Европа
Оштетен фински гасовод, НАТО се вклучи во истрагата
Оштетувањето на подводниот гасовод и телекомуникацискиот кабел што ги поврзува Финска и Естонија под Балтичкото Море е резултат на „надворешна активност“, објави финската влада.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека НАТО ги споделува своите информации поврзани со штетите и дека е подготвен да застане со сојузниците. Финска влезе во НАТО во април оваа година, додека Естонија е членка од 2004 година.
„Веројатно оштетувањето на гасоводот и комуникацискиот кабел е резултат на надворешна активност. Причината за штетата се уште не е јасна, истрагата продолжува во соработка со Финска и Естонија“, изјави претседателот Саули Нинисто.
„Разговарав со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска. НАТО е подготвен да помогне во истрагата“, рече тој.
Гасоводот Балтички конектор, долг 77 километри, беше затворен рано во неделата поради загриженост дека тече гас. Финскиот оператор Гасгрид рече дека поправките може да траат со месеци или повеќе.
„Падот на притисокот во гасоводот беше доста брз, што покажува дека не се работи за мала пукнатина. Но, причината не е јасна“, изјави за Ројтерс, балтички службеник за енергетика, запознаен со ситуацијата, кој сакаше да остане анонимен.
Финските медиуми пишуваат дека постои сомневање дека Русија го извршила нападот и го оштетила гасоводот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.