Свет
Орбан: Трета светска војна е реална опасност

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина е загрижувачка и опасна и дека не е претерување да се каже дека постои реална опасност од светска војна.
Орбан додаде дека „сè повеќе се носат одлуки за употреба на понови и посилни оружја“ и дека „Западот испраќа сè помодерна опрема во Украина“.
„Додека, од една страна, можеби звучи како претерување кога некои европски и американски лидери велат дека ако се продолжи вака, може да има трета светска војна, тоа е навистина реална опасност“, посочи Орбан.
Унгарскиот премиер додаде дека војната станува сè покрвава и брутална, но дека бројот на европските земји и лидери што го поддржуваат мирот не е зголемен.
„Во исто време луѓето во Европа почнаа повеќе да зборуваат за прекин на огнот, мировни преговори, но бројот на жртвите се зголемува“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави Скај њуз.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа, игнорирајќи ги прашањата од новинарите, пред да влезат внатре, објави Скај њуз.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени откако балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри во земјата“, соопштија властите на Фрисланд, додавајќи дека полицијата започнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри во земјата, предизвикувајќи корпата да отскокне, исфрлајќи пет лица од него.
Европа
(Видео) Силна експлозија во центарот на руски град, има повредени

Снимки од експлозиите во Ростов на Дон, град во јужна Русија, денес се шират на социјалните мрежи.
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) August 14, 2025
Според првичните извештаи, дел од покривот на станбена зграда наводно бил погоден од дрон, а експлозијата оштетила неколку балкони на горните катови.
❗️A powerful explosion was heard in the center of 🇷🇺Rostov pic.twitter.com/UAmLPjhCpC
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) August 14, 2025
Локалните медиуми објавија дека пет лица се повредени – тројца жители на зградата и двајца минувачи. Во градот на сила е тревога за воздушен напад.
фото: принтскрин