Свет
Официјални резултати од изборите во Турција: Ердоган победи со разлика од два милиона гласа
Актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган освои 52,18 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во таа земја.
Ова официјално го соопшти државната изборна комисија. Разликата меѓу двајцата кандидати била повеќе од два милиона гласа.
Претседателот на изборната комисија, Ахмет Јенер, изјави дека на изборите гласале повеќе од 54 милиони Турци во земјата и странство.
Ердоган освои 27.834.574 глала, а Киличдароглу 25.475.724.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сомнителен пакет пред амбасадата на САД во Лондон, се слушнала експлозија, амбасадата е затворена
Амбасадата на САД во Лондон е затворена поради безбедносна тревога.
Полицијата и пожарникарите се снимени пред зградата на амбасадата.
„Свесни сме за шпекулациите на интернет за инцидент во близина на американската амбасада во Нин Елмс. Во областа се поставени кордони како мерка на претпазливост додека полицајците го истражуваат сомнителниот пакет“, се вели во соопштението на полицијата.
„Локалните власти истражуваат сомнителен пакет пред американската амбасада во Лондон“, изјави портпаролот на американската амбасада.
„Можеме да потврдиме дека „гласниот тресок“ што неодамна беше пријавен во оваа област е резултат на контролирана експлозија предизвикана од полициски службеници. Истрагите се уште се во тек, а кордоните засега ќе останат на место“, соопштија потоа од градската полиција.
We’re aware of speculation online about an incident in the vicinity of the US Embassy in Nine Elms.
Cordons are in place in the area as a precaution while officers investigate a suspect package.
We will provide a further update in due course.
— Metropolitan Police (@metpoliceuk) November 22, 2024
Свет
Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа
Американските разузнавачки претставници ги предупредија американските одбранбени компании да ги засилат мерките на претпазливост по неколку акти на саботажа во Европа за кои властите ја обвинуваат Русија.
Во јавниот билтен на Националниот центар за контраразузнавање и безбедносно советување, одбранбените компании, особено оние кои ја поддржуваат Украина во војната против Русија, добија совет да ја зајакнат својата одбрана пред ескалацијата на руската агресија против сојузниците на Украина, пишува Вашингтон Тајмс.
Руската саботажа во Европа го зголемува ризикот за американските компании во странство и потенцијално дома, напишаа властите во предупредувањето.
Свет
Амал Клуни е една од клучните луѓе во издавањето налог за Нетанјаху
Судиите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во четвртокот издадоа налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како и на неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант и воениот командант на Хамас. Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната меѓу Израел и Хамас.
Клучната личност зад издавањето на меѓународната потерница беше Амал Клуни, сопруга на познатиот актер Џорџ Клуни и адвокат за човекови права, која помогна да се донесе одлуката до главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд. Амал на оваа задача работи од јуни и беше ангажирана како специјален советник во истрагата на обвинителот на Меѓународниот суд.
Нејзиниот ангажман не помина најдобро кај водечките фигури во САД. Американскиот претседател Џо Бајден го прогласи барањето за „безобразно“ и навести дека ќе бидат преземени санкции против сите што учествувале во создавањето на оваа наредба. Поради ова, на Амал и се заканува кривично гонење и може да биде депортирана од земјата.
Нејзиниот сопруг Џорџ Клуни му порачал на Бајден преку високиот советник Стив Рикети дека Амал не се кае за своите постапки и дека нема намера да ја повлече својата наредба.