Европа
Очите на светот вперени кон Москва, се очекува говорот на Путин на парадата на Црвениот плоштад

Воената парада по повод 78-годишнината од победата над фашизмот традиционално ќе се одржи денеска на Црвениот плоштад во Москва, јавуваат светските медиуми.
Предвидено е претседателот Владимир Путин да зборува на почетокот на парадата. Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека на парадата во Москва ќе учествуваат повеќе од 10.000 војници и офицери, како и 125 единици со воена опрема.
На парадата, според најавите на медиумите во светот, ќе присуствуваат рускиот претседател Владимир Путин, како и лидерите на Белорусија, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан, Ерменија и на Казахстан.
Претходно, прес-секретарот на претседателот Дмитриј Песков изјави дека Путин како и секоја година ќе одржи говор и покрај неодамнешниот напад со беспилотни летала врз Кремљ.
Со парадата традиционално командува врховниот командант на Армијата, а домаќин на парадата е министерот за одбрана.
На плоштадот ќе продефилираат единици на вооружените сили на Руската Федерација, единиците на Националната гарда, Федералната служба за безбедност, Министерството за вонредни ситуации и други структури.
Познато е дека на парадата, како и пред една година, ќе присуствуваат единици вклучени во руската воена операција во Украина, пренесува „РИА новости“.
Претстојната 78-годишнина од победата во големата патриотска војна ќе се слави во сите руски региони, пренесе агенцијата ТАСС.
Рускиот претседател упати честитки по повод Денот на победата до лидерите на Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Абхазија, Јужна Осетија, народите на Грузија и на Молдавија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.