Свет
Орбан се најде на листата непријатели на слободата на печатот
Првпат Виктор Орбан, премиер на земја членка на ЕУ, се најде на списокот непријатели на слободата на печатот на организацијата „Репортери без граници“ (РСФ).
На списокот објавен денеска има 37 шефови на држави и влади, кои, според РСФ, значително ја поткопале слободата на печатот.
Нови на списокот, покрај унгарскиот премиер, се и претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, саудискиот принц Мохамед бин Салман и премиерот на Хонг Конг, Кери Лам. Во образложението РСФ наведува дека Орбан е непријател на слободата на печатот од доаѓањето на власт во 2010 година, тој ги користи методите на политички и економски махинации, уништување на угледот, како и принудување на автоцензура, со цел да ги контролира медиумите, се додава во извештајот.
Од доаѓањето на власт, според РСФ, Орбан ги ставил медиумите под контрола чекор по чекор, а јавниот сервис е централизиран во рамките на државниот медиумски холдинг МТВА. Регионалните медиуми се во целосна сопственост на пријателите на Орбан од 2017 година, а најважните независни медиуми се затворени.
На списокот непријатели на слободата на печатот на РСФ се и претседателот на Русија, Владимир Путин, како и претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, но и претседателот на Кина, Шји Џјинпинг.
„Додадовме нови имиња во сите региони на светот“, рече директорот на РСФ, Кристијан Мир. Тој рече дека методите за контрола на медиумите се различни, но тие служат за истата цел – да се спречи критичното известување по секоја цена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Горaт облакодери во Хонгконг, има загинати
Најмалку четири лица, меѓу кои и еден пожарникар, загинаа во катастрофален пожар што денеска зафати станбен комплекс во Хонгконг. Властите соопштија дека две лица се во критична состојба, а едно е стабилно, додека се стравува дека уште жители може да бидат заробени во запалените станови, пренесува Би-би-си.
Драматичните снимки од населбата Тај По прикажуваат густ чад и пламен што излегува од неколку кули во станбениот комплекс Ванг Фук Корт.
WATCH LIVE: Fire engulfs a residential building in Hong Kong’s northern Tai Po district https://t.co/rNs1F3CWl4
— CGTN Europe (@CGTNEurope) November 26, 2025
Свет
Италија и официјално го прогласи фемицидот за кривично дело казниво со доживотен затвор
Италијанскиот парламент одобри нов закон со кој и формално се воведува фемицидот во кривичниот законик на земјата казнувајќи го со доживотен затвор.
Гласањето се совпадна со Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, ден одреден од Генералното собрание на ОН.
Поддржан од конзервативната влада на премиерката Џорџија Мелони, законот реагира на низа убиства и друго насилство насочено кон жените во Италија. Исто така, вклучува построги мерки против родово базирани злосторства, како што се следење и порнографија за одмазда.
Случаите со висок профил, како што е убиството на студентката Џулија Чечетин во 2023 година, предизвикаа широко јавно негодување и дебата за причините за насилство врз жените во патријархалната култура на Италија.
„Го удвоивме финансирањето за центри против насилство и засолништа, промовиравме телефонска линија за итни случаи и имплементиравме иновативни активности за образование и подигање на свеста“, рече Мелони.
„Ова се конкретни чекори напред, но нема да застанеме тука. Мора да продолжиме да правиме многу повеќе, секој ден“,додаде таа.
Италијанската агенција за статистика „Истат“ регистрира 106 фемициди во 2024 година, од кои 62 се извршени од партнери или поранешни партнери.
фото: ЕПА
Регион
(Видео) Тепачка во Белград: опозицијата се судри со полицијата
Полицијата повторно ги блокира пратениците од опозицијата, кои се обидуваа да влезат во зградата на парламентот во Белград, па пред зградата избувна стампедо и физичка пресметка.
Пратениците од опозицијата се обидоа да поминат низ таканаречениот чациленд, шаторска населба пред влезот, повикувајќи се на вчерашното ветување на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ дека ќе им биде дозволено да го сторат тоа, објавува „Нова.рс“.
Ćacilend upravo pic.twitter.com/XyAbgYkNsn
— Stranka slobode i pravde (@SlobodaIPravda) November 26, 2025
Ескалацијата се случи кога претставниците на Националното движење на Србија, Ѓорѓе Станковиќ, и на Зелено-левичарскиот фронт, Богдан Радовановиќ, се обидоа да го отстранат шаторот поставен на самите скали пред парламентот по што беа нападнати од луѓе од протестниот камп и полицијата.
Ова е втор ден по ред како има инциденти на влезот во парламентот. Вчера, полицијата се судри со претставници на партијата Србија центар (Срце), предводена од Здравко Понош, кои исто така се обидоа да влезат на главниот влез преку т.н. чациленд.
View this post on Instagram
Токму по овој инцидент, пратениците од опозицијата, на средба со претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, побараа оградата околу шаторската населба да се помести за да имаат непречен пристап до своите работни места.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на прес-конференција изјави дека ќе има иницијатива во врска со шаторите. Иако не разјасни за што станува збор, неговата изјава сугерира дека кампот набргу би можел да биде отстранет.
фото: принтскрин Икс

