Свет
Ослободен пратеникот од опозицијата во Венецуела

Пратеникот од опозицијата во Венецуела, Едгар Замбрано, кој беше ослободен од притвор четири месеци по неговото апсење под обвинение за предавство, рече дека овој потег е резултат на јавниот притисок, а не во знак на добра волја на претседателот Николас Мадуро.
Врховниот суд му нареди на судот во Каракас веднаш да го ослободи Замбрано иако го остави случајот отворен, пренесува „Ројтерс“.
Тој ќе треба да се јавува пред судот на секои 30 дена и му е забрането излегување од земјата.
Венецуела се наоѓа во длабока политичка криза од јануари кога лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, повика на протести затоа што смета дека реизборот на Мадуро е нелегален.
Владата на Мадуро, која Гваидо ја нарече американска марионета, им го симна парламентарниот имунитет на многумина пратеници од опозицијата и нареди нивно апсење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Минхен откажани голем број летови поради штрајк на аеродромот

Дводневниот штрајк на работниците на аеродромот во Минхен, вториот по големина во Германија, доведе до откажување на голем број летови.
Аеродромскиот оператор соопшти дека авиокомпаниите откажале околу 80 отсто од летовите од тој аеродром и дека не исклучуваат дополнителни откажувања.
Синдикатот ver.di вчера свика „предупредувачки штрајк“ во обид да го зголеми притисокот врз тековните преговори со федералната влада и градските власти за платите и условите за работа на вработените во јавниот сектор, пишува агенцијата АП.
Штрајкот треба да заврши во петок на полноќ. Меѓу учесниците има и вработени во одделенијата за аеродромски услуги.
Вработените во јавниот сектор, исто така, ја прекинаа работата на разни други места и услужни индустрии во Германија. Ова вклучува некои вработени на аеродромот во Хамбург, иако аеродромот соопшти дека се откажани само летовите до и од Минхен, објави германската новинска агенција ДПА.
Европа
Зеленски е поканет на важен состанок на ЕУ за европската одбрана

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, го покани украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на вонреден самит на лидерите на ЕУ следната недела, кој ќе биде посветен на Украина и европската одбрана.
„Го поканив украинскиот претседател Зеленски во Брисел на состанок на Европскиот совет за да разговараме за најновите случувања со нас“, напиша Коста во писмото со покана до лидерите на земјите-членки на ЕУ.
Вонредниот самит што ќе се одржи за една недела ќе биде исклучиво посветен на Украина и зајакнувањето на европската одбрана.
„Во однос на европската одбрана, мојата цел е да ги продолжам дискусиите на нашиот неформален собир на 3-ти февруари со цел да ги донесеме првите краткорочни одлуки за да ја направиме Европа посуверена, способна и подобро опремена да се соочи со непосредните и идните предизвици за нејзината безбедност“, вели Коста.
Во однос на Украина, „постои нов моментум што треба да води кон сеопфатен, праведен и траен мир“.
„Европската унија и нејзините земји-членки се подготвени да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа.
„Затоа треба да бидеме подготвени за можен европски придонес кон безбедносните гаранции кои ќе бидат неопходни за да се обезбеди траен мир во Украина“, нагласи Коста.
Свет
(Видео) Трамп до министрите: Дали некој е незадоволен од Илон? Ако е, ќе го исфрлиме

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го одржа својот прв состанок на владата во вториот мандат. На состанокот, меѓу другите, присуствуваше и милијардерот и шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск, кој ги претстави плановите за намалување на федералниот дефицит.
За време на состанокот, Трамп ја истакна важноста од почитување на неговите упатства и, на смеа од позадина, рече дека ќе ги исфрли оние кои не се задоволни со Маск.
On day 39 of his presidency, Trump held his first cabinet meeting, sharing the spotlight Elon Musk, and threatened to throw anyone out who objected to his presence.
US correspondents @Stone_SkyNews and @jamesmatthewsky discuss the stand-out moments ⬇️
— Sky News (@SkyNews) February 27, 2025
Имено, Маск требаше да одговори на новинарско прашање кога Трамп го прекина и праша дали некој е незадоволен од него. „Еј Илон, нека разговараат министрите малку. Има ли некој незадоволен од Илон? Ако има, ќе го исфрлиме одовде“.