Свет
Пакистанска авиокомпанија суспендира една третина од пилотите поради лажни дозволи
„Пакистан интернешнал ерлајнс“ ќе приземји една третина од вкупно 434 пилоти, поради сомневање за поседување „сомнителни“ пилотски дозволи, изјавил денеска портпаролот на компанијата.
Одлуката следи откако истрагата за падот на пакистанскиот авион минатиот месец, при што загинаа 97 луѓе, покажала дека пилотите не ги почитувале процедурите, а владиниот министер рекол дека аудиоснимката во кокпилотот наведува на тоа дека пилотите биле попречени од разговорот за коронавирус.
„Кажано ни е дека со истрагата, која ја спроведе управата за цивилно воздухопловство, откриено е дека околу 150 наши пилоти имаат сомнителни дозволи“, рекол портпаролот Абдула Х. Кан за „Ројтерс“.
Тој додал дека ќе се приземјат сите пилоти кои се опфатени со истрагата. ПИА во својата флота има 31 авион кои летаат на домашни и меѓународни рути.
Последната несреќа се случи минатиот месец, кога „ербас А320“ падна во јужниот дел на Карачи. Преживеаја само две лица.
Истрагата за квалификациите на пилотите, по падот на авионот во 2018 година, кога на дозволата на пилотот било откриено дека го направил тестирањето на датум кога бил празник и кога такви тестирања не се вршеле.
Друг пилот воопшто не бил во земјата на датумот кога му била издадена дозволата за лет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почнуваат преговорите за американскиот мировен план за завршување на војната во Украина
Високи претставници на САД и на Украина, како и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија денеска во Женева, Швајцарија ќе разговараат за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина.
Новоименуваниот специјален пратеник за промоција на мировниот план за завршување на војната во Украина, Даниел П. Дрискол веќе пристигна во Женева, а се очекува да пристигнат и специјалниот пратеник Стив Виткоф и државниот секретар Марко Рубио.
Во Женева ќе присуствува украинската делегација, предводена од шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак. Во Женева ќе присуствуваат и секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустен Умеров, началникот на Главната дирекција за разузнавање (ГУР) на Министерството за одбрана Кирил Буданов, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Гнатов и други високи претставници.
Трамп пред два дена изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски има рок до 27 ноември да го одобри планот од 28 точки. Но, Трамп вчера одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека неговиот мировен план за Украина не е конечен.
– Би сакале да склучиме мир, тоа требаше да се случи одамна. Војната во Украина со Русија никогаш не требаше да се случи. Да бев претседател, тоа никогаш немаше да се случи. Се обидуваме да ја завршиме. На еден или друг начин, мора да ја завршиме, наведе Трамп.“
Европските и другите западни лидери подготвуваат координиран одговор на мировниот план на Трамп.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера изјави дека планот на Трамп е добра основа за работа, но оти договорот зависи од европски држави и од НАТО.
Мировниот план за Украина на Трамп содржи 28 точки. Украина изрази загриженост бидејќи планот вклучува неколку клучни руски барања: Украина да се откаже од дел од својата територија, да ја намали својата армија и да се откаже од членството во НАТО. Русија би ги задржала Доњецк, Луганск и Крим, но би морала да се откаже од другите освоени територии.
Предвидено е Украина да добие западни безбедносни гаранции за да спречи понатамошни руски напади.
Планот, исто така, предвидува огромен глобален пакет мерки за да ѝ се помогне на Украина веднаш да почне со обнова на уништената земја, вклучително и формирање на Украински фонд за развој, кој би инвестирал во брзорастечките индустрии, технологијата, центрите за податоци и во вештачката интелигенција.
Претходно Зеленски, коментирајќи го мировниот план, предупреди дека Украина „или ќе го изгуби достоинството или ќе ризикува да изгуби голем партнер“.
Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека Москва го добила американскиот план и оти тој може да биде основа за мирно решавање на конфликтот.
Путин истакна дека Украина е против планот, но дека ниту Киев ниту европските сили не ја разбираат реалноста оти руските сили напредуваат во Украина и ќе продолжат доколку нема мир.
Лидерите на Нордиско-балтичката осумка (НБ8) вчера по разговорот со Зеленски објавија заедничко соопштение во се наведува дека „Русија сè уште не се обврзала на прекин на огнот или на какви било чекори што водат кон мир“.
НБ8 е регионален формат за соработка, кој ги вклучува Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка и Шведска.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.

