Свет
„Пандора документи“ разоткрија светски лидери, милијардери и познати ѕвезди кои криеле пари на офшор сметки
Милиони документи доставени до новинари откриваат како светските лидери, милијардери и познати личности ги користат даночните оази.
Меѓу нив се поранешниот британски премиер Тони Блер, украинскиот претседател Зеленски и пејачката Шакира, пишува „Дојче веле“.
Новинарската истрага наречена „Пандорa документи“ откри дека десетици сегашни и поранешни државници и моќни милијардери се поврзани со компании кои користат даночни раеви. Меѓу големите риби чии финансиски конструкции се откриени се поранешниот британски премиер Тони Блер, кралот на Јордан и кенискиот претседател Ухуру Кенијата.
Банкарските сметки на офшор локации често се користат за тајно преместување огромни суми пари и прикривање на вистинските средства.
Истражувањето на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) и 150 медиуми низ целиот свет – вклучително и редакцијата на ДВ на турски јазик – покажа дека 330 јавни службеници ширум светот се поврзани со офшор сметки.
Меѓу нив се министрите за финансии на Пакистан, Холандија и Бразил, како и поранешните министри за финансии на Малта и Франција – вклучувајќи го и поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс -Кан.
Истражувањето на ИЦИЈ покажува дека моќните политичари, кои би можеле на крајот да сокријат пари и да избегнат данок со користење на даночни раеви – всушност и самите профитираат од таков систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

