Свет
Откриен нов вид: Универзитет во Тексас тврди дека е отпорен дури и на антитела
Научниците од Универзитетот „А & М“ во Тексас тврдат дека откриле нов вид на коронавирус, а првото истражување сугерира дека тој е позаразен од претходно познатите видови, што предизвикува потешка клиничка слика и се чини дека е отпорен на антитела. Овој вид е именуван како БВ-1 според местото каде првпат е откриен, а тоа е долината Бразос.
Мутацијата е пронајдена за време на рутински скрининг на коронавирус во Тексас преку примерок од плунка кај еден млад студент кој имал лесни симптоми слични на настинка. Студентот бил позитивен на Ковид-19 на 5 март, и повторно позитивен на 25 март, покажувајќи дека новиот вид може да предизвика подолга инфекција кај помладите луѓе. Симптомите исчезнале до 2 април, а третиот тест на 9 април конечно бил негативен.
„Не знаеме многу за значењето на оваа варијанта во овој момент, но таа има комбинација на мутации слични на другите загрижувачки видови кои се досега пријавени“, рече главниот вирусолог од Тексас, Бен Њуман, додавајќи дека варијантата има комбинација на мутации слични на бразилскиот и јужноафриканскиот сој.
„Оваа варијанта комбинира генетски маркери одделно поврзани со брзото ширење, посериозна клиничка слика и висока отпорност на неутрализирачки антитела.
Експертите предупредуваат да се држи дистанца, да се носат маски и да се избегнуваат собири. Тие порачуваат дека усогласеноста со мерките и вакцинациите се единствениот начин да се спречи ширењето на епидемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

