе места, каде во неколку наврати заедно, понекогаш во парови, а понекогаш сами, ги користеле приликите кога вработените биле зафатени и извршиле кражба 19 пати.
По завршувањето на кривичната истрага, 24-годишниот и 20-годишникот се предадени на надзорникот на притворот, а полицијата се уште трага по 19-годишникот. Сите тројца се пријавени во загребското општинско кривично државно обвинителство.
Свет
Ломбард: Франција мора да троши повеќе во одбраната

Франција мора да троши побрзо и повеќе за одбраната, но тоа да не влијае на основната социјална заштита или животниот стандард, изјави денеска францускиот министер за финансии Ерик Ломбард, повикувајќи ги европските земји да ја зајакнат одбраната.
„Мораме да одиме побрзо и посилно“, изјави Ломбард пренесе Ројтерс. Изјавата на Ломбард доаѓа во време кога Франција е под притисок да го намали својот дефицит.
Тој рече дека Франција ќе мора да вложи напори на друго место за правилно финансирање на зголемувањето на трошоците за одбрана, така што животниот стандард на земјата ќе остане во голема мера ист. „Мораме да го одржиме францускиот систем за социјално осигурување.
Тоа е апсолутно неопходно. Одговорот несомнено ќе биде да се најде начин да се искористи максимумот од напорите“, рече Ломбард.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија ќе предложи на земјите-членки да им се даде повеќе фискален простор за инвестиции во одбраната, пренесува Танјуг.